Многу убав град,општо Ат ми е преубава земја.Прашувам бидејќи мои блиски ќе се селат таму ама во Линц,мислев да не си во тој дел.
Вреди, особено кога цело семејство се собира и иселува. Јас не сум за тоа, ама кога ќе ги отвори човек очите и гледа што се случува, а не сме центат на светот...е па не е за останување.
Оваа држава нема создадено апсолутно никакви услови за еден млад човек да остане и да работи овде. Чисто за споредба, во конфликтот 2001, имаше илјадници пријавени доброволци за да си ја бранат земјата. Денес да има ист конфликт, нема шанси да се пријават ниту 50 доброволци. Никој веќе не е будала да гине за оваа држава, за некој после да се обогатува.
мислам дека моментот во кој е нашата држава е идеален за ЕВАКУАЦИЈА би рекла, не напуштање. ке ја покачеле платата за 2000 ден, а на политичарите за 78%, е како бе, како да не сакаш да се евакуираш од ваква ситуација?
Ми кажаа една случка од некое скопско основно училиште, каде што учителката го кара некое дете (9-10 години) и му вели како може сите оценки да му се супер а само македонски да има 1, и детево пред цел клас вели: "Што ќе ми е македонски кога секако ке се иселиме пд државава?".
Епа на денешно време најголемо достигнување е тоа. Да се иселиш. Не сум чула некој да каже лош збор за иселениците, сите викат алал да им е се снајдоа. А има и многу деца што од дома ги учат така, меѓу кои бев и јас, од мала само за еу пасош ми збореа и да си заминам од државата. Тоа е.
Предметот македонски јазик не е изучување на јазикот. Учиш за именки, глаголи, сврзници, да читаш, да пишуваш, итн. Нешто што го има во сите јазици, да знаеш за голема и мала буква. Да те описмени. Глупаво дете и уште поглупав одговор.
Јас на факултет имав еден колега од Кратово, и постојано ми велеше: "Јас штом успеав да излезам од Кратово, назад веќе не се враќам! МОРАМ да завршам факултет и да бегам од тука." Сега го немам видено преку 18 години, еднаш видов слики дека е во Германија.
Единствено што ми е жал е што знам какви таленти имаше оваа држава, само мојата генерација можеа комотно да ја водат државата, а замисли колку генерации има пред и после мене? Имав една школска која беше првак во пијано, сега ќе беше наследничка на Симон Тепчевски, но девојчето денес работи во Германската филхармонија. Мој другар, дипломец со просек 10.00 на машински денес работи како инженер во Форд во Келн. Примери колку сакаш. А ние денес ќе увезуваме работна сила пд Бангладеш. Мизерии.
па неслучајно се вели дека веќе 15 години назад во Македонија има одлив на мозоци. Кога за тоа нашироко се зборуваше, јас се смеев, ама еве во денешницата се гледа дека навистина е така. За жал, како што спомнаа во мислењето пред мене, има многу паметни Македонци, но не живеат во Македонија.
насекаде не има и тоа се се луѓе што не биле ценети тука, или пак негледале поента да се влечат по партии за нивниот квалитет да исплива на површина. Па секогаш кога ќе слушнам како некој успеал некаде надвор си помислувам, Боже колку паметни мозоци израсна и излегоа од оваа држава, ама најглупите останаа да ја водат. Тоа е таа трагедија македонска .