Така е. За џабе не рекле старите: Луѓето се ќе ти простат, ама успехот никогаш. Тоа е тој синдром на просто македонче.
Од аспект на некој кој се иселил можам да кажам дека секогаш има за и против. Искрено мене многу ми фали животот во Македонија, но едноставно кога си во средена држава работите се полесни. Образование, здравство, чист воздух, се основни човекови права кои овде ги имаш без проблем а во Мк беа луксуз. Да не ме сфатите погрешно, ние и таму имавме сосема солиден живот но едноставно кога треба врска или партија буквално за сѐ, е тогаш нешто не штима за жал.
Кога ќе си дојдеш тука и ќе видиш дека генерациите се смениле, животот се сменил, не познаваш никој и дека останале само спомените, сфаќаш дека повеќе не припаѓаш тука и дека таму ти е подобро.
Точно, сите ние се менуваме, растеме како личности и секако ќе биде различно. Но не знам ни овде дали некогаш комплетно ќе припаѓам; можеби таа носталгија ми ги идеализира и романтизира спомените.
Јас потполно те разбирам, бидејќи јас заминав во Швајцарија и се вратив. Не можев да се вклопам таму, бидејќи сум емоционален, носталгичен и не сум материјалист, се задоволувам со малку. Швајцарија е преубава, бајковита, ги прошетав Алпите, бев во Лихтенштајн, све убаво, ама ТОА НЕ Е МОЕ, таа земја е на некој друг, кој се родил и растел таму, чии родители исто се родиле и растеле таму, таму им се роднините и другарите. Моите спомени се во Охрид, во Преспа, Дојран, Кожуф, Шар Планина... и така.
Вака нешто приватно ќе прашам ако може. Со семејство беше или сам, и колку време живееше таму? И како се чувствуваш од кога се врати мислиш дека е правилна одлуката да се вратиш? Познавајќи се себе си јас веќе не знам за кај сум, што ми е вистинско чуство а што искривена перцепција
Од искуство ти кажувам дека што и да ти одговорам, нема да го доловиш моментот се додека не отидеш и лично да го доживееш тоа, само така ќе сфатиш што сум мислел. Јас отидов сам, таму живеев 8 месеци, и за мене беше и повеќе од доволно за да сфатам дека јас не сум за таму (можда би живеел во Нов Зеланд или Австралија, таму има Балканци и повеќе би се чувствувал како дома). Кога отидов во Швајцарија, налетав на потполно поразличен менталитет од нашиот (нешто што најмногу ми сметаше), ладни луѓе, никој со никого не разговара на улица, да паднеш на улица никој нежа да ти помогне, после 18ч низ помалите места е штама, живо човек нема освен полиција, маркети, продавници, молови, се е затворено (големите градови како Цирих, Базел, Луцерн, Сент Гален се отворени и живи 24ч, ама пак таму е поризично за живеење). Немаш блиски пријатели како овде, немаш слобода на движење како овде (во 3ч навечер сакам сендвич, излагам пеш и одам до сендвичара и купувам). Генерално она што мене најмногу ми недостигаше е тоа што јас сум планинар и ја сакам природата. Цвеќињата никаде не мирисаат толку убаво како овде дома, таму низ шумите не растат бобинки, диви малини и капини, печурки и сл. Таму сфатив дека нашата земја е рајска, потполно птиома, има се и сешто, расте се што е питомо во неа. Таму не е така. Таму Алпите се потполна сурова дивина, опасна по живот, чувствуваш дека живееш како поларна мечка. Кога има невреме мораш да си дома, оти големи се шансите да заглавиш со кола или на планина па да чекаш со саати да те одглават. Што знам, таму би успеал само некој од социјално ранлива категорија кој нема обезбедено станбено прашање, му требаат многу пари за да се среди овде. Јас потекнувам од една сресно скромна фамилија, имам дом, имам постара, но многу здрава кола која ме носи секаде кај што ќе посакам. Скромен сум во барањата од социјален аспект, и мене ми е совршено овде. Единствено што ми смета е системот во државата и корупцијата, и заради тоа би заминал некогаш во Нов Зеланд и повеќе никогаш не би се вратил овде.
Ај, за другово, ама дека Швајцарија нема убава природа??? Не верувам, не само што е прекрасна, но се е убаво, одржувано, чисто, средено, за разлика од кај нас, каде на убавото му се помочавме, простете ми на израз.
Никаде не реков дека Швајцарија нема убава природа, Швајцарија е прекрасна бајковита земја, просто нереална и единствена на планетава. Само секој кој што се сели од тука, различно ги доживува нештата во животот - некој се исполнува со материјални работи (заработуваш убава плата и лесно си дозволуваш брендирана облека, скапи патувања, скапи одмори во Дубаи, нов џип и сл). За разлика од тоа, мене тие работи не ми значат ништо, јас сум среќен и со постара кола, со Pull and bear и Bershka гардероба од Сити Мол, убаво ми е во Охрид, Преспа и Дојран, Грчките плажи ми се на 3 саати од дома. Грчките острови ми се на 5-6 саати возење. Само пак ќе кажам, системот, корупцијата и менталитетот на самоуништување се клучните работи кои ја уназадуваат државава.
Не значи ако живееш во Швајцарија под дифолт ќе носиш брендирана облека, и преку ноќ ќе се збогатиш. Си треба добро платена работа за тоа, претежно со факултет. Нашите факултети не се признаени таму, освен медицина и ИТ, обично се работат работи за минималец-просечна плата.
Така е. Ама и треба да имаш човек да те поттурне за да успееш. Генерално се потребни 5-6 години за да застанеш самостојно на нозе.
Е заради ова си отидовме ние, бидејќи тоа не знам дали некогаш може да се смени. И дали воопшто има воља да се смени
Јас само се тешам со фактот што полошо од ова не може да биде, а тоа ваљда го осеќаат и политичарите. Нема азијците да им работат за 300 евра на позиции кај што се бара говорење на течен македонски јазик. Не иде. Полека доаѓаме како западните земји, ако си нивен целосно интегриран државјанин, имаш шанси да работиш на повисоки функции за повисока плата.
Во помали места секогаш живее нивно автохтоно население а тие најчесто се богати. Затоа е средено. Немаш доселеници и не дозволуваат таму да се населиш. Таму куќи одат и до 2 милиони евра.
Откако ја посетив Норвешка го сменив мислењето, навистина се депресивни скандинавскиве.. Нов Зеланд или Канада би сакала.
Нешто повеќе за Норвешка и Норвежаните. Менталитет, можности за работа, бракови, добри и лоши страни?