1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    960 глас(а)
    88,4%
  2. Не

    126 глас(а)
    11,6%
  1. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Да,Мк е добро место за живеење но само ако си еден од ретките кои имаат доволно за да живеат удобен живот.А под тоа се подразбира,еден нормален човек со семејството да може да си дозволи достоен летен одмор еднаш годишно,да си дозволи добар пазар за дома на секои две-три недели итн.А колку проценти од нас во Македонија можат да си го дозволат ова?
    Секако дека вреди да се напушти државата во овие услови во какви што живееме денес.Факт е дека каде и да одиш секаде ќе бидеш странец и нема да бидеш дома,на свое тло,но барем ќе имаш загарантиран месечен приход и работа,каква-таква но без да бидеш потценет (зборам за тоа што би го работел).
    Подобро така,отколку да бидеш горд патриот и да работиш во конфекција за 6000 денари,а згора на тоа и да бидеш омаловажуван.Ги поддржувам сите што заминуваат од земјата во потрага по подобар живот.Па дури и тие што прават бугарски пасоши за да можат да заминат.Се работи за живот.
     
  2. jasic

    jasic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    ДА големо ДА. Да си бев паметна навремето сега немаше да седиме со мм во иста фирма и да немаме земено плата скоро четири месеци. Да вегетираме и да живееме од воздух. А се водам како директор-живи смешки.Да можам одма би си отишла од оваа никаква држава. А и со дете ужасно е. Вака само работи за тапшање по рамо.
    СИТЕ ШТО МОЖЕТЕ ДА СИ ИЗБЕГАТЕ, ИЗБЕГАЈТЕ!
    Не дека таму ќе биде бајно ама ако работиш и ќе ти се плати, а не за твои пари да молиш
    Ај доста се распишав :lol:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    И да и не. Не знам. На анкетата гласав за да иако мислењето ми е поделено.
    Има една проста причина, од кај да знам дека ако отидам негде ќе ми се посреќи.
    Нова средина, ново се, нов град ... големи промени, а јас сум човек што тешко се приспособува на толкави промени.
    Не барам луксуз, навикната сум на живот можеби и под нормалното ниво. Би била пресреќна да имам плата од некои 17- 18 000, и да можам да им пружам на децата се што им е потребно. Ваљда ќе работи и мажот.
    Мислам дека тешко би се одвоила и од блиските, иако би сакала и да одам во странство.
    Но можеби среќата ќе ми се насмевне и тука, а јас не сум таква лесно да се откажам.

    Воглавно, вреди, за кој може да ја напушти. Не знаеме што ни носи утре. Останува да видиме, а не сакам со сигурност да тврдам ништо.
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Душичке, со плата 17-18 000 волшебник да си, нема да можеш да им пружиш на децата се што им е потребно. Да не ти пресметувам колку пари одат месечно на струја, парно, ТВ, телефон и вода, потоа храна (колку пари се трошат, ќе помислиш дека секој ден јастози јадеш :P ), кога се бебиња пелени ова, она, кога се поголеми некои друди потребни работи... Во МК, како и во други сиромашни земји, платите се да платиш сметки и да се прехраниш... Кај нас 70% (не ретко и 1005) одат на овие работи, во развиените земји тоа е околу 40 % мислам... Ете ти ја разликата МК-странство.
     
    На oceangirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Lioness, со сета должна почит зашто изгледа си постара од мене, ама мајка ми зема помала плата од таа што ја спомнав, а татко ми се на се дали носи дома месечно по 7000, зависи. Со 25000 еве да ги речам, животот ни е совршен. Барем мене. А зошто па луѓето мислат дека во странство ќе земаме којзнае колкава плата ... и таму има луѓе без работа, и таму молат, и таму се третирани лошо. Не е баш се така розево, извади пасош и одиме во странство.
    Затоа и реков, не знаеме кај ни е среќата.
    Можеби и јас во странство ќе одам кој да знае.

    Едит: А тие што ги викаш ти, што одат за неколку месеци во странство да заработат, тоа е веќе сигурна работа од тука. Тоа е сосем океј. На брод или не знам кај се не одат.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    figgiMK дај кажи како да ги отселиме политичките ѓубриња. И јас ја сметам Македонија за убава земја, со сите нејзини убавини и планински кладенчиња, ама проблемот е дека како држава смрди!

    Ако работиш настрана како што викаш, што има да слушаш приказни во стилот на директор само што сапне преку граница. Значи убаво знаеш како се стигнува до поштена плата, до било која позиција, со старт од дното нагоре, особено ако си како мене со едно електро средно. Јас не верувам дека ни еден тука на такви преувеличувања им верува. Збориме за што е реално и поштено и во можностите на поштен човек, а не филмови правени во главата на некој, или пак на ТВ.

    Значи и во Македонија ти треба куќа/стан, било каков кров над глава, и таму и таму ќе го платиш. И во Македонија и во странство треба да јадеш. Се во животот си има цена и никој за ништо нема да ти даде нешто, зависи какви потреби имаш толку и ќе те чини, ама дали можеш да го заработиш е прашањето.

    Не се сите луѓе по светот толку лоши да не те сакаат кај нив. Ете мене комшиите во Македонија не ме сакале до нив па што? Секаде има некој на кого му сметаш. Гајле ми е мене за народот за каква ме мисли и таму и онаму, за мене ми е најбитно и ама баш никој не ми фали да ме тупка по рамо. И стварно не можам да ти пребројам колку граници сум поминала и никој не ме има третирано како предавник. Зашто се имаат закачено за тебе така да ти прават, не знам.

    Јас тоа што не го разбирам е, кога некој излегол од Македонија, ако му е толку тешко во странство, зашто ги убедува сите да си седат кај што се а не се врати :!:
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Државата да се напушти вреди.
    Печалба, кратко живеење, да собереш пари, се враќаш тука и оп-троп сторен господин.
    Не ги поддржувам тие преселби за долго време, селење од едно на друго место, како ластовици во есен.
    Си спечалил? -Во ред, секоја чест.
    Врати си се тука, Македонија каква и да е, колкицка и да е, ако ништо друго твоја е.
    Нешто што ме вади од такт, се така наречените господа што се враќаат од печалба па тука солат памет, и се распуштаат со пари, глумат малограѓанштина, спечалиле. Еј жити мајка, не знаевме ние, фала што не просветли, не го глеам тоа од кожната ципела со шпиц. |(

    Би можела да се замислам да живеам краток период во странство.
    Неколку години, да собрам пари, да се едуцирам, просветлам, прошетам и така натаму. Ќе видам што е живот, ќе осознаам повеќе.
    Лудило ќе ми претставува да се осеќам како вишок цело време, не гледање на тие скопски шеми (бог да чува) и носталгија кон јазикот, народот итн.
    Има тука приспособување, учење јазик, вклопување во општеството и така натаму.
    Но тоа е тоа, печалба е, зимаш парите, куферите и правец назад.

    А ако веќе треба да работам на плоштад во Виена и да продавам цедејќи, не благодарам.
    Можам и тука во пиљара.
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Е не знам баш за ова печалење за година, две, три, десет и враќање назад. Јас мислев никој не им верува на оние приказни со преувеличувања, дека можеш така лесно да се збогатиш набрзина.

    Ама за муабет еве де речеме штедила сум и тргнала сум настрана колку, десет, дваесет, триесет илјади? Се вратам во Македонија и ги трошам, без да се расфрлам, туку за стан, за јадење, сметки, нели за основни работи, да не вметнуваме кола и одмори, или таа кожена кондура со шпиц што и не може да се купи во Македонија(макар што тоа е само едноставно слика на профилот). Колку време ќе ми трае мене таа заштеда без работа? И што после? Епа не ми се баш повторно оди во конфекција и на тутун или во продавница, зашто јас од каде потекнувам тоа ми е на картите од опции. Целата поента за тој подобар живот е целиот пакет, работи и живеј, не станува збор за брзо богатење и доагање во Македонија за да видат сите каква сум јас накитена со злато или не знам што.

    Кои се моите опции тука, да се селам од моето мало село и ајде повторно куферите и овојпат правец Скопје, да барам нешто адекватно таму? А во Скопје а во странство, пак не ми е тоа моето „дома„ кај сум израснала, пак нови луѓе, пак нова средина, а дали ќе најдам работа доволно платена за да се издржувам е друго прашање. Ако размислам тука, подобро да се вратам во таа средина што веќе сум се приспособила веќе еднаш, со работа, куќа, пријатели и се по ред што си доаѓа со времето во еден живот, отколку на ново место да почнувам од почеток. Немам јас сила повторно тоа да го правам, па остарев за такви авантури веќе :lol:
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    не она мислеше на бизнизмените наши во странство да се вратат тука и да вложат, инаку тие што работат за плата во странство и да додјдат во Скопје прашање е дали ќе работат, градот е пренатрупан со луѓе од сите краишта на Македонија кои се борат за егзистенција, се е тука сконцентрирано и тоа што ќе го добиеш е за максимални 25 000 денари и знак прашање дали ќе стигнеш до нив, само надоле одат платите со исклучок на некои фирми кои работат супер, друго се е на работ.
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    imelda не знам како си сфатила, дали е ова затоа што си помислила дека на тебе се однесува мојот коментар, или пак затоа што не ти се допаднало. :) Не беше за тебе, јас ретко читам претходни коментари во теми.
    Примерот со ципелата е за македонската и не само македонската, сељачаана (најпросто кажано), односно како што реков оние кои мислат дека ако биле на печалба и виделе нешто надвор од границите на Македонија, се господа.
     
  11. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Верувајте, долго време живеев во Америка. Прекрасно е таму. Парите довагаат лесно и бргу, цивилизацијата е скроз поинаква од Македонската. Луѓето таму се со многу по напредни мислења. :)
     
  12. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    Ucam a nema da se vrabotam na fax e zapisan sekoj vtor i recisi pogolemiot del ke zavrsat za rok od edna ipol godina ne se gledam tuka sekoe leto rabotam u ch i si snabduvam so sredstva za obleka i skoluvanje i mi ostanuvaat za samo eden mesec rabota

    [mod-kirilica:2gqcfr6d][/mod-kirilica:2gqcfr6d]
     
  13. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Јас би заминала, ама зависи каде.. Има и полоши места за живеење од тука... Не велам сега дека тука е лошо, али па и не е најдобро... Али оваква слобода како кај нас никаде ја нема, али сиромашна држава сме.. Па затоа и би заминала некаде каде што ќе има подобри услови за живот :)
     
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Едно големо ДА !!!
     
  15. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Вреди! Од милион причини. Едвај чекам 18 8). Да завршам средно и планирам факултет во Америка или во Канада кај баба ми :)
     
  16. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам истата стратегија само што би сакала да студирам некаде во Европа.Животен сон ми е Лондон, а ако не може таму, би отишла во Париз, Мадрид... 8)
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    да, вреди и освен за кратки посети да ги видам моите најблиски не размислувам на друг наЧин да се вратам.
    морам да нагласам дека има разлика мегу оние сто одат во странство за да зивеат и оние сто одат на пократок период ( студии,пеЧалба).
    за тие сто се ресени да зивеат им следи тезок период на адаптација, не е само пасосот у рака и сите врати се отворени. има многу бирократски процедури за документи, осигурувања, барање стан, а без познавање на јазикот е скоро невозмозно работа да се најде. кога ке се дојде ке треба у скола за јазик да си се уписе и 1-2 години да инвестирате во изуЧување на јазикот на дрзавата во која престојувате( секако освен ако англискиот јазик е официјален јазик, тогас застедувате време и зивци). инфраструктурата, поврзаноста со јавен сообракај, друг ритам....се само дел од секојдневните ''ситници'' кои наново ке мора да се изуЧуваат. ако има кој да ви помогне на старт, да ви објасни или да иде со вас при прва посета на бирото за странци, при упис на сколо....тогас е многу полесно.
    ако успесно се помине овој период, сто би рекле масинеријата да не те сомеле...тогас дури вреди. мозе да се одлуЧите мегу полно работно време работа или скратено работно време и студии. не ве оЧЕкува директорска плата од старт,али доволно за нормален зивот, а покаЧувањата се секогас на 6-12 месеци. фризидерот и плакарот за алиста секогас ке бидат полни ке мозете да си дозволите секоја најнова техниЧка иновација, 2 пати у годината луксузен одмор.. за викенд до соседните земји да сетнете, и секако кога ке ве фати носталгија да фанете лет за накај македонија и посетите најблиските. нема да застедите бмв за неколку години( осввен ако сопругот или некој друг сто веке таму зивеел кај кого сто сте отисле не работел доволно долго за него па да си го купи :lol: ) али тоа е разликата мегу зивеење таму и пеЧалба, си приустувас секојдневно најразлиЧни мали задоволства а не не само да рмбас.
    и студентскиот зивот е многу подобар одколку во мак. студентските домови се супер ( барем тие јас сто ги имам видено) а паралелно мозе да се студира и работи. не останува многу но мозат да си приустат парЧиња облека, добра храна и за викенд тура до парис, барселона, амстердам за смесни цени. а кога ке дипломира лиЧна е одлуката длаи сака да остане и да бара работа( има 1 год. рок) или ке се врати назад
    а во однос на пеЧалба во западните земји ми делува теско и скоро невозмозно. на брод, авганистан...таму мозеби, немам искуство. мегутоа ако треба да плака стан, комуналии, храна..од таа не многу голема плата сто ке ја добие нема да му остане многу, и не верувам да вреди.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Според мене, да, вреди. Со задоволство би ја напуштила Македонијава. Не дека сакам. Животот е за никаде, стандарди на 0. Прва прилика и заминувам некаде. Без никакво двоумење :)
     
  19. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Вреди и тоа како да имам прилика одма би заминала и ич не се мислам
     
  20. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Не само што вреди туку јас и не видов друга опција.
    Веќе година дена не живеам во МКД и тука се осеќам ко дома.

    Убаво, смирено, без проблеми..