Во нашава држава убаво е тоа што живееме смирен живот но со оглед на материјалните средства ние сме најмизерната држава добро би било да се отвараат нови фабрики да се вработуваат луѓе кои ке печалаат за живот одколку да се градат порти,споменици триата глупостарии.Вреди да ја напуштитш!
А немојте да си замислувате дека во странство (сеа незнам што е странство, може да биде и Србија, а може и Азербејџан) ќе ве пречекаат со црвен килим. Имам роднини и знам дека живеат програмски, роботски живот. Ќе си бидете само мравка во мравјалникот, во машинеријата што ќе ви ги голта човечките вредноси. Ах Македонштино, ништо не правиме ако вака се откажуваме.
Не. Од кога знам за себе мрчам за државава, дека тука нема иднина, сакам да живеам во странство, си фантазирав дека гимназија ќе одам да учам во Англија кај роднините, или факултет во Австралија или Америка. Тие што не се согласуваа со мене, ми велеа ќе видиш што значи да си одделен од дома, и ќе сакаш да се вратиш сега се во Америка, Италија , а јас тука останав да студирам, значи се случи обратното. За среќа, имав шанса две лета да бидам во Америка и да видам дека таму не тече мед и млеко и не е како во филмовите, па сега и пари да ми одат јас таму не живеам. Луѓето како роботи, машини, само работат, само пари и ништо друго немаат. Се запознав со неколку македонци, кои ми викаа жал ми е за тебе, сега ќе мора да се вратиш назад во Македонија, никакви услови нема за студентите таму, нема работа . А тие на секои две недели се селеа од куќа на куќа под кирија, само купуваат ствари и се преселуваат. Јас можеби тие пари што ги заработив таму, тука многу вредат и успеав тука да си купам вредни работи и да имам за на факултет, а на нив не верувам дека им преостануваат за да имаат којзнае колку луксузен живот. Ќе одам таму, и што ќе ми е и кола, и куќа и најнов ајфон, кога ќе ги немам блиските околу себе ? И ќе немам време едно кафе да се напијам, кој живот го имаат таму децата од 11 години работат, а на 16 се селат од дома. Незнам, многу сум приврзана кон блиските и мене тука ми е добро, општината ми дава стипендија, фала богу за да платам студентски и за некој скромен живот имам, повеќе сега за сега не ми треба. На добар пат сум со факултетов, и има доста работа за мојата струка и не би сакала засекогаш да се отселам од државава. Ако ми се понуди шанса, можеби би отишла на неколку месеци да работам на некој проект или истражување, но во Европа. Многу сакам да ја прошетам Европа, да одам во различна држава секоја година на одмор, на нова година и на зимување, но тука ќе се враќам секогаш.
Секој политичар, кој е дал некакво ветување и не го исполнил во рамките на 1 година, нека тој да ја напушти земјата, нека на него му се одземе све, што му принадлежи, така како што прават тие со народот. Зошто ние да напуштаме родниот дом, зошто да напуштаме родителите, браќата, сестрите, другарите, сите најблиски, задето државата се управува од идиоти? Нека дојде на власт нај после и тука и во мојата родина Бугарија некој кој да избрка сите овие кучиња од парламента и да зачува и врати веќе избегалото младо поколение, кое со мака во срце бара среќата некаде другаде...
Пошо факт е дека најголемиот проблем овде е безработицата и сиромаштијата, а животот е релативно релаксиран и мирен заклучокот е следниот: Живот во странство - не, печалење - да
Мислам дека прашањето треба да е – дали вреди да се остане? При првата можна прилика што би ми се укажала идам со брзина на светлината и не се враќам. Едноставно сметам дека овде нема да имам живот каков што сакам, а и немам желба да го живеам животот од месец за месец со 18.000 плата. Секој млад човек треба да си ја испроба шансата надвор од нашата држава, некаде каде што гласачката кутија нема да биде пресудна за просперирање понатаму. Не дека низ светот се е гламурозно и сјајно, ама на многу места е подобро од овде. Не дека ќе биде совршено, ама барем ќе знам дека сум си осигурала себеси и на моето семејство безбеден и удобен живот. Сакам убава иднина, а истата нема да ја добијам преку патриотизмот и лупање у гради дека сум македонка и нема да си ја оставам татковинава. Психички и емотивно, никогаш нема да ја напуштам.
Вреди. Може кој сака и што сака да збори и да ме осудува. Но според мене вреди да се напушти државата, иако знам дека ни во странство не е сјајно. Само да ми се пружи шанса да заминам, не размислувам втор пат. Во Македонија очигледно нема место за „учени“ луѓе. Не се преценувам дека имам факултет, го имаат многу луѓе, но изреволтирана сум од тоа што знам какви имбецили плус неписмени работат, а јас и многумина кои ги знам си седиме дома. Дипломата дома до телевизор за украс ми стои. Работам т.е. одам по интервјуа . Легнувам и станувам со барање работа, со нервоза и со прашањата, имам ли и јас иднина-каква е? Работа со факултет нема, или треба искуство (за кое нормално е за да го имам да почнам од негде), или треба да имам вујко Владика т.е. дебели врски. За да бидам продавачка не ме сакат со факултет за да не им избегам (верувале или не така е). Заради сетоа тоа вреди да се напушти нашава држава, само ако ми се пружа шанса.
Да.Сакам да ја напуштам земјава што побрзо,но притоа да земам сосебе некои личности кои ми значат многу бидејќи без нив,се би ми било празно.
А во која смисла ти е поставено прашањето ? Дали вреди ЗАСЕКОГАШ да се напушшти нашата држава или дали вреди на кратко ( ко турист) да се напушти ?
со оглед на тоа дека има многу сиромашни семејства невработеноста ... јас би ја напуштила но нормално би се вратила сепак македонија е место каде што сум се родила тука ми поминало детството ...
Прашањето е поставено. А од тебе зависи како ќе одговориш. Засекогаш или како турист Некој од многу причини би ја напуштил засекогаш. А јас веќе 21 год од две причини ја напуштам од време на време. Каде и да заминете без многу вложен труд и среќа нема пари и подобар живот .
Во право си, животот во странство и не е толку лесен како што некои очекуваат. Едноставно мора да се привикниме на нови навики, нови закони, правила, многу да внимаваме бидејки не сме на наш терен, но доколку сме со саканата личност или некоја блиска личност која не поддржува, полесно ќе ги пребродиме сите тешкотии. Јас ја имам напуштено државата уште од 2006 година токму поради финансиски причини.
Не сум живеела во странство, никогаш. Сум ја напуштила државата на 7 дена најмногу. Дали вреди? По мое мислење Да! Зошто?? Овде јас не можам да одам во кино (нема во мојот град), театар. нема трговски центар, само 3-4 метарска чаршија Не можам да одам на фудбалски натпревар,концерти,музеи и сл. Јас не можам да патувам ..еднаш на 2 год ..5 дена одмор во соседна држава (знам и такви што никогаш не отишле никаде). Јас не можам да си купам нов автомобил, а што зборувам јас не можам да полагам за возачка! Овде нема квалитетно образование, нема работа, нема задоволство од животот. Не знам ни Ж од Живот! не можам да купувам скапа и брендирана облека, не можам да јадам по ресторани, не можам да си дозволам скапа козметика. Таму децата не смееле после 10 да излегуваат надвор, ако е така секоја им чест.Зарем 12,14 годишни да шетаат по кафичи до 3 пополноќ и да пијат текила, коњак..Ма немој! Имало голем криминал...кај нас нема. Пред два дена се случи пукање во мојот мал МИРЕН град. Како и да е имаат поубав живот, има што да се види, почувствува. Таму луѓето биле диви, не се дружеле, па што ми треба мене луѓе кои се дружат, а зад грб ми кројат злобни планови. Работа,труд се цени таму, а овде дури и оние кои вистински се добри,имаат широки познавања ќе потонат во сивилото на нашата држава. Сите имаат зготвени работни места од тато,мама, дедо. Зборуваат за невработеност а не знаат што е, иако поим немаат од тоа што го работат, ти се прават експерти...и ај сега не e разочарувачки!
Да вреди доколку овде гледаш дека немаш никава перспектива и дека си седиш дома со твојата диплома, залудно барајки работа, додека на власт се тие кои имаат врски и и пари се разбира. Има некои кои што мислат дека овдека би имале солиден живот, со плата од 300-400 евра. Ако за некого е тоа задоволувачки и смета дека му е доволно нека остане, зошто да не. Но лично јас би се обидела да ја напуштам државава и да си ја пробам среќата едноставно, некаде каде што има повисок стандард, ред и правила и поквалитетен живот. Се е тоа прашање на личен избор. Себеси сигурно неможам да се замислам да живеам во нашава земја. Вреди во секој случај според мене да се напушти државава, затоа што секој би сакал да заработи повеке, и да живее поквалитетно. Во Mакедонија со плата од 300 евра незнам што попрво би обезбедила.
Вреди. Секој се бори да преживее и да има убав живот а тоа овде не е можно. Јас на пример сакав да одам на интервју за работа во Бугарија во луксузен хотел за кој бев 10000 % сигурна дека ке влезам и моите од дома не ми дозволија, плашејки се дека можеби ке ми се случи нешто не дај боже. А работата е многу сигурна бидејки е преку факултетот. Минималната плата е 600 Евра и ако се работи добро можно е унапредување а со тоа и поголема плата. Смештај, храна се од нив обезбедено. Исто случај и за на брод. Мене не ми се останува овде ни 3 минути веке.
Гледам од овие што заминале во странство, ќе се жалат дека таму им е тешко и многу работат, ама да им речеш не се враќаат пак ваму Нема збор за стандардот и условите во странство. Знам луѓе кои таму живеат живот за кој овде само би сонувале. Е сега не тече ни мед и млеко, можеби навистина работат по две работи или по 12-13 часа дневно ама пак им се исплати. Овде и да работиш толку (ако воопшто имаш работа) ретко кој може да си дозволи таков квалитет на живот, годишни одмори, викенди, шопинзи. Сепак јас лично не сум со таква мисла дека само во странство е спасот. Не е и овде лошо ако се трудиш и се снајдеш. Зошто прво тука да не си ја пробам среќата? Па веќе ако стварно тука не ми оди и доколку имам прилика би си ја пробала среќата во странство.
Незнам колку е соодветна темава ама неможев друга да најдам.ЗНачи вака, мајка ми некаде слушнала дека американската амбасада во ск или нз како не сватив примала апликации за престој и работа во Нов Зеланд.Ако некој знае нешто подетално или линк од вакво нешто нека ми пише тука или лп сеедно . Благодарам Он топик - мислам дека во некои случаи вреди.Пред се ако некои мн поразвиени држави нудат подобар живот од нашиов- оти да не . Единствено нешто за кое би жалела се искрените пријатели, неколку роднини и секако топлата гостопримливост и љубезност на балканскиот народ која го нема западњачкиот народ и останатите