Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Зборував со постари на оваа тема.
    Реков дека не планирам деца ако немам можност финансиски.
    Дека можеби ќе имам само едно дете.
    Наидов на коментари дека сум била себична, сум мислела само за мој газ, само за јас да јадам и пијам колку што сакам, тоа дете ќе било само на светот (без браќа и сестри). :rofl::rofl:(highfive)(tumbleweed)
     
    На Bezimenka90, Luminary, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И да имаш дете е себично.
    Не раѓаш оти детето сакало, туку оти ти сакаш.

    Кажи им другиот пат.
     
    На CameliaMiller, jarec6, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    На факултет имавме предмет, професорката работела како социјален работник, баш со вакви случаи.
    Баш кажуваше како се "справуваат" со тој проблем. Ги собираат децата од време на време во комбе, така како ги наоѓаат или по пријава, на децата им било интересно да се дружат и да се возат. Им даваат нешто да каснат, пијат и на крај на денот ги враќаат.
    Да не е трагично, ќе беше комично.
    А за жеништана со бебиња во раце, им давале да мирисаат лепаци, алкохол, наркотици ретко зошто не се ефтини ама ако се најде мааалку може за да спие цело време.
    И не секогаш децата што просат со возрасен се во сродство. Во Шутка си ги изнајмуваат децата. На пример, имам дете, сакаш да просиш со него, ми даваш 300-500 ден, ти го давам јас денес.
    Абе грозоти.
    Тие кои вртат ваков муабет се уствари најсебични створења кои раѓаат деца само зошто "така треба".
     
    На Bezimenka90, Nausicaa, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Налетав на една статија во која една млада Русинка изјавила дека тие што се сиромашни не треба да раѓаат многу деца затоа што не живееме во камено време и има контрацепција. И погодете какви беа коментарите? Како децата биле дар од Бога, како секој заслужувал да биде родител и како таа и тие што ја поддржувале, меѓу кои и јас, биле за е***е... Кога ќе слушнам како се нарекува себичен некој што не сака да има деца, ми се повраќа. А тие многу деца биле дар од Бога. А што правиме со тоа што даровите од Бога се осудени на пропаст и немаат што да јадат? Тоа што немаат што да облечат?
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На Bezimenka90, Nausicaa, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Не, зошто да ги осудувам? Секој родител се труди за доброто на своите деца, а тоа подразбира дека се мачи да обезбеди средства за прехрана. Доколку им се пружи љубов на децата, може да преживеат и со леб и сирење. За жал денешницата функционира поинаку. Богатите им се исмејуваат на оние што немаат, наместо да им помогнат.
    Ги осудувам оние што ги користат децата за да заработат, било ги тераат да просат, да продаваат марамчиња или па ги раѓаат за да добијат парична помош од државата.
     
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Ти би раѓала дете за да го раснеш со леб и сирење? Или кога ќе ти каже, мамо сакам таблет, а ти едвај за леб и сирење имаш?:^)
     
    На Mencia, ElenaOfRivendell, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Има вистина во ова.
    Затоа понапред пишав дека државата треба да помага, даноци од богатите, да обезбедуваат услови за сиромасите. Впрочем, тоа и значи социјална држава, за која тврдиме дека сме, па дури и во Уставот ни стои.

    Ама тука на никој-за ништо не му е гајле.
    Бетер од САД сме, а тие се трул капитализам.
     
    На mode-kristina и poi им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Машки
    Зошто раѓаат деца ако немаш пари да ги прехрани и развиеш во потенцијално добри личности?

    Ако се нема пари финансиска стабилност, само нервози и болести ќе имаш, па да не речам и насилство во семејството.
     
    На Angie1432, S.W.A.G, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ама тие што се во таква околина растени, не знаат поинаку.
    Стојам зад тоа дека државата треба повеќе да се грижи за социал-економските проблеми кај населението.

    Само стратегии, на стратегии, на стратегии прават, и пак, и пак, ситуацијата на терен е иста.
     
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Машки

    Јас имам живеено во такви услови, а имаа одредени периоди и високи плати и на убави функции, да не должам, че си расипам и расположение на ваков убав ден. :D
     
    На mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  11. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Да, би раѓала. Ќе му пружам неизмерма љубов, а тоа е најважно. Ќе го научам дека има многу поважни вредности од парите. Ќе го научам да игра со топка, а не со скапи играчки. Таблетот само им штети на децата. Уште од најрана возраст се зрачат со таблети. Ќе има облека, макар и искината. Ќе има кров над глава. Ќе расте во среќно семејство опкружено со љубов. Ќе се радува на малите нешта. Што треба повеќе? Порано кога немале таблети зар не преживувале? И што ако тие распрдените имаат таблет, зарем знаат како да се служат со паметот? Извини мила, ама имаш целосно грешно сфаќање за светот. Таблетите не пружат љубов, ниту среќа.
     
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Кај кажав дека таблетите пружат среќа? Туку, дали тебе ќе ти е сеедно, кога твоето дете ќе нема телефон, меѓу другарчињата во школо? Ќе се чуствува отфрлено. И не, не се преживува само од љубов. Реалноста е многу посурова од детето да може да живее само од љубов.
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На Bezimenka90, Nausicaa, ElenaOfRivendell и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Извини, ама теблет и телефон не ги рачунам како предуслов за имање деца.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Ниту јас. Ама љубовта нема да го нарани детето, кога ќе си легне гладно пред кревет. Членката кажа дека сирење и леб било доволно. За здрава и правилна исхрана на едно дете, не!
     
    На Mencia, Bezimenka90, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Јас сум растена со леб и сирење.
    Комад леб, парче сирење и домат или пиперка од дворот скинати.
     
  16. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Секој ден, тоа јадеше?:)
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.780
    Допаѓања:
    169.548
    Пол:
    Женски
    Не дека не нема растени на леб и сирење. Само сега треба да се сетиме како било и да донесиме одлука за доброто на детето. Од љубов само не се живеј. Ни леб и сирење не е балансиран оброк. Тое.
     
    На Bezimenka90, Nausicaa, ElenaOfRivendell и 7 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Таблет/компјутер + интернет е потребен за на училиште. Еве сега како што е ваква ситуацијата следат од дома настава. Или и да одат на училиште, пак дома ќе имаат потреба за учење, пишување домашни. Ако порано беше луксуз да се има лаптоп или обичен компјутер, сега е потреба.
    Леб и сирење секој ден, по три пати во денот ли ќе му даваш? Со таква исхрана не очекувај имунитет да има. Кога ќе се разболи пари за лекови од каде, ќе просиш ли? Или со бабини лекови ќе го лечиш?
    А кога е бебе ако немаш млеко за да го доиш, пари за АД млеко ќе имаш ли? Кога ќе треба дохрана овошје, зеленчук да му даваш кашички ќе имаш ли пари? Пари за пелени ќе имаш ли? Пари за бебешка козметика? Или не е потребно тоа?
    Облека дур е бебе брзо ќе ја надраснува ќе позајмуваш ли? Велиш ќе има облека, макар искината. Значи поважно ти е да имаш дете, макар тоа одело искинато ко некое циганче. Мислиш тоа нема да му влијае на самодовербата? Добро свесно ли би му ја уништила психата на тоа дете уште од најмали нозе? Зашто твојата љубов нема да биде доволна. Има многу сурови луѓе кои ќе го исмејуваат, тоа е психичко малтретирање. Кое може да се претвори и во физичко насилство од некои невоспитани деца. Нема да бидеш секогаш до него за да го заштитиш. Живот во сиромаштија не е живот.
     
    На minne992, Bezimenka90, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  19. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Може да следи настава и од телефон, а ако нема услови наставниците се должни да им држат час на училиште или макар да им испраќаат печатени материјали. Познавам вакви случаи што одеа на училиште 2-3 дена во неделата и добиваа печатени материјали.
    Ќе работам, ќе се трудам за здравјето и среќата на моето дете. Ако работам, ќе имам и облека да му купам. А инаку ако не сте слушнале, леб и сирење не се мисли во буквална смисла леб и сирење, туку едноставно (поефтино) јадење. Ако немам пари да му купам пиперки и домати, ќе го спотнам газот и ќе одгледам сама.

    Се' се може ако се сака, не мора само причини да барате. Јас си останувам на мојот став.
     
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Колку деца се чувствуваа дискриминирано кога кажуваа на почетокот на учебната година дека децата кои немаат услови да следат онлајн настава, ќе следат часови со физичко присуство?

    Тука пак се занемаруваат чувствата на децата, по цена родителите да си направат племе, за во иднина ако некој од постарите се разболи да има кој да ги
    чува, да им готви, да ги пере.

    Не секогаш твоето жртвување ќе биде доволно. Излегувања за викенди, пари за облека, родендени, дошле гости да ставиш нешто на маса, храна и сметки за дома, екскурзии преку училиште, факултет..
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.