Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Ќе му даваш пиперки и патлиџани летото (што ќе ги одгледаш), а зимото?
     
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Осудување е тежок збор но не ми е јасно некој да створи 5 деца а да нема услови да ги прехрани и воспита. Со самото тоа уште во старт имаат уништено 5 животи и автоматски ги осудиле на просење по семафори и дискутабилна иднина за тие деца што не го заслужиле у никој случај.
     
    На cresa-jagoda, ElenaOfRivendell, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не.
    Повеќето од деновите еурокрем и паштети јадев.
    А што прави државата во врска со тоа?
    Ем задолжжително основно и средно, ем онлајн, ем ако не можеш: Твој проблем.
    Кај на мајчина им?
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Од љубов не се живее.
     
    На cresa-jagoda, ElenaOfRivendell, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Добро, зошто ме игнорирате?
    Нели треба државата да обезбедува услови за социјални случаи?
    Нели треба да ги (до)квалификува и тие да бидат први на листи за вработување?
    А не сите само со врски се пикаат кај шо треба и не треба.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Никој не те игнорира. Ама не сфаќам шо ќе сменам јас, шо на форум ќе пишам дека државата треба да им помогне на ваквите случаеви.

    На нив најлесно им е да кажат: основното и средното образование се бесплатни, децата треба да посетуваат настава. Натаму? И не, социјалните служби не си ја вршат работата. Ама кога има се партиски примани, каде што најбитно им е да помине работното време и да пинат кафенце. Многу трули работи има во државата.
     
    На mode-kristina и tinka-mace им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.500
    Како бре државата? На кој листи да бидат први за вработување? На државно? Програмери да бидат во приватна фирма?
    Тебе државата ти обезбедува?
    На темата: не осудувам, не е криминал да имаш деца. Но ако некој створи 7 или 10 а нема пари ни за 3, повеќе патат децата ако немаат основни работи , отколку родителите. За 7 деца ако немаш пари, 90% немаш ни време за нив, па се прилично препуштени на сами себе, постари браќа сестри или околина.
    Жал ми е пред се. Па и малтретирани ако се, ексик..
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На Bezimenka90, Celltica, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Едноставно не ги разбирам тие луѓе за мене се себични кој мислат само за онаа работа. Ќе ми се нафрлите знам ама ќе пишам за што мислам... Прво греота е за тие деца ниедно дете не заслужува таков живот, кога од сам почеток буквално немаш никакви услови ти раѓаш по неколку деца не зборам на пример има случаеви кога се случува некаква непогода во семејството пр. умира едниот родител или тешко се разболува, куќата ја губат во пожар, едниот родител заминува па останува само еден да се грижи предходно имале нормален живот ама ете се случило несреќа и остануваат без ништо. Никој во животот не знае што го чека, ама оние кој од сам старт немаат што би рекле старите вода во очи праат по 10 деца дури и после оф леле. Па колку и да не се едуцирани едноставно до толку гледаат дека на тие деца неможат ни еден оброк да им дадат не за повеќе. Зарем не им е жал детето да им каже дека е гладно, а тие немаат ни парче леб да му дадат во државава луѓе двајца вработени со едно дете па едвај крај со крај сврзуваат не па вака. Имаше за една самохрана мајка со 4 или 5 деца беше што и направија куќа, едно дете и има починато од неухранетост и од лошите услови во кое живеело, таа има сега двомесечно бебе родено ( пред да ја направат куќата) во истите услови и сеуште е самохрана.... значи неодговорност. И мајка ми беше самохрана и она па и јас кога потпораснав видов и осетив колку е тешко, иако мајка ми работела тогаш државна работа и земала добра плата ама немала своја куќа, живеевме под кирија имам сменето 4 основни школи. И мајка ми можеше уште некое дете да родела па после на телевизија ќе кукала оф немам за децата. Пре би абортирала ќе ме боли ама повеќе ќе ме боли детето да ми каже дека е гладно или му е ладно, а јас немам да му обезбедам пристоен живот.
     
    На GrimTheReaper, S.W.A.G, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Да бидат први на листата на вработување? :^)
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Никој не планира да биде без пари, кој сака да биде сиромав....но секому може да му се случи.
    Повеќе го осудувам општеството кое нив ги ограничува, не им нуди услови за живот согласно нивните желби кои и не се нешто недостижно, ете деца сакале да одгледуваат...
     
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Согласно нивните желби :wasntme:
    Па сите ние имаме некакви желби ама треба да бидеме реални најпрво и со трезвена глава да размислуваме. Може да сакаме еден куп деца, ама ако во моментот немаме услови ниту на едно дете да му обезбедиме пристоен и нормален живот, џабе ни е желбата. А и чим стасале за да прават деца треба да ги знаат последиците и своите финансиски и социјални можности. А не направи 10 деца па после кукај државата и општеството не чинеле. Јес дека не чинат ама за правење и раѓање деца се одговорни само и само родителите, не државата или комшиите.
    Уште што нема да прочитам. (facepalm)
     
    На AngIv, GrimTheReaper, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Па ако имаш желби кои не можеш да ги реализираш, продолжи да го браниш системот кој те ограничува, што да ти се каже друго тебе.
     
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Секако дека никој не планира без пари да остане пишав погоре се може да се случи. Овде се дискутира за тие кој од сам старт немаат ни кров над глава, а имаат по неколку деца. Државата не ти вика напрај 10 деца ние ќе ги чуваме, мислам нигде нема така. И јас може сакам да имам 5 деца ама нема зошто не можам да си дозволам на сите да им пружам исто. Не дека тие не треба да имаат деца ама да направиш 10 деца, а немаш вода во очи народски кажано е неодговорност.
     
    На GrimTheReaper, Bezimenka90, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Не цитирав никого, што значи на никого не му противречев тука.
    И да е неодговорност, нивна е. Што има јас да ги осудувам, не сум му во кожа на секој од нив посебно да знам што ги снашло во животот.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    :D
    Девојче, на темава се дискутира за родители кои по своја волја прават и раѓаат многу деца а свесни се дека немаат услови. Не за желби и амбиции за факултет, подобро работно место или слично па да ја обвинуваш државата дека не била просперитетна или не знам што. Децата се голема обврска и не може да живеат само со љубов. Да, потребно е љубов и хармонија во семејството ама на празен стомак ли? Во стара колиба мувлосана па децата да дишат мувла и да добијат еден куп респираторни белодробни заболувања? Па после со кои пари тие деца ќе се лечат по доктори?
    Што, во ред да не е децана по семафори што се влечкаат и пикаат пред тркало? На родителите им е полесно да седат пред семафор отколку да земат да работат некоја работа. И сега јас и ти ли сме им криви? Оти нели ние сме општеството. :?:
    Државата крива бе, оти направиле многу деца. :wasntme: :D Виц на денот. :D
     
    На AngIv, GrimTheReaper, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Е како да не. Тие да се размножуваат до миле воље, а државата да им обезбедува работа. Бидејќи другиве што внимаваат и користат заштита ненормални се. Решението е одземање деца, па нека плачат после на вести кога државата ќе им го одземе ,,најголемото богатство". Едноставно, не треба да имаш право да имаш дете во импровизирана колиба. Или научи да не правиш деца, или раѓај ама знај дека нема да можеш да го користиш како извор на приходи.

    Звучи сурово, ама попрво нека страдаат родителите отколку децата што од старт се осудени на пропаст во животот. А муабетите за љубов и исполнетост се наивни и игнорантни. Ставете се на место на такво дете што нема никаква потпора во животот и знае дека на никои од убавите работи што ги гледа отстрана не може да се надева. Ниеден копнеж не може да му се исполни. Па баш ова е себично, да донесеш личност да светов и да ја затвориш во кафез додека ги гледа сите други како си купуваат работи, одат на патувања и го искусуваат светот. При самата помисла што постојат такви деца ми се крши срцето. Ни трошка емпатија немам за луѓе што раѓаат во такви ситуации, особено па ако се најдат да продаваат морал на други.
     
    На GrimTheReaper, Bezimenka90, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Сигурно се сеќавате на Ристе и Радица со 5 деца што се. Ристе не му се работи женава не може заради децата. Ристе работеше во Систина редовна плата имаше ама го мрзеше па на работа идел кога сака, колегите од жал за децата го покривале ама овој претерал... ги знам лично, а и знам многу вработени од таму што ми потврдија. Плус човеков и тие пари кој ќе ги заработи ги троши по кладилници и апарати. Видовте повеќето во какви услови живеат зарем самиот не е свесен и не му е жал за сопствените деца? Туку научени се лежу лебу да те јадам и да кукаат.
     
    На cresa-jagoda, christinnn, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Глупости тропаш, неповрзано со она јас што го пишувам. Системов креира се поголема сиромаштија, капираш? Има луѓе кои живеат сами и пак дишат мувла.Што ми мешаш нешто љубови, хармонии, кое не сум го ни спомнала. Ајт терај. Не сакам да дискутирам со некои кои во 21. век сметаат дека не секој заслужува достоинствени услови за живот. Развиените земји се стремат кон универзален доход, патем.
     
  19. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Кај кажавме дека некој не заслужува достоинствени услови за живот? Ама самите родители на децата, не сакаат да работат и кукаат како се нема пари. Ем не сакаат да работат, ем на децата им нудат никаков живот. Они немаат емпатија, не јас!
     
    На Mencia, GrimTheReaper, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20210301-195421_Chrome.jpg