Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Не ги осудувам, некако претежок збор е ова, но мислам дека пред да се има дете/деца треба да се мисли на финансиите и за ова треба повеќе да се зборува јавно.
    Тоа е исто ко ја со дм сега дете да имаме, а скршена пара, ни работа немаме. Можеби карикирам во иднина би се оправиле финансиски, но за основни потреби бебешки не би имале, па што живот сум му пружила тука на детето што ќе го донесам, за пелени и кашички да плаче. Не е туку така тоа. Децата си имаат големи финансиски потреби, не знам како луѓето не мислат на тоа.

    И вистина често многу деца се во семејството тие што вака еве бараат помош финансиска. Дали е сексуална неписменост во прашање или повеќето раѓаат деца за тоа што државата нели како даваше помош ако се повеќе деца не знам, но искрено чудно ми е, себичност е тоа, да осудиш и друг млад живот во немаштија да расте, па и повеќе деца.... Може за некој и ја сум себична што мислам вака ама ако немам пари, ни услови како што треба, не би раѓала дете и стојам на тоа.

    Ме израснаа моите во добри финансиски услови и не сум осетила лично како е да немаш, благодарна сум на моите за тоа секако. Но, мајка ми била од посиромашно семејство кај што биле 3 деца и едвај крај со крај сврзувале и од нејзини кажувања и поука што си ја извлекла од детство дека не е само до љубовта, за деца мора и финансиски услови, ми раскажувала за нејзиното детство и како им било, па стојам на тоа дека мора поголема сексуална едукација на луѓето, пред се, за да се избегнат непосакувани бремености особено кај луѓе што немаат услови за дете, а потоа и да прекинат со пропагандите за повеќе деца да се раѓале зошто многу знам 4 деца што имаат за некој надоместок што им го даваа на времето, но тоа е само ситна пара што ја даваат, а не се малку 4 души за ранење и чување. Не е само да се пропагира повеќе деца да се раѓаат, треба да се мисли во какви услови тие деца ќе живеат и растат.

    Али да, реално тешка тема е и кај нас за жал многу фамилии во вакви ситуации има. :|
     
    На BlackMistery, Dentina, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Никаде не реков дека јас сум едуцирана.
    Не зборував за мене, туку за општата ситуација во земјата.
    Факт е дека од повозрасните генерации повеќето се за денешно време - неписмени - што подразбира непознавање на англиски јазик и непознавање на работа со компјутери.

    Не го измислив јас тоа како потреба, светска пракса е.

    И не измислив јас што значи поимот социјална држава, за каква се кажува Македонија и во Устав го има стаено. Нека го избришат.
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.448
    Пол:
    Женски
    Ауу извини ама многу не си во право.
    Ова е, како да кажам, бајка што се идеализира и провлекува низ сите генерации.Како утеха.
    Парите носат среќа, да.Размисли, ти треба храна за дете, со што ќе ја купиш?Со пари.На детето му треба доктор, ама и лекови, со што ќе наплатиш?Со љубов?Му требаат соодветни помагала за во школо, му треба своја соба каде што ќе може да учи на мир, ако немаш обезбедено каде ќе го сместиш?
    Таму каде што нема средства автоматски има грижи, каде што има грижи автоматски има стрес и кавги, каде што го има тоа автоматски и нема некоја голема хармонија.Каде што нема хармонија и љубовта избледува.А на детето што му треба?Безгрижно детство или детство исполнето со таков црн облак кој ќе му виси постојано над глава?

    За темата, секако дека не ги осудувам луѓето кои од било која причина останале без финансии а имаат деца, што е нормално, се случуваат апсолутно непредвидливи работи и навистина имам максимално разбирање.

    Амаа од друга страна имаме луѓе кои тргнуваат со многу малку финансии и одлучуваат не да имаат 1-2 деца, туку 3, 4, 5?Зошто?За да ги пуштат да питачат?Да, нив ги осудувам искрено.Затоа што носат на свет деца на кои однапред свесно им одредуваат лош почеток на животот.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.448
    Пол:
    Женски
    Како, со сила да ги образува и да ги едуцира?
    Во основно и средно јас колку што знам секој може да оди, бесплатно е и задолжително, исто можеш да одиш и стручно, значи не е до државата туку до тоа кој како е израснат дали ќе учи или не.
    Имаш решение за секој проблем, ама не се поклопува со тоа како е во реалноста.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Задолжително е за новите генерации, не за постарите.
    Ретроградно не важи.

    Едно што и тековните кои не поетуваат школо што не ги санира државата, не им обезбедува услови итн, друго што останатите кои се со основно (или помалку), што не ги интегрира со дополнително образование.
    Може да е донесе закон и постарите да доучат.
    Ама ако е задолжително, ќе треба и за тоа да плаќа самата држава, а не им паше на ни една власт, оти така од провизиите ќе треба да си кратат.

    Да не зборам, оти се нервирам.
    И така..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    јас сакам женско ама ете двете машки ми се погодија. Ама не би веќе да раѓам. Значи не трето по ред ами таа со 12 навистина не можам да разберам.
     
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Додека детето стигне да оди во школо, можат многу работи да се сменат. За 5 години може и двајцата родители без работа да останат и без скршен денар, и тогаш ли ќе се мета на осуда? Исто како што некои родители на почетокот немале ништо но со тек на време заработиле за да имаат нормален живот за себе и децата.
    Секако не мислам на тие екстремните случаи со по 7 деца, а родителите пари немале и не планираат да прават никогаш туку чекаат од други. Тоа е за осуда.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Секако сека не е за осуда, сите сме свесни и многу од нас верувам дека и доживеале такви падови. Но тоа не се случува толку екстремно и често, на пример да немаш пари лек да купиш или ад млеко или пелени или да немаш за некоја нормална исхрана за детето.
    Ама не е исто да родам дете, а свесна сум дека не можам да му пружам многу, сеоак нели од љубов не се живее да гледам бајковто на животот, а да не зборам за повеќе деца кога ги редат. Или да родам дете кога сум финансиски стабилна и обезбедена.
    Обично луѓето кои се фин.стабилни имаат по едно- две деца, за да можат да им овозможат на децата она што им треба, а да не се доведат до некоја екстремна ситуација.
    А оние кои немаат услови ги редат како зајчиња.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Да во право си, но страници наназад се објаснува како на децата им требале таблети, телефони, не знам ти какви работи. А никој на светов не може да знае што ќе биде додека дојде време да се купат тие "поголеми" работи. Заради тоа пишав.
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Времињата и потребите на децата се менуваат.
    На нас кога растевме телефон ни беше луксуз, а на децава им е потреба. Или таблет ајде.
    Пред се за училиште, средно, факултет...
    Н е дека е луксуз, потреба е.
    Е сега бркање мода и купување најнови телефони е до можноста на родителите, но не е најбитно.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.967
    Аман веќе со тој потребен таблет. Ако е предуслов за дете, нека им го поклонат на свадба директ.|(

    Од толку потребни работи, за таблетот затрокиравте 10 страни.
    Моето дете има таблет. И лаптоп, и мобилен на располагање. Знаете кога е најсреќна? Кога си игра надвор со другарчињата.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Па тоа се врти како тема на муабет.
    На кој му смета има 1000 други теми, слободно Биле прошетај по нив.
    Не е работата среќа, туку потреба.
    Детето е најсреќно кога јаде чоколадо, а тоа не значи дека ќе го храниме секој оброк со него.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.967
    Дете има потреба од топол дом и оброк. Не знам каква потреба задоволува фамозниот таблет.
    Луѓе и со 2 деца и со 12, може за дом и оброк да бидат страдни, немам досега видено некој да апелира дека таблет му фали во животот на децата. И да не го заборавиме најважното- здравје. Ако те фати ампата со здравство, дали како родител или за дете, бааѓи повеќе пари се потребни, отколку за еден таблет. Ама ај ќе го игнорираме слонот.
    Инаку темава е за осуда на луѓе што немале пари да прехранат деца. Стварно не разбирам од кај се појави таблетот.
     
    На Yowannty, Annath и DAngel им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Да, ги осудувам. Должни се да му/им обезбедат достоинствен и удобен живот на своето дете или деца, а не само преживување.
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Alisa22 им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.967
    Имаш пресметано колку пари така се потребни за луксузот наречен дете? Ако ги немаш во старт ич да не почнуваш, а?
     
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не сум се замислила бидејќи не сакам и не планирам деца.
    Инаку, да, генерално мислам дека треба да им пружат извесна удобност, како што кажав, достоинствени услови. А не леб и маргарин за секој оброк.
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Alisa22 им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.967
    Американците пресметале за во америка.
    https://www.thebalance.com/money-milestones-before-having-kids-4144742
    Ај да ве видам сега, кој ќе се осмели да има дете:D
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Поминато е тоа време кога за образование не е потребна технологија.
    Неопходно е од тој аспект, зошто ете не се разбираме.
    Исто како што се потребни учебници и тетратки, станува потребна и технологијата.
    Дали да пребара некоја тема, дали да прати нешто, дали на росителите да им се испрати нешто.
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.364
    Допаѓања:
    126.265
    Пол:
    Женски
    Не ги осудувам,ама ќе речам дека не сфаќам зошто се решаваат да имаат повеќе деца кога немаат доволно финансии.
    Љубовта е побитна,ама факт е дека парите се потребни за одгледување на децата.
    Превртувам очи кога слушам од луѓе дека правеле уште деца затоа што сакале машко дете.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina и Crna Dama им се допаѓа ова.
  20. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Зашто радица што ја имаше на алфа ете за неа да кажам има толку многу деца, а не може да ги чува, нема ни кука ни пари. Да жал ми е не викам не ама зашто рагала толку не ми е јасно кога знаела дека нема толку финансии да ги исчува тие деца. Плус е млада има само 30 год зашто да не работи и тоа не знам. Не е мое да ја судам ниту па сакам знам дека и е тешко ама искрено тука е нејзина грешка ете се десило више. Сега гледам и дале баш убава кука, мене ми е жал за децата највише бидејки тие не се криви за ништо, децата се тие што патат и страдаат. А секој родител гледа да му овозможи и даде све на своето дете, се жртвува за него да има све во животот. Не знам, не знам, што и да кажам ке згрешам..Да разберам луге што не можат да работат да се болни, тоа е во ред али вака она може да работи..Како и да е драго ми е што се средила од срце