Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да, ги осудувам. Оние кои не можат да обезбедат минимум услови како дом, храна, основни потреби. Не зборувам за луксузи или nice to haves.

    Зошто родителство не подразбира само да направиш или родиш дете.

    Ако не знаеш како да имаш секс без да направиш дете, кое не можеш да го издржуваш, секако дека ќе те осудам.

    Исто, и ако имаш желба за дете, а немаш услови за дете, зошто твојата желба да е приоритет пред фактот каков ќе е животот на тоа дете?
     
    Последна измена: 4 март 2021
    На minne992, thelittle17, jarec6 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Не ги осудувам, ама сами си ги осудуваат децата да им гладуваат.

    Ако буквално немаат пари за да ги прехранат, тука државата дефинитивно треба да интервенира и да им ги одземе додека не им се подобрат условите. Е сега тоа што нашата држава е утепана и тоа е скоро невозможна мисија е веќе друга тема.
     
    На nevermet18, minne992, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Да ги осудувам , тие се неразумни луѓе . Гледав баш на телевизија родители на 7 деца бараат финансиска помош. Не ми е јасно како може да имаат толку деца а се финансиски неспособни . Жал ми е за децата во такви семејства.
     
    На minne992, jarec6, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. JasminaB29

    JasminaB29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    А речи дека на такви луѓе треба со закон да им се онезовможи да се размножуваат ќе ти се награкаат како кучиња. Да ги оставиш така па жално е да се гледа како поради простутилукот на своите родители патат невини деца, кои најчесто ќе бидат исти како своите родители. Не е никако да рече човек.
     
    На thelittle17, VDT2906, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Petit biscuit 91

    Petit biscuit 91 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Не читав се што е напишано, ама дефинитивно не ги поддржувам. Посебно ако тоа веќе преминува во навика. На толку различни начини за заштита во денешно време, едноставно нема простор за оправдувања од типот: случајно беше, ни се згреши. И ајде во ред еднаш, секому може да се случи и ништо не е 100 %, ама да ја прошируваш фамилијата до недоглед без да имаш услови за мене претставува неверојатна себичност. Парите не се најбитни ама и текако се есенцијални за растење на здрави и прави деца.
     
    На VDT2906, Tanjamm, S.W.A.G и 5 други им се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Не ги осудувам .Тешко е сигурно но и тие така не би одбрале сигурно.Децата се сепак благослов плус некогаш не може да се избегне бременост колку и да пазат исто како некои што неможат да зачнат природно е незнам стварно дали е за осуда ,но во случајот на тие деца треба да им се помага бар додека се мали,или државата да ги згрижи
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Како мислиш тие не би одбрале сигурно ? Па тие се тие што ги донеле тие невини душички на овој свет без да мислат. Не е само да имаат дете треба и достојни финансии за живеење а не за преживување. Треба да им се помага ама не финансиски туку треба да ги едуцираат.
     
    На mode-kristina и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Има разни случаи ,која сум јас да судам ,тоа е најлесно.Кога веќе затрудне некоја жена без услови да абортира ли?Сум за едукација ако тоа помогне ,се што е во корист на луѓето одобрувам
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.448
    Пол:
    Женски
    Абе да бидеме реални има секакви, дел намерно си затруднуваат.
     
    На hermosa и mode-kristina им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    И тоа е вистина но со осуда нема да се реши проблемот тоа е поентата
     
  11. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Настојувам да не се мешам во туѓ живот и туѓи одлуки, НО одкако бев сведок како лесно се раѓаат деца едно подруго а потоа оп на мама и тате им станува животот многу тежок....Да, ги осудувам.

    Првиот ваков случај заврши со развод а другиот е дисфункцијално семејство, тотално неподобно за растење ни на едно а камоли на 4 деца.
     
  12. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    31.294
    Од секогаш не можев да сфатам како имаат по 5,7 деца, а немаат основни услови за живот.
    Зарем не е гревота да направиш 7 деца, да ги родиш, а знаеш дека немаш за леб да му дадеш? И после донации ајде давајте.

    Не сум јас таа шо треба да осудувам, ама не можам да го сфатам тоа.
    Дали се толку прости, неедуцирани за на 21век покрај толку контрацепции секое лето по едно дете.
     
    На S.W.A.G, mode-kristina, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Баш сега на тв. Алфа ја имаше онаа емисијата со сиромашни луѓе со тешки судбини и прикажуваа едно семејство, мајка и татко со седум деца. Значи луѓето леб немаа да јадат ама упорно и упорно се размножуваат. Жалосно е за децата оти тие ќе бидат осудени на пропаст. Родителите ниту ќе имаат можност да им потпомогнат во било што, ниту ќе им обезбедат соодвето образование за еден ден да може да работат нешто нормално и да застанат на свои нозе. Ги мачат, неиспрани, прегладнети, премрзнати... Децата за ништо не се виновни. Семејството се планира, секој е свесен дека за дете се потребни финансии. Многу добростоечки семејства не се осмелуваат да имаат повеќе од две деца. Виновна е и државата, веднаш треба да ги одзема и згрижува сите деца кои растат во такви нечовечки услови. Себично е да осудуваш невин живот на такво измачување. Родителот е одговорен за да им обезбеди нормални услови на децата. Не е во ред некој кој нема услови ни за едно да роди десет па после да очекува други луѓе да му ги растат. Хумано е да се помогне, голем дел од нас сигурно помагаат кога се во можност но жалното е што вакви случаи се многу, неможе сите да стигнат на ред.
     
    На S.W.A.G, jarec6, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Сведоци сме на многу таленти кои потекнуваат од сиромашни семејства а денес се ултра познати и богати, да размислувале така нивните родители немаше да се родат Опра, Леонардо ди Каприо, Џим Кери, Еминем, Новак, Роналдо и многу многу други...

    Секој има шанса да се бори, да се докажува и да твори на ова поднебје, во спротивно пак ако не само богатите нека раѓаат деца.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека сакаат да имаат барем едно детенце, па макар и да немаат баш финансии, ајде едно ќе го израснат макар и со минимални примања.
    Ама вчера ми помина една емисија на тв, имаат 7 деца, најголемото 20 години, најмалото бебче, они живеат без струја и услови, и тоа така повеќе од 20 години, епа добро бе ЗОШТО раѓаш 7 деца???
    Нели ти е жал да немаш да ги нахраниш со денови?
    Тоа е веќе изживување со детски живот според мене.
    Они повеќе од 2 децении ја имаат истата ситуација и упорно прават деца.
    Јас со овие примања сега не би се осудила да родам второ, а па не така.
     
    На S.W.A.G, minne992, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    па, зошто да работи кога може да зема социјална помош од државата?
    особено со овие работодавачи и услови за работа.
    минимална плата не стига за да одиш на работа и се вратиш дома,
    камоли друго.
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Не е тема на муабет тука, ќе бидам офф топик, но сексуалното образование што е во план на оваа влада не е само за здрав сексуален живот. Тоа е предвидено за 9то одделение. НО (со големи букви "но") она што го туркаат да се оствари е Сеопфатно сексуално образование под кое ќе бидат опфатени и најмалите, почнувајќи од градинка на 3 годишна возраст па нагоре, ќе биде интегрирано по предметите. Тоа е она за кое се бунат родителите и треба да се бунат! Во многу земји со ССО создадоа сексуално збунети дечиња. Само да им ја прочитате програмата е косата да ви се исправи!
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Што има во програмата?:?:
    Ме интересира чисто.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.448
    Пол:
    Женски
    Значи уствари 2 различни програми се предвидуваат? Тоа второто што опфаќа?И некако премногу рано од градинка :^)
     
  20. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Јас не знам па како некој може да рече - дете од мало треба да го разбере животот, дека животот не е луксуз, дека парите не се среќа итнитн. Еј стварно? Дете од да речеме 5 години треба да ужива во детството, не да плаче оти нема што да јаде. Цел живот е пред него да го научи животот, да се осамостои, ама некои ќе запнат од мало да го учат. Боже сачувај дете да ги има сите услови, одма ќе е разгалено.
    Дете што е можно повеќе се штити од сѐ лошо. Ако свесно и намерно го изложуваш на сиромаштија или други работи само за да биде благодарно или го разбере животот, ѓубре си од човек и толку.
     
    На S.W.A.G, jarec6, Nikolina35 и 3 други им се допаѓа ова.