Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
     
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Епа, ете од штедењето што направиле..деца:D
     
    На cresa-jagoda и fallenangel им се допаѓа ова.
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Ај што ги направиле па сега молат помош од заштедата на други.(facepalm)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Nikoj ne treba da se lisi od roditelstvo, no ne sekoj e dobar roditel. Ne e i se do parite, tuku do toa sto se ima vo glavata. Izrastuvanje na dete e zbir od mnogu raboti, no toa zavisi od roditelite vo kakva licnost ke go izrastat toa dete ( nekogas zavisi i od drustvoto na deteto, vo tekot na negoviot razvoj). Sekoj trgnuva so `` MOZEBI ke bide podobro``
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Осудување ми е некако тежок збор, но неоправдување ми е зборот за оваа тема.
    Не, ги оправдувам тие партнери што немаат покрив на глава а упорно прават деца, некад се мислам дали од не знаење прават? Дали знаат дека ако ејакулираат внатре кај партнерката дека она ке забремени... Што знаеме, има и такви неуки за жал.

    Од друга гледна точка, ваквите семејства доста често знаат да манипулираат со јавноста и својата состојба ја користат за да достигнат до некоја материјална корист. Емотивна манипулација е доста јака “стратегија“ за луѓе кои сакаат да постигнат нешто во животот. Вакви приказни се продаваат многу на наши простори, како народ имаме некоја вродена емпатија во нас, па ајде ако ништо од жал ке помогнеме, а колку тие се за помош стварно?

    Јас сепак стојам на тоа дека доколку се млади и работоспособни и имаат деца мора и да почнат да си бараат работа. Да не се лажеме, работа има, нема работа за тие со факултет ама за хигиеничари, или нешто слично има и се бараат работници.

    Јас, не би основала семејство ниту би влегла во брачни води ако претходно јас лично не се потковам финансиски убаво, каде што јас ке имам свој денар.
     
    На NOVAVON и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Во секој случај кондомот е помал трошок наспрема абортус или одгледување на дете или не дај Боже лекарства поради инфекции и помалку болно наспрема раѓање и оставање дете на милост и немилост.:!:
    Не ги осудувам ама не ги ни оправдувам :!:иако проблемот кај ваквите родители најчесто е ниска свест и едукација за заштита. :!:
    Семејството и бременоста е нешто што се планира во денешно време сразмерно со финансиските можности и станбено прашање. :!:
    Не звучи убаво дека треба да се лишат од родителско право но ниту децата не се должни да трпат беда, сиромаштија, лоши животни услови кога веќе има луѓе кои се на листа на чекање за посвојување на дете, кои реално со години чекале дете и од икс причини го немаат но можат да му пружат љубов , топол дом, воспитание и иднина.:!:
    Во реалноста честа е ситуацијата на вакви дечиња кои не одат на училиште од причина што немаат финансии, немаато блека, прегладнети се, ако некогаш серазболат нема како да се лечат и најчесто баш поради тој раб на егзистенција на кој се наоѓаат развиваат криминогени навики од типот на крадење, насилство и сл.
    За да не дојде до најлошо треба овие кои направиле толку многу деца да се потрудат да обезбедат иднина. Вооопшто не е срамно да одат да чистат по згради, куќи или да чуваат болни лица. Ако малку се потрудат ќе најдат работа не да чекаат од државава бедна социјална помош која реално не покрива ништо од трошоци. :!:
    За скандалот што изби кој каков родител бил, треба да води сметка Центарот за социјална работа како институција која е надлежна да реагира по пријава од било кој граѓанин или по службена должност. :!:За жал бидејќи се сите вработени партиски, немаат нешто посебно знаење и битно им е да зимаат плата а да не си ја вршат работата никој ништо не превзема за деца кои се во ризични семејства.:!:
    Би ја спомнала и кампањата за трето дете и ветување за надомест од износ кој што реално на долг рок не стигнува ако треба да ги храниш , облечеш и образуваш 3 или 4 деца безразлика до 18 години или законски до 26 ако го продолжат школувањето. :!:Што ќе се случи со ова ветување ако утре го укинат ветувањето? :fubar:Децава пред Собрание треба да ги оставаат.:!:
    Заклучок семејство се планира, ако веќе се нема можност за негово одгледување воопшто нека не се ни прави барем не повеќе од едно и ЦСР да реагира навремено.:!:
     
    На bittersweet, galapce, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Од религиозна призма оправдано е и полезно секое семејство да биде многудетно,но во оваа наша сиромашна држава не мислам дека треба да се водиме по тоа,кај нас моментално владее хаос и не е само ајде направи 5-6 деца па ќе ги изгледаме со љубов,на тие деца треба да им се обезбеди покрај љубовта и стабилен покрив над глава,храна и внимание,а знаеме дека од немаштијата не излегува ништо добро,каде што ќе чукне на врата сиромаштијата излегуваат депресии,проблеми и пропаѓа во вода и љубов и внимание и се,и кажете ми како и под каков притисок ќе се воспитуваат тие деца?
    Греота е ваков товар да трпи едно детенце а не повеќе.
    Мислам не судам јас,немам ни право,само велам да се мисли трезвено за имање и планирање деца,не треба приоритетно да се смета колку да се има деца бројчано,туку согласно со можностите и реалноста.
    Во Црквите има скромни прилози токму за овие многудетни семејства и јас некогаш имам дарувано по некој денар,но тоа е минимално,дали е од мене или од друг граѓанин или верник,не игра голема улога во помошта,тука треба со силни донации и трајно решение да настапи власта и државните институции...кои за жал ги нема никаде!
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.992
    Допаѓања:
    135.279
    Пол:
    Женски
    Не ги оправдувам. Кај ваквите луѓе треба да се преиспита менталното здравје. Разумен човек прво гледа свои основни потреби да има задоволено, па потоа да се размножува. Не ми делува баш разумна одлука да склепаш еден фудбалски тим, а немаш ни што да го прехраниш, ни облечеш, ни кров над глава.. ко животните само глеат да се задоволат, ко да нема последици после тоа.
     
    На Luna91, Offspring, Ane-Goki1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Во некои случаеви не секој заслужува да биде родител. Сепак 9 месеци е доволен период за да најдеш и работа и да средиш нешто, мал дел куќа или покуќнина.
    Мислам дека двајцата не се способни психолошки да бидат родители. Не им се работи се гледа, секој може да помогне, но работата е што и двајцата треба да размислуваат зрело. Сега имаат помош, ама тоа дете ќе порасне, ќе бара играчки, ќе појде во школо. Дефинитивно треба отварање очи, според мене не е едноставно. Друго е да е бебе, следуваат вакцини и разни работи.
    Мене таткото ми се виде како човек кој може да работи, а таа како психолошки неспособна. Не е свесна што донела на свет, ни каде се наоѓа.
    Одговорноста е голема, се работи за човечки живот.

    Да се вратам на темата за да си родител треба да си и спремен за ризиците. Големо влијание има и врз развојот на детето таквите настани. Мора да си го сфатат сериозно зборот родител.
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Не осудувам никого, пред да вперам прст во глава ми се вртат илјада можеби. Најлесно е да осудиш и да речеш, не јас нема шанси така никогаш. Како прво не сме сите исти. Секој треба да се оствари како родител. Ако седам и чекам стабилна работа може и никогаш да не осетам бебешки.плач, оти кај жените репродуктивната моќ опаѓа со годините. Некој може ќе рече ако поарно така отколку на душа да го носам. Пари се релативна работа, денес имаш утре не. Не значи дека тие родители нема да се заангажират повеќе и детето ќе биде етикетирано кога ќе тргне на училиште. Додека тргне има време, од каде знаеме што ќе се случи дотогаш. Пак ќе речам тие најдобро знаат, можеби животот ги ставил пред свршен чин, не знаеме низ што поминале. Пишувам конкретно за случајот со Лука. Ама секој родител треба да се избори барем да има кров и храна. Има и сезонски работи и те како се бараат работници, таму нема да го вратат сигурно, една дневница може да извади, мора да е жртва за детето. Сепак не осудувам, можеби тие ќе му пружат повеќе љубов од некои што не заслужуваат да се наречат родители, можеби ова ќе им биде лекција и во иднина ќе бидат повеќе жртви за своето дете, и двајцата се млади и веројатно свесни дека не можат цело време да бараат донации од луѓето.
     
    На izmislena и corapka им се допаѓа ова.
  11. corapka

    corapka Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Секој на светов заслужува да биде родител. Да се види во таа улога. Да биде во таа улога. Меѓутоа, тој „родител„ најпрвин треба да види колку му е чергата за да знае колку да си ги истргне нозете. Кога јас сум се родила моите живееле со баба ми и дедо ми во една соба. Каде и како успејале да ме направат не знам хах. Мајка ми не работела, татко ми па ич. Видел не видел, отворил со другар му тезга на пазар. Ама во тоа време не секој имал пари да си дозволи телефон, касетофон и слични работи (пошто татко ми со тоа работел). Видел дека работата не иде се откажал. Дојде време јас на училиште да тргнам. Верувате или не, немав тетратка со што да купам. Моите се пушачи. Што се вика од цигарите не се откажаа ама тетратка не ми купија. Како и што бидна не се сеќавам, татко ми дојде до некои пари. Повторно не ги искористи за моите потреби. Направи бугарски документи и замина за Германија. Еве веќе со години е таму, а јас дури сега добивам фломастери и боички. Му велам дека ми дојде време за мажење, помина времето на боички. Он ми вика „Види ќерко, можеби не сум ти ги задоволил потребите кога било време, сакам сега да имаш тоа што не си го имала а и она што треба да го имаш.„ Луѓе, верувале или не, најпрвин се исплакав како мало дете а потоа земав и си нацртав баш онака детски цртежи со тие боички.
    Што ми е целта со ова? Без разлика дали еден пар има услови или нема да издржи дете, ако се потруди, без молење и милостина, може да успее. Сега имам се она и што го сакам и што не го сакам. Можеби не носам маркирана облека, ама и онаа од по 200-300 денари маичка доволна ми е. Сега дури имам и своја соба, иако ја делам со брат ми. Не осудувам никого, се е во желбата, упорноста и истрајноста. Ако не за себе, за своето дете ќе се борам. Кога сум успеала да го направам, ќе успеам и на правиот пат да го изведам, борејќи се со сета сила.
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  12. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ова што се случува тука НИ НАЈМАЛКУ не се криви родителите. За што се криви бе луѓе? Што создале живот? Што биле благословени со дете? Не се криви тие, крива е државата. Криво е кривото општество што размислува вака.
    Знаете ли што се случува во развиените држави воопшто? Конкретно во Шведска децата до 18 години добиваат парична помош од една просечна плата. Ова не е случајно - туку доколку еден од родителите или двајцата останат без примања - детето да биде обезбедено.
    Ист е случајот со уште еден куп други развиени држави на кои нивото на свеста за потомството е на 10тици нивоа повисока од нашата.
    Ве молам, ве молам - не осудувајте! Кој ви дал право да осудувате кога не сте во нивна кожа? А што ќе се случи ако недај боже вие - испланирате семејство, добиете дете и одеднаш останете без никакви примања? Ќе сакате да ве осудуваат тогаш? Не верувам.
     
  13. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не те поддржувам, воопшто. Моето мислење го искажав погоре. Емотивни манипулатори е тешка фраза. Потешка од осудување - нешто што го правиш ти, можеби несвесно, но го правиш.
     
    На lovender му/ѝ се допаѓа ова.
  14. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Недај боже да се најдете вие во ваква ситуација. Баш ме интересира тогаш како ќе зборите.
     
    На lovender му/ѝ се допаѓа ова.
  15. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    А ти ме расплаче. Можеби дека сум бремена па сум поемотивна од обично. А и баш дека сум бремена, ми се гади - не од храна и мириси, туку од она кога видов како бесчувствително некои луѓе овде ги осудуваат луѓево од Св. Николе, конкретно.
    Ајде пробајте барем за 1 ден да поодите во нивните чевли. Па после пишувајте.
     
    На lovender му/ѝ се допаѓа ова.
  16. corapka

    corapka Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Хахах леле извинии, не ми беше целта никого да расплачам, мојата приказна ги заслужува само моите солзи. Навистина извини. Ама не сакам ниту да осудувам нити да оправдувам некого. Навистина не сакам. Како моите можеле да успеат може секој. Никој од никого не бара да замине во странство или слично. Па ако не повеќе постојат работи на црно и тоа за дневници. Денеска ке исцрнчам 8 сата ама ке имам леб и со леб. Е сега дали некој ќе успее кажав погоре дека зависи од желбата и упорноста. Само ќе кажам дека не сум мажена ама дечкото со кој планираме заеднички живот не може да има деца а имаме и каде да го исчуваме малото и се да му пружиме. Па луѓе мои, видете вие кој е по благословен од Бога. Дали јас и дечко ми што имаме услови за живот а немаме шанси за бебе или тие што имаат шанса да створат нов живот на планетава а немаат пари. Сите пишувате како парите сега ги имаме утре не, а можност за бебе ако се нема нема се, нема тука денеска може да ми направи бебе утре неможе.
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  17. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Баш така. Еве јас сум ист пример. Пред 2 години бевме помоќни од сега. Цело богатство дадовме на операции на мојата матка, еден куп терапии и испитувања и процедури. Да останев бремена тогаш, ќе имавме со сигурност уште сега некаков загарантиран почеток на животот на малечкото кое, здрави и живи треба да се роди за 7-8 месеци. Што требаше да направам јас? Да абортирам затоа што дигнав кредити куп за да го решиме проблемот на неплодност? Затоа што сега ќе се чудам од каде ќе најдам пари за малото? Ќе се најде начин. Секогаш се наоѓа. Колку може - толку ќе му се пружи. За леб нема да трпи.
    Јас и самата доаѓам од сиромашно семејство. Татко ми на школо одел со скинати опинци. Кога сум се родила имале пари само за леб и маргарин. Мајка ми се молела да цицам што подолго за да прекрцаат полесно. Така и било.
    После 10тина години, застанаа на нозе. Успејаа да ми пружат се што е потребно за едно дете, не луксуз ами основни работи.
    Тргнувајќи од нивното искуство, ЗНАМ дека родител е спремен на се за своето дете.
    На луѓево од Св. Николе и на сите како нив треба да им се помогне, а не да се осудуваат. Скратете 1 недела од кафињата што ги пиете по кафичи и дајте им 500 денари. Нема да осиромашите. Газдите наши големи, што се чудат од кај да најдат работници за по 8000 денари - што не им понудат работа?
    Има начин - се нема разбирање. Тоа ни фали. Емпатија. Се додека ни фали, јаки ќе бидеме на јазик, а никакви на дело.
    p.s. @corapka не се секирај што ме расплаче. веројатно ме потсети на татко ми, па затоа... те гушкам!
     
    На lovender му/ѝ се допаѓа ова.
  18. corapka

    corapka Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    И твоево не било лесно. Секој член овде доаѓа со различна приказна. Ама изгледа оние што ги осудуваат имаат одвишок пари. Па помогнете им бе луѓе. Место да ги осудувате помогнете. Во мојов град имаше за едно семејство, децата идеа на училиште кај што учев јас. Видов не видов, на своја глава дома направив соопштенија за да помогнеме кој колку можеме. На крај што се случи? Се што беше донирано беше предадено на семејството од сосема некоја друга личност што отиде кај семејството во штикли, минич, шминка како за на свадба. Не ми е криво што друга личност ја предала донацијата, криво ми е што таквите чепли не се достојни за такво нешто ама сепак успеваат. Како и да е, битно сега семејството има најосновни потреби, а најмило од се ми е што пред некој ден во биро, член од тоа семејство го видов облечен во блузата и фармерките на брат ми. Мило ми е што успеав барем да го облечам за да може да отиде и да се пријави во биро, можеби и ќе го повикаат некаде на работа. Со среќа нека му е ! :)
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @izmislena Верувам дека имам право да искажам мое мислење на форумов, зар не? :^)
     
    На fairy88 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Браво душо! Се гордеам со тебе! @*Amethyst* имаш право да искажеш мислење, но никој не ти дал право да осудуваш.