Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    54.130
    Да идеа тие таквите да работат ко секој нормален, и мажот и жената, да имаа два грама памет, морал и емпатија да мислеа чекај струја да платам, вода да платам, данок па превоз, греење, па да си ги гледаат децата сами место да ги тутнуваат на постарите деца, ќе немаа време на ебење да маваат по цели денови.

    Одземање децата и чао пријатно.
     
    На eliesaab, Tanjamm, FlirtBerry и 3 други им се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Ми текнаа на оваа реклама од Индија и најдобар приказ е за семејствата со повеќе деца.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    По сите примери што ги имаме, почнав да размислувам дека можеби најдобро би било ова законски да се регулира.
    Луѓето што сакаат да станат родители да треба да поднесат пријава и да поминат психолошка и финансиска проценка, врз основа на која ќе се утврди дали се способни да обезбедат соодветна грижа и услови за живот на детето, а дозвола за родителство да добијат само оние што ги исполнуваат потребните критериуми.

    Зошто по секоја цена да се има дете?
    За некој наводно да се реализира како родител, а тоа што детето ќе гладува и нема да има ни основни услови за достоинствен живот, тоа е помалку важно?
    Дали желбата на некој да стане родител треба да биде поважна од добросостојбата на детето?

    Одлуката да се има дете е лична, но последиците од таа одлука не остануваат секогаш лични.
    Ги чувствуваат децата, роднините, институциите и пошироката заедница.
    Други луѓе работат, заработуваат и се грижат за своите семејства, а од нив се очекува да помагаат и на оние
    што свесно презеле одговорност за деца за кои немаат услови да се грижат.
    Родителството не треба да се подразбира како загарантирано право, туку како право што треба да се стекне преку исполнување одредени услови, имајќи ја предвид огромната одговорност што ја носи.
     
    На eliesaab, Frida- и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.341
    Допаѓања:
    15.302
    Гледав на тв една девојка која сега е возрасна, а пораснала во СОС селото. Е сега, го губи таткото, а мајката си се премажила, па децата останале со баба и дедо и потоа им дошле од социјалното, да ги земат во дом. И сега девојкава возрасна вели „За мајка ми не сакам да зборувам лошо, таа сепак ми е мајка“, а си кажа дека кога снемале пари, мајката веднаш си нашла маж. Ај тоа, не се лути на мајката, ама вели со роднините немало да се зближува, само формално комуникација, оти не помогнале кога требало. Не го оправдувам ова. Прво, не може тетка да земе на пример 2 деца плус, да си прави проблеми во бракот и да крати од своите деца, а мајката да си се омажи и да не ја интересира што ќе јадат нејзините деца, дали ќе имаат што да облечат.

    Сега гледав на Срце на дланка, 4 деца во куќа што прокиснува, живеат со една плата. Четири деца не можат да чуваат ни бизнисмените денес со овие трошоци. Ако куќата кисне, нема услови ни за едно дете, не за четири.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    3.071
    Допаѓања:
    26.000
    Лол, дали 100 парови ќе ја поминат комисијата. Али и да постои овакво нешто хипотетички, ќе ја поткупат комисијата, ќе ,,имаат човек" у тој сектор. Детето ќе стане привилегија само на оние кои имаат врски.
     
    На eliesaab, UnikatenUsername, Buttermilk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mesmeric

    Mesmeric Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Секаде постои можност за злоупотреба на системот.
    Дека ќе има луѓе што ќе се обидат да искористат врски или да поткупат некого, сигурно ќе има, ама тоа не значи дека само таквите ќе можат да имаат деца. (ќе има и такви што сосема заслужено, со исполнување на условите и без никакви врски, ќе го стекнат тоа право.)

    Мене поголем предизвик со имплементацијата на ваков систем ми изгледа самата психолошка проценка.
    Кој би бил доволно компетентен да ја врши, како би се обезбедило проценувачите да бидат непристрасни и неподложни на корупција и најважно, како објективно би се утврдувало дали некој е способен да биде родител?

    Сепак, тоа што постои ризик од злоупотреби не значи дека ваквиот систем не би можел да донесе значителни подобрувања во однос на сегашниот.
    Зарем треба да се држиме до систем со сериозни недостатоци само затоа што ни алтернативата не би била совршена?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.