Дали ги откривате своите планови предвреме?

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 17 септември 2023.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.566
    Допаѓања:
    13.937
    Слушав еден балкански мотивациски говорник и тој тврди дека нашите планови не треба да ги откриваме предвреме, затоа што можат да бидат минирани, да не се остварат, едноставно откривањето предвреме е повеќе штетно од корисно. Како правите вие? Дали ги откривате вашите планови предвреме? За мене лично, како време одминува се помалку откривам планови пред други. Прво скокни, па кажи оп.
     
    На minne992, Aschenputtel, najjacha и 12 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Порано да, ама сега веќе не. Не за џабе постои и поговорката колку потајно, толку потрајно.
    Точно е ова, зашто кога сум кажувала порано ко за беља не се остваруваа плановите како што треба. Затоа научив да молчам. Дури и кога ќе се оствари нешто не кажувам веднаш и кажувам само на одбрани луѓе...
     
    На Aschenputtel, Bebac, resenska и 12 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.241
    Допаѓања:
    50.829
    Пол:
    Женски
    Јас не, не сум таква додека не биде тоа што сум планирала не кажувам, а еве маж ми се пред време си кажува се му кажувам да не прави така ама пак си прави.
     
    На mira.mira, lovely91, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    3.697
    Пол:
    Женски
    Одамна го сватив тоа и најубав совет е за секого! Не е убаво да ги споделуваш затоа што незнаеш дали на тој што ги споделуваш ти мисли лошо. Затоа не кажувам морам да земам тоа, морам ова да направам, го направив и не треба подетално да навлезам.
     
    На Bebac, resenska, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    Скоро па никогаш, а тогаш кога сум споделувала никогаш не се оствариле.
    И многу мои блиски знаат да ми се лутат ама тоа е мој став и нема да го сменам дур дишам.
     
    На Aschenputtel, Bebac, resenska и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.692
    Пол:
    Женски
    Јас претходно мислев дека е суеверие, и не му давав голема значајност. Ама денес, од денешна перспектива и со целото тоа искуство со сигурност можам да кажам дека има нешто и во ова, не е туку така кажано. Многу работи шо сум сакала да ги постигнам, да ги добијам, шо сум се трудела и вложувала максимално, а претходно било кажано на повеќе луѓе, не ми се оствариле. И со една врска така ми се има случено. Точно е и тоа дека не знаеш сите што ти мислат, па не знам колку долго да ги познаваш. Затоа денес бирам на кој и што ќе споделам, особено за планови во иднината. Па ако не биде, знам дека не било за да биди, а не дека некој ми љубоморел за тоа па затоа не бидало. Убо кажа членката погоре, колку потајно толку потрајно.
     
    На Bebac, resenska, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    Знам многу луѓе што веруваат дека ако споделат некој свој план или желба, нема да им се оствари. Но, тоа е само верување.

    Јас сакам да споделувам со најблиските кои знам дека ќе бидат возбудени за мене и се радуваме заедно. Многу ми значи нивната поддршка. Но, тоа споделување е селективно. Не дека верувам во суеверието, но не споделувам со луѓе кои знам дека ќе бидат негативни (пример мајка ми) и ја одбегнувам таа енергија.
     
    На Celltica, Ahoy, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  8. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    3.697
    Пол:
    Женски
    Да да, баш така само селективно на најблиските, родители партнери, другарки, не на комшивката што трачари по цела улица.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.566
    Допаѓања:
    13.937
    Буквално мотивацискиот говорник објасни дека колку повеќе се расфрлаш со информации, ќе придонесеш твоите планови да бидат осуетени, опструирани, некој ќе ти ги помати сметките, наместо сега да ти се оствари замисленото, ќе чекаш со години и така се кочиш сам себе и навистина е така.
     
    На Bebac и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  10. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Не кажувам планови дури и кога некој прашува. Луѓето толку се без осет, па дури и за планови прашуваат
     
    На Bebac, Алек*** и Кена Рис им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    Не ги кажувам никогаш пред време моите планови за во иднина, од проста причина да не се обрукам
     
    На Ahoy, GirlLove, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Не. Прво да се остварат, па тогаш. Ми се лутеле за ова ама тоа е мое лично право и приватност, па што сакам ќе споделувам. Маж ми се кажуваше на сите, ама почна да ме слуша и да премолчува.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    13.993
    Пол:
    Женски
    Конечно со нешто да се согласиме Тање ја и ти. (y)

    Нејќам многу да споделувам со други лични работи, случувања, доживувања и планови.
    Најчесто на дистанца се држам кога станува збор за ова.
    Зашто реално да, има луѓе со толкава негативна енергија за кои верувам дека имаат „моќ“ да направат работите да тргнат наопаку и ништо од плановите, све паѓа у вода, а и ја ако кажам со возбуда и со страст, „вака ќе биде, убаво ќе биде, конечно ќе се оствари“ , најчесто следи големо разочарување потоа.

    Затоа да си ќутиш најубаво и да си чуваш во себе, кога ќе дојде, ако дојде моментот да сакаш да споделиш, тогаш нека биде, предвреме не. Што е сигурно, сигурно е.
    Не дека за некоја некоја виша сила станува збор овде, тоа само верување е но по непишано правило речиси секојпат се случува обратното од тоа што сакаш да се случи, па за да се избегнат фрки, мора да се преземат мерки.
     
    На eliesaab, Bebac, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Интересно е што не се признава виша сила, но се верува во негативна енергија и "моќ " на поединци да ти наштетат.
    И тој мотивациски говорник со модерна приказна за она старинското " ќути да не чуе зло " :D

    Всушност целокупната мудрост е содржана во народните поговорки изгледа .
     
    На GirlLove и Mrs. right им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    13.993
    Пол:
    Женски
    Епа има нешто, не дека нема, не може до толку случајност да е и секогаш зарем истото да се повторува.
    Или сепак тој Марфи пак е замешан и во ова.
    Не знам логично како да го објаснам.

    Добро, сеа ептен се актуелни тие мотивациските говорници, некад и кажуваат логични нешта, некад и знаат да си фантазираат и да забегуваат за само да привлечат внимание и да ги заинтересираат луѓето да поверуваат во нивните приказни.
    Не зборам за нив, туку дека ептен често се дешава ова за кое вика Тања.

    Тоа апсолутно точно е за поговорките.
     
    На Bebac, Tanjamm и sonuvana им се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Мора да е Марфи :D

    Не барај логика во се :)

    Не се ни сомневам дека Тања ќе ни прераскаже детално што рекол мотиваторот, доста беа политички теми :D
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    13.993
    Пол:
    Женски
    И ти значи викаш дека тој е кретенот што ни ги поматува плановите, ах бе, само да го најдам.:@

    Е у право си, изглеа не треба логика да барам у све. Некои работи едноставно не можат да се објаснат никако.

    Да! Чекаме детали @Tanjamm, ова не се остава на пола, треба се да дознаеме што е и како е, ќе не копка инаку.:nod:

    А за политичките теми, остај, никад не е доста од нив, препукувања мора да има! :!:
    Иначе досадно е.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.566
    Допаѓања:
    13.937
    Па не од аспект на вера, туку мотивацискиот говорник советува да не се истрчуваме. Да си ја чуваме приватноста. Инаку, ми текна на едно мислење тука на форумот од некоја фриленсерка, демек ако кажувам детали што работам на луѓето, веќе има илјадници луѓе во државата што го прават истото, и со секое прераскажување се загрозува себеси, односно ги загрозува своите приходи, ќе почнат и други да работат ако знаат дека тоа функционира. Практично си создаваш конкуренција и се одалечуваш од своите цели.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    13.993
    Пол:
    Женски
    Па ова не е себично? :?:
    Едно е да не си кажуваш за твои лични планови и цели во животот, друго е вака како таа што не кажувала што работи за да не си ги загрозела приходите, глупости.
    И шо ако каже, тогаш сите фриленсери ќе станат и ќе и го земат лебот, а и повеќето денес знаат за тој вид на работа, не открила топла вода.
    Нема поента некако, ради тоа да крие.
     
    На sonuvana и Srckata28 им се допаѓа ова.
  20. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Имам многу лоша навика да зборувам за своите планови. Еве пример последново, со редовна физичка активност. Таман после години се натерав да се размрдам и доообро ми идеше, се пофалив по другарки, родители и еве ме забушавам :doh:

    И науката за тоа збори, дека кога вака ќе ги соопштиме плановите, нашиот мозок мисли дека веќе ја завршил работата и дисциплината и мотивацијата опаѓаат или што и да се случува и ние попуштаме во нашата истрајност да си ги оствариме целите.

    А кога сменив професија и година дена никој не знаеше, многу поуспешно го спроведов планот. Едно што така си поистраен и друго што никој не ти се меша, значи се слушав самата себе и никој друг.

    А вака еве овој последниов пример да го земам со редовна физичка активност, потсвесно ќе ти повлијаат коментарите од другите. Ма што ќе ти е, супер си изгледаш, е сега ќе немаш време за кафе за да вежбаш, си губиш време, ништо не јадеш, тоа така не чини итн.

    Ми се случувало и во врски кога ќе знаат луѓе а сум на почетокот во таа почетната фаза на запознавањето, тие коментари од страна потсвесно да ми влијаат во тоа како ќе ја проценам личноста.

    Така да најдобро е човек што е можно повеќе, битните работи и планови да си ги чува за себе, барем на почетокот додека да ги уцврсти. Инаку влијае се, од коментари што ги добиваш од средината, реално гледано народ сме што си дава за право на секој во животот д аму се меша, до тоа што кога ќе го кажеш веќе ти изгледа како да си го исполнил, што всушност не е вистина.
     
    На Bebac, La-loca и sonuvana им се допаѓа ова.