Ако поединецот кој е подложен на пластична операција, смета дека истата ќе го усреќи и направи да биде задоволен со својот изглед,да поддржувам. Конкретно јас никогаш не би подлегнала на хируршки зафат поради изглед,освен во случај нели здравствено да треба.
Немам ништо против , но во границите, некои мали корекции, а не да го деформираме телото од пластични операции.
Ги поддржувам доколку се неопходни за здравјето на пациентот или е потребен некој мал естетски зафат со цел подобрување на физичката слика што некој си ја има зацртано за себе... А тие такви лудории како зголемување на усни па липосукции па силикони во г'з воопшто не поддржувам!
јас лично не би направила пластична операција сметам дека секоја личност е убава на свој начин па и недостатоците во крајна мера се симпатични додека пак совршеноста не ти буди топли блиски чувства напротив те плаши затоа што не е природно додека пак недостатоците ги чуствуваш како симпатични и блиски предлог песна за за темава "твојот нос" од пеперминт поз
Да, ги поддржувам. Ако личноста ја прават посамоуверена и поубаво да се чувствува во своја кожа не гледам зошто да не. И јас би направила во иднина.
Се додека не станува збор за нешто вакво , поддржувам! (дури си мислев дали да ја ставам сликава во спојлер, да не згадам некого...)
Ги подржувам доколку со нив им се зголеми самодовербата.Подобро да ја направат операцијата отколку цел живот да жалат и да си создаваат комплекси.
НЕ баш јас мислам дека природната убавина е нешто дадено од бога.Meѓутоа доколку ја зголеме нивната самодверба едно мало да. И оние од здраствени причини
Не! Освен ако е заради сериозен здравствен проблем или слично па да мора..Секој на свој начин е убав, дури некогаш може уште погрдо да излезе со операција..
Би ве замолила ако сте во можност да ми кажете кај кој доктор во државна правела липосукција бидејки и јас сакам да одам,прашај ја која цена е колку ја цинело све и дали имала болки и дали правела линфна дренажа.Ви благодарам однапред позз...
порано не ги подржував пластичните операции од естетска природа, ама можеби и добро би ми дошло едно мало освежување faclift
Немам ништо против,се додека е во граница на нормала и се додека е убаво за око.Ако некој не е задоволен со нешто на себе,а има можност зошто да не го смени тоа.Зошто некоја да не си ги зголеми градите ако има мали,но да ги направи во пропорција со останатите делови од телото,а не балони.Или ако имали ептен мали уста малку да ги зголеми а сепак да не изгледа ко мајмун.Порано немало начин да го смениш она на себе што не ти се допаѓа,сега ако имаш парички се се може.Се додека не се претерува,подржувам пластични операции.Кога би имала можност секако дека би си дозволила вакво нешто.
Немам ништо против,но јас не сакам да правам такви работи. Природно си е природно. Плус ставањето силикони за мене се како токсични материи во организмот да имам. Кога би имала можност не би ставила. Задоволна сум со својот изглед. Мислам дека луѓето подлегнуваат на вакви чекори поради намалена самодоверба.