Јас ги поддржувам, немам ништо против нив. Само да е во некоја граница на нормалата, за поубав изглед да, ама да не се претерува до тој степен и да се изгледа како НАКАЗА. Зарем ова некој би го поддржил, ова е деформација и изглед на КАРИКАТУРА, ништо повеке-јас верувам дека некој ваков неможе нормално да спие, јаде и се движи....го отежнуваат животот дури, а кога ке се запраша човек зошто така? За чиста глупост и немање мозок.
Зошто да не? Јас сум многу ЗА пластични операции. Нормално не ги подржувам овие над мојот пост што се ставени и сличните на нив, и оние кои прават по над 10,20 за да личат на некој приближно како што има статии по интернет, или да личела на Барби, или па некој маж на Кен, или на Анџелина Џоли, ама ако некој тоа си го сака, и со тоа си ја зголеми самодовербата и го направе среќен - зошто да не? Еве лично јас, да имам пари во моментов мои, без размислување би одела да ми ги затегнат градите со ботокс или со што и да прават. Селикони не би ставила пошто моите се големи но сакам да ми бидат малку попоткренати, пошто самата тежина си влијае да природно тие не се поткренати, не бар како што јас ги сакам. Дечко ми, ми вика не си салам, баш се природни и убави, но јас сакам да ми бидат кренати баш така како што стојат селиконите, ете тоа си е моја замисла и да имам пари, т.е кога ќе имам пари во иднина, секако откако ќе родам деца, ќе одам да си ги средам, пошто очигледно после доење и со оглед на нивната природна големина ќе бидат во благо-ужасна состојба. Друго, ако некој сака од естетски причини носот,устата, ушите, брадата или да ставе селикони, зошто да не, не гледам зошто да сум против тоа. Природното е најубаво некако ми е клише муабет , ако некој отиде да си го исправе носот, или да си ја пополни устата што би изгледало 10 пати подобро отколку природно, баш и не би рекла. Знам луѓе кои имаат правено операции на нос, уши кои сами кажуваат како тоа им го сменило животот, како се чувствуваат поубаво во своја кожа. Денес посебно има толку добри доктори, и ако се има пари, може се да се среди, и да тоа не изгледа нападно и вештачки, туку благо и приближно природно да речеме. Но, мене лично, ако би правела операција некогаш, би ме плашеле само постоперациските болки и несаканите ефекти. Може у муабет на тоа да сум скептик само, а за самата операција ич не сум, баш ми е мило што постојат. Сфаќам дека некои се ежат или се плашат од самата помисла на пластични операции, некои па ги осудуваат како да тие што правеле побогу човек убиле, но секој да си гледа за себе и секој со своја волја напред, пред се.
^Се согласувам! Да, ги подржувам пастичните операции. Самодовербата е неопходна кај човекот, посебно кај нас жените.. Ако не можеш да ја стекнеш со природен физички изглед, направи го тоа со вештачки. Поедноставно, здравје. Ама ние луѓето сме такви, па сакаме да ги комплицираме работите. Од ништо, се прави нешто. Јас имам направено корекција на ушите(12 год.), и од тогаш имам променето многу ставови и мислења околу тоа. Пред се' сум посреќна, послободна, повеќе немам low self-esteem, не се срамам од себе си... Да се вратеше времето, пак би ја направила корекцијата. Секоја издржана болка - вредеше. Комплексите се психичка блокада, колку порано ќе се ослободи човек од нив.. толку полесно ќе му биде. Луѓето во депресија пијат антидепресиви, алкохоличарите одат на рехабилитација, на запад скоро секој посетува психијатар. Кога веќе сите се лекуваат на овој или оној начин, зошто решавањето на комплексите е сметано за нешто грозоморно? Секој е убав и посебен на свој начин и сличните муабети - не функционираат. Ако дојдете во ситација да убедувате некого, само оваа реченица не ја употребувајте. Верувајте ми, ќе ја налутите другата личност, па веројатно ќе ве замрази до крајот на животот, колку и добронамерен да ви е советот. А, тоа дали некој е природен или вештачки, па ве молам - ниту се приметува, ниту се гледа. Клишеа everywhere. At the end of the day, physical look can be changed, character can not! BTW, да не се лажеме.. надворешниот изглед е важен. Доста важен.
доколку станува збор за естетска корекција на нос, уши или нешто такво- тогаш да, но оние силиконски глупости воопшто не ги поддржувам
Ги поддржувам единствено кога се работи за луѓе на кои навистина им е потребна,на оние кои се родиле со некој деформитет или сл.А,не за зголемување на некој дел од телото на оние без недостатоци. Мислам зошто да си го нагрдувам телото со некој силикон? И никогаш не треба да си незадоволен од своето тело. Сепак,тоа е тука и засекогаш со нас. Треба да се прифатиме онакви какви што сме,а не со силикони и тони шминка.
Силиконските НЕ, а поправка на уши, нос, да. Дури, да можев, би го оперирала носот бидејќи ми е крив.
Ги поддржувам кога се во граници на нормала, без да прават луѓето буквално кловнови од себе со превише операции.
Подржувам нешто што е во граници на нормала,многу грдо на пример ми изгледаат преголеми гради или усни напрчени да не речам како на мајмун дупе хахах Кога би имала пари би направила естетска корекција единствено на делот на стомакот кај што имам голема лузна од нашиве хорурзи касапи
Јас си направив на ушите (ми беа клемпави и ми се смееа) и да ги подржувам но да не се прави операција за се само некои мали нешта.
исто мислам а во најблиска иднина и планирам да си го корегирам носот зошто во профил изгледа мн грдо
Ако некој го направи посреќен пластична операција, дефинитивно поддржувам. Да имав крив нос, клемпави уши или многу тенки усни, веројатно и јас би направила, ако не се сакам како што изгледам и се нервирам на секое гледање во огледало. Не дека вака мислам дека сум совршена, ама ништо не ми пречи толку за да се решам на операција. Во секој случај, се додека не се претера, според мене е океј.
@crimson кажала се што сакав и јас Тоа дека треба да си останате такви какви што се, природно си е природно, да игнорирате- чиста глупост, според мене Немам ништо на себе што ме нервира особено, ама не е кај сите така. Сигурно е лошо чувството да го избегнуваш огледалото само затоа што не сакаш да го гледаш носот, усните.. Па во вакви случаеви тие што прават пластични операции се сосема во право, ако те направи посреќна тоа, направи го. Само треба да се биде свесен за последиците, не испаѓа секогаш се како што сакаме. И секако дека е добро кога поднесуваш нешто на себе што навистина ти пречи и не подлекнуваш на пластичните операции, ама некои едноставно не го можат тоа. Сите сме различни.
Големо НЕ освен кога се работи за ушите. Сметам дека само тоа не предизвикува голема промена а останатите промени не ги прифаќам не изгледа добро и незначи дека ако некој нема самодоверба дека со операција ќе го реши проблемот сепак тоа е во главата не во телото. Кога ќе видам зголемени усни УЖАС не изгледа добро и од на километар се приметува. Гледав некоја емисија во која оние што веќе имаа силикони на некој дел од телото зборуваа дека им станува зависност кога еден дел ќе го завршеле им се јавувала идеја нешто друго да преправат исто и хирурзите ги убедувале дека треба да продолжат
Предизвикува и тоа како. Имав другарка со доста клемпави уши која пред неколку години се реши да ги корегира. Не можевме да и` се навикнеме кога ја гледавме со собрана коса добри 2 месеци. И претходно носеше собрана коса, но од комплекс никогаш не ги покажуваше ушите. Нема потреба да кажам колку и влијаеше на самодовербата. Влијае и те како, џабе што ти во главата си зацртал дека не ти е комплекс и дека си се прифаќаш таква каква што си, кога целиот муабет ќе ти падне во вода кога ќе се погледнеш во огледало и ќе ги видиш тенките усни, клемпавите уши или кривиот нос. Тоа во вториот дел од постот ми е карактеристично за Америка и нивните риалити шоуа од таков тип. Кај нас и ретко кој може да си дозволи такви зафати од чист аздис. Не им е целта на пластичните операции да не предизвикаат никаква промена, напротив, крајниот резултат од истата треба да изгледа убаво и да направи личноста да се чувствува поубаво во сопствената кожа. Е, сега, убавото е релативно, жив доказ за тоа ми се Бугарките. Нема дел од телото кој не им е пластичен и пренагласен. Таква промена на личниот опис дефинитивно не ми се допаѓа и не ја оправдувам ниту пак ја разбирам потребата од истата.