Ne znam, zavisi za kogo kako. Jas nemam potreba da menuvam neshto kaj sebe i duri sum pomlada ne bi podlegnuvala na takvi zafati. Ako se raboti za povozrasni zheni koi sakaat da si ja ochuvaat ubavinata i mladolikosta, poddrzhuvam. Inaku, ne me interesiraat nechii defekti. Navistina ima nekoi zheni koi od potprosechni preku operacii stanale poubavi, ama ima i takvi koi se douprpastile (nekoi duri i zdravjeto si go upropastile), nema pravila okolu ishodot. Taka da i da poddrzham, i da osudam mozhe da zgresham, pa podobro da ne se mesham vo neshto shto ne me zasega.
Има некои трупаат и трупаат силикони. А незнаат дека природната убавина е најубава. Оваа сигурно била убава ко обична девојка, а сега како марсовец, не е убава.
И глумицава има ставено силикони секаде, а сепак изгледа поприродно отколку таа на претходната слика. Јас не би ставила силикони. Природно си е природно.
Во фацата и се приметува. Градите не и се приметуваат. Јас да би бил женско, и доколку би имал мали гради, би ставил силикони.
Моето мото е, ако може нешто да се направи, да се поправи за да ти изгледаш убаво, да се чувствуваш убаво и да имаш самодоверба тогаш слободно. Нормално, поддржувам пластични операции во границата на нормалата, а не да се унаказат до непрепознатливост. Јас на себе би ја зголемил само висината, плус 5-6 см. Ете, само тоа, не дека ми смета, ама би сакал да сум повисок. Братучетка ми лани стави силикони на градите, нормално според нејзиниот облик и градба на телото, а не ги дигна до заби како некои што прават. И јас како Марик кога би бил женско би си ставил силикони ако не би бил задоволен од големината.
Немам против ако стварно мора зошто да не Јас лично здравје боже да имам дете и Пример клемпави уши или слично..да има одма би го решила тоа заради тоа што кај нас народот е таков ее со која оди * соо онаа КЛЕМПАВАТА* ..мислам. тапа е..и греота а вака по со време и готово..Мое мислење
Не ги поддржувам пластичните операции, сметам дека секој си е убав на свој начин и секој си е приказна за себе. Господ дал што треба, па мислам не треба на кој како ќе му текне да се видоизменува. А, зошто сето тоа кога она што е дадено од природата е тоа што на секој му е потребно, секој е убав на свој начин, а убавината е во оригиналноста и еднинственоста.
Естетска корекција на нос, уши да. Меѓутоа она што веќе стана тренд: гради, задник, усни е претеризам.
Корекција на уши , нос да . Евентуално силикони но без претерување не бива сите карикатури да се прават .
Лицемерно ќе биде да не ги подржувам. ...Кога би можела во иднина сакам да ставам силикони во градите.Не преголеми, c cup.
Во некои случаи да, на пример при аварии, или корекцијата за уши. А онака немам ништо против тоа се додека не е претерано..
Се додека е во границите на нормалата и доколку тоа би ја подобрило самодовербата на таа личност, тогаш зошто да не. А пумпање со силикони кај ќе стигнеш тоа веќе нема смисла и сметам дека е од „бес“ како што кажа некој погоре.
NE! -Sekoj treba da si go saka toa sto go ima. opravduvam nesto (nos,usi) drugo nee (gradi,usni,zadnik)
Естетски корекции на уши нос да а вградување силикони само од не дај Боже рак на дојка. А иначе за да си мафтаат балончиња по гредов и на Инстаграм не.
Само на уши и нос и евентуално гради , ако е без ич или од здравствени причини. Не ги разбирам со напумпанине муцки, зарем не се гледаат на што личат, нит природно, нит убаво изгледаат, дури одвратни се на сликине по социјалнине мрежи. Кај устата и личи на лептир машна, уште и темен кармин еден тон, па напучена мислиш ќе и отпадне тоа силиконот.
Природно си е природно. Што се работи за мене, не би никогаш отишла на таква операција. За жал, има многу девојки кои и со операции се трансформираат во "страшило". Но, додека некој сака да прави пластични операции, нека си прави, немам ништо против.