Женски , сместете го ова во соодветна тема ако не и е местото тука .. Јас имам проблем што како помала бев баш дебела и уште од тогаш имав големи гради , ама со тек на време ослабнав и така и повеќе градите ми омекнаа и “паднаа” , може да ми предложите нешто што би ми помогнало во “кревање” и затегнување за градите ( испробано ) дека многу сум млада и жал ми е вака да ги гледам ..
Не ги поддржувам, освен ако станува збор за ситуација каде лицето има сообраќајна несреќа итн., тогаш да. Само нема да разберам како мажите не разграничуваат вештачко наспрема природно.. Пример, има ситуација каде е повеќе од очигледно дека се правени куп операции и они запнале и фаворизираат некоја таква
Поддржувам, секој има право да прави што сака со своето тело. Доколу мене нешто би ми сметало од личниот изглед и доколку знам дека со пластична операција би ми се решил проблемот така што ќе ми се зголеми самодовербата а и ќе ме направи посреќна, тогаш и јас би си направила операција...
Ако некој има долготраен и ненадминлив проблем со самодоверба поради одреден дел од телото, немам ништо против ако е спремен и тоа го направи за да се чувствува подобро. Жално е само кога кај некои луѓе (посебно девојки и жени) работава со операцииве преминува во зависност, па дискутабилно и парадоксално е да се зборува за самодоверба со тотално извештачени, непрепознатливи изгледи со кои се продолжува еден тренд на нереални општествени стандарди за убавина.
Ако се работи за некој здраствен проблем што би се решил со пл.операција ,подржувам.Исто ако се работи и за подобрување на физичкиот изглед ,се додека е во граница на нормала ,ок е
Да подржуваш пластични операции значи дека подржуваш да се учат жените дека не се доволно убави, доволно добри или не исполнуваат некои замислени стандарди за убавина. Пластичната хирургија е беспотребно касапење на своето тело, Наместо да ги учиме жените дека сѐ може да се среди со пластична операција, треба да ги учиме да се чувствуваат удобно во своето тело. (ова ми се однесува за чисто естетски интервенции, за здравствени проблеми е сосема друга приказна). Да, викам жени затоа што жените се најчесто оние што посегнуваат по пластични операции. Чисто мизогина индустрија е. Како феминист не можам и не сакам да ја подржам.
поддржувам и тоа многу. некои луѓе имаат ниска самодоверба поради некои нивни ‘недостатоци’. 100% сум за.
А шминкање на машки поддржуваш, нели? Каква одвратна лицемерност! Тоа што и машки за жал, избираат пластични операции, не го спомнуваш? Кој вика дека само за жени е тоа пластичната хирургија?
Не би сакала да ги поддржам, чисто поради тоа што во овој 21ви век својата замисла за идеален изглед ја градиме врз основа на пластични манекенки, многу често и не сакајки. И сите ние се споредуваме со нив. Добиваме 1000 комплекси понекогаш не свесни дека тие наши модели и не се баш такви во реалноста. Мажите пак се наводно "против ваквите хируршки зафати" но факт е дека несвесно се палат токму на таквите. Од друга страна би ги поддржала само поради тоа што тие можат да променат многу кај луѓето со ниска самодоверба поради некој свој физички недостаток. Луѓе кои целиот живот биле исмевани поради тој недостаток и сосема ја изгубиле желбата за живот. Тоа би ги направило среќни, а што е поважно од тоа? Каква е поентата на тој живот дотолку сме несреќни.
Ако не треба да подржуваме пластични операции, не треба ни фитнес да подржуваме. И во двете луѓе прават нешто за да бидат поубави. Мислам кој што сака нека си прави.
Да, немам ништо против некој да прави пластични операции доколку таа промена го/ја усреќува. Иако во најголем број случаи кога ќе започнат со една операција продолжуваат и понатаму до доаѓање до степен на непрепознатливост што лошо се одразува на нивниот изглед.