Zdravo, dali nekoj znae doktori vo ili okolu makedonija koi pravat dobra addomenoplastika i leposukcija
Ne poddrzhuvam "nadopolnuvanja" zatoa shto deluva ubavo samo na slika, u zhivo se poznava i izgleda veshtachki. I ednash koa kje pochnesh, nema nazad. Ako vekje zapochnesh, bolje na stari godini 40+.
Нема поубаво од мајка природа тоа е точно. Али би направила на нешто зашто да не. Така да, да јас ги подржувам пластичните операции.
Зависи, само ако е нешто екстремно, па да се корегира, тогаш би разбрал. Имаше една девојка шо многу ми се свиѓаше, си направи пластична на носот и искрено ми го расипа филмот. Претходно имаше баш слатко носе, сега некако ми е пресовршено. Ама знам дека и беше комплекс, така да не ја осудувам...
Сѐ што е природно, не забележливо е океј, подржувам. А се што се приметува и е претерано, не подржувам.
Duri si lici na sebe okej e No, mnogumina go menuvaat licniot opis najcesto kako so kalap da se praveni isti..
Абе ајде. Банирана си, знам, али не можам да се воздржам. Не значи дека поради мизогинијата се прават естетски операции, има милиони мажи и жени што биле израснати во средина каде искусиле љубов и топлина, но не се задоволни со изгледот, па променуваат некои работи. Јас повеќе ги осудувам тие што ги гледаат овие луѓе со криво око, а и мислам дека произлегува од поизвесна љубомора, како може некој што имал пластична операција да е толку среќен??!?! Тоа може.
Повеќето што прават естетски операции ги прават со цел да се допаднат на другите, и да ги задоволат општествените стандарди за убавина на кои и самите се индоктрирани за време на своето растење. Во психологијата овој феномен сe води често под категоријата BDD (Body Dysmorphic Disorder), бидејќи се смета дека потекнува од претерана перцепција на сопственото тело, и воочување на наводните физички недостатоци кои индивидуата има потреба да ги коригира. Ова нарушување во најголем процент е заслужно за посегнување кон естетски операции кои имаат тенденција да преминат во зависност доколку личноста со психотерапевтот континуирано не работи на отфрлување на нездравите механизми на размислување. Дури голем дел од нив се дојдени до степен да имаат и сексуални лимитации поради т.н. ,,физички недостатоци" кои не им се допаѓаат. Тажно е сето ова, но не може да го промениме бидејќи пластичните хирурзи (особено познатите) заработуваат милијарда долари на Годишно ниво имајќи вакви жртвички, овцички за стрижење. Само во Македонија во приватна ординација, една пластична корекција на стомак или гради чини над 50 000 евра. Што да кажам...,,модерен свет''.
Ги поддржувам, ама на улица не сакам да ги гледам. Кој што сака нека прави со себе, ако мисли дека треба и да се изобличи, нека се изобличи, не е тука мене да ме импресионира со својот изглед. Постот на Диенџл држи вода, ама мислам дека е ептен ahead of it's time. Треба многу работи да се сменат за да дојдеме до таа дискусија.
Ги подржувам, но тоа не значи дека секогаш ми се допаѓа крајниот резултат. Добро е што има можност секој да промени одредени работи кои не ми се допаѓаат, без разлика што мисли околината. На крајот на краиштата треба ти самиот да си задоволен и среќен со тоа како изгледаш. Ако тоа те прави среќен, воопшто да не ти е гајле за другите! Ако на некој не му се допаѓа, не мора да те гледа.
Во денешно време почнаа многу да ги злоупотребуваат пластичните операции. Јас поддржувам оперирање на уши, нос.. нешто што стварно влијае на самодовербата. Ама она преполнување на усни, јаболчници, гради огромни, силикони во задници ми е премногу. Јас затоа што имав прилично тенки усни иако супер изгледаа на мене се запнав филери да ставам и ставив во граници на нормала. Сега да ми е овој памет не би ги ставала. Мене само ме интересира како ќе изгледаат истите на 40 кога на 25 изгледаат како за 40.
@Acronia 50000 евра???Од каде овој податок? Онда таа ординација ќе нема баш работа. Поддржувам пластика. Лугето од секогаш го модифицирале телото: со тетоважи, златни , сребрени заби, вратови издолжување, стапала смалување, корсети носење, пирсови. Отсекогаш, не е тоа модерна измислица. Иако немам пластична направено досега, освен вена проширена отстрането, грда беше едноставно, не ме болеше баш, сепак сум присталица нивна. Имам филери и ако мислам , што знам, дека фејслифтинг ќе ме направи позадоволна, ќе го закажам. Гајле ми е дали Славица и Трајанка мислеле дека испран ми е мозокот. И јас што мислам ако почнам на сите да им редам што не ги познавам, мега смарачина ќе испадне. Ако не па и порцелански заби да исплукаме, упс тоа порцелан е , не пластика... Мое тело, мои пари, пе.ис ми е, двор ми е...
Не го разбирам карикирањето . Неколку илјадарки евра се пластиките. Во мк ретко кој ќе има да плати ако се неколку десетици илјади евра.
Изедначување на шминка со пластична операција која изискува трајно модификување на телото и може да има ризични последици по физичкото здравје ако не е изведена правилно, ќе се согласиш дека не е исто, нели? Прашањето ми е до сите коишто поддржувате, (не само до тебе Keanu), ми е зошто едноставно не се прифатиме онакви какви што сме со сите свои маани и недостатоци? И себе сѝ и светот околу нас? Со свиснати гради, со малку вишок килограми, ниски, високи, убави и ,,помалку" убави? Зошто не се стремиме психолошки и духовно да го унапредиме светот така што би се залагале за подобар стандард, поусовршена технологија и живот во склад со законите на природата? Зошто е сето ова олку тешко? Кога си ги искомплициравме основните начини на опстанок и зошто?
Затоа и услугата која ја добиваат не е еднаква како на ординациите во странство. Ретко кој од нашите пластични хирурзи е доволно обучен и го прави она што го знае на најдобар можен начин. Цените се многу повисоки во странство, ама и наши девојки и момци одат да се оперираат таму. Некои се оперираат и во Мк, ама повеќето не биле најзадоволни од резултатите.
Овие 2 фрази се скоро па антоними. Напредна технологија често не е во склад со природата. Не мислам дека не се прифаќам. Ако имам грд нос, него не го прифаќам и ќе го сменам ако ме комплексира. Не дека магично ке станам подобра особа, ама зошто да не. И цараки рез има ризик и не е природен, па сепак е избор.Еве јас не прифатив дека треба природно да раѓам. Јес да имав индикација ама и да немав, ќе барав или неприродна епидурална или неприроден царски. Исто ми е со пластика, не одам да му велам на овој оној да не се пирса тетовира ил шознам што што си прави на телото, сепак може да закачи хепатит, па не сакам ни мене некој да ме замара.
Ако некој е посамоуверен со големи гради и мал нос нека прави операција. Лицемерно е да кажеш дека не е природно а сите вие користите неприродни работи: интернет, машина за перење, клима, анестезија за заб. И во дивина да живеете, пак не е ваша работа да кажете дека некој правел пластична операција затоа што е психички пореметен и дека не треба.