Мислам дека не ја разбираш доволно фразата. Живот во склад со природата подразбира да не се загадува околината со токсични материјали. Исхраната да биде здрава, да се развиваат агрокултурата, флората и фауната. Кесите и пластиката да се сведат на минимум, или пак да се најде нивна соодветна замена. Додека напредок во технологија значи посериозен ангажман и вложување во замена на нуклеарната енергија со нулта енергија, или ZPE.
Кина гори јаглен и нафта, исто и Уса, нуклеарната уште на ред не дошла, а во мк нема ни да дојде, не знам која централа е најблиска , Кршко или Козлодуј. Веројатно нивните гласачи ќе одлучуваат. Овде каде живеам, зелените се прити алајв ен кикинг..овде гасот е веќе прогласен за нечист. А пусто немаше ветер доволно за ветерниците, ни сонце за полињата со соларни панели. Што за мене е сосем друга тема од буб џоб. Али ок. Кој како си сака нека си се сака себе. Немам против. Само сакам јас да одлучувам што со моето тело. Благодарам на објаснувањето.
Како што минува времето сѐ повеќе се наметнуваат стандардите за убавина и ништо чудно што многу луѓе сакаат да се вклопат во нив, особено жените. Плус социјалните мрежи уште повеќе прават притисок. Она што нѐ прави уникатни го нарекуваме недостаток и сакаме да го исправиме за да одговара на општественото наметнато убаво. А на бизнисите нормално дека им одговара да не сме никогаш сосема задоволни со себе за да си ги продаваат нивните производи и услуги. Сѐ на наши незадоволство и несигурност. Не, јас не сум за пластични операции, ама нормално не можам да кажувам кој што да прави. Лично мое мислење е само бескорисно и често опасно изобличување на телото.
Bas dobar post od baniranata clenka, cista mizoginija. Ne se doveduva vo prasanje slobodata na izbor nikoj ne vi brani i rogovi da stavite, prasanjeto e kolku niska samodoverba i promaseni vrednosti ima licnost sto stava akcent na plasticna hirurgija koja namesto da raboti na unapreduvanje vo karakter i intelektualni sposobnosti se fokusira na nerealno postaveni standardi za ubavina koi sto samo doveduvaat do degradiranje i podredenost na zenata u opstestvoto. Skroz antifeministicki stav e poddrska za estetska hirurgija.
Дентина, јас само сакам да живееме во свет каков што опиша Енџи. Свет во кој би се прифатиле такви какви што сме, зошто ,,несовршеностите" ни се со причина дадени од природата. Во Македонија и без централи сме beyond repairing. Моите бели дробови (иако непушач) се направени сол од ,,здравиот" воздух. Правев РТГ и бев во шок колку воздухот има импакт врз здравјето на плуќата. И да, јас знам дека ова што го пишувам звучи утописки, ама тоа не го менува фактот дека треба да се осврнеме повеќе надвор од себе наместо кон себе. Со пластична операција не менуваш апсолутно никаква суштина, еколошка, технолошка или било каква друга вредност. Напротив, се менуваш себе на начин на којшто општеството те има научено дека треба да изгледаш. Со помалку притисок сите би биле посреќни.
@Acronia кој кажа дека прави операции за другите? Еве јас би ставила ботокс лично за себе и за никој друг. Никој не ми кажам дека не ми е убава брчката на чело ама мене не ми е убава.
Само што буквално СЀ па и не треба да прифатиме. Тоа што не ни штети и не може да се смени на подобро без ваква операција да. Кој како сака де. Ама не сакам лекции ако сум решила да сменам нешто на овој или оној начин дека сум искомплексирана особа.
Се сложувам со многу од тоа што го пишуваш. Но желбата за поголем задник , поголеми или помали гради, уши кои не се под агол од 70 степени, или желба да исчезнат брчките некако ми се сосем човечки. Како и желбата да се раѓа без болка да се поправа заб без болка, да се одвезеш со авион преку океан иако можеби брод помалку ЦО2 ќе произведе ( ова сега јас карикирам) Не верувам дека некој деус ни дава или не ни дава нешто со некоја цел, генетска лотарија е. Не можам да ценам уши под агол пд 80° на својата глава , за туѓите не ме занима. Можеби сум бедничка неотесана на феминистички начин, ама бедна за себе сум, не за тебе или за Славица .
Зошто мислиш дека големите уши се недостаток? Кој те научил да ги гледаш во огледало како недостаток? И што е убавина? Кои пропорции се прифатени за стандардизирана убавина? Не знам, навистина. Затоа прашувам.
Грешка. Голема грешка. Во бременоста се здебелив и имам многу стрии на стомак. Родив со царски. Имам линија. Дојам повеќе од 2 години и градите ми виснаа. Имам и вишок килограми. 10-15. Ништо од наведеново не ми смета.
Ама ај сега да не претеруваме дека сите што сме сакале да смениме нешто сме манипулирани. Не зборам за пластични операции само. И фитнес индустријата е бајаги плукана оти наметнува стандарди или влече пари од нечии несигурности. И кога бев слабичка ми коментирале. И кога бев видливо поправена ми коментирале. И кога качив мускулна маса ми коментираа оти сум искомплексирано створење и дека вежбам оти не се сакам себе (уау). Баш спротивното е ама нели, да се каже нешто Според ова, стандарди технички не ни постојат. Оти и тие што ги исполнуваат тие "стандарди" што ги знаеме, ќе се најде некој што ќе им рече оти се нереални, пропагираат нереални стандарди со рамниот стомак на слики, прават останатите да се осеќаат лошо итн итн. И...кои се стандардите ако секој, ама секој е критикуван?
Јас ги поддржувам пластичните операции до некаде.Сите сме родени со некоја маана или нешто што не ни` се допаѓа на нашето тело.И во тој поглед ги поддржувам, бидејќи некој можеби ќе си се сака повеќе со помал нос, поголем задник, поголеми гради и тоа ми е сасвим океј.И јас лично би направила естетска корекција на себеси, ама ЗАРАДИ СЕБЕСИ.Не заради другите. Поддржувам додека е заради себеси и во граници на нормалата, не случаеви кај што се прават како Сораја, Human Barbies or Kens.Тоа ми е гадно мноогу.Се гледа дека е фејк, јас сакам да е пристојно и неприметено. Е сеа, 21ви век, време на социјални мрежи и на интернет револуција, секој втор има Инстаграм, сите пратат модни или било какви трендови, сите подлгенуваат на помодарство.Интернетот ни` кажува какви треба да изгледаме, што е ,,добро" што е ,,jaко".И мислам дека во последниве 10 години доста од тие операции се дешаваат под влијание на општеството. Еве јас лично пример неам некои големи гради, а машкиве пример си сакаат поголеми од моиве, и јас сегада одам да ставам силикони за јас утре ден да им се допаѓам на мажите и да ме примети некој.Најпластичен пример давам.Еве мене лично ми се има случено, да ми кажат машки ,,немаш цицки" , океј немам и? Голема работа, јас себеси се сакам ваква, да би ставила може силикони ама за лична сатисфакција, бидејќи имам замислено слика од себеси и сакам да ја остварам.Јас пример не паѓам лесно психички така ако некој ми каже немаш ова или имаш вишок она.Па ме заболе, на крај краева светот има 7 билиони луѓе. шо ме заболе мене дали Стојко од Скопје ме сака ваква или онаква. Ама ова сум јас, а знам, буквално глава давам дека има девојки/жени/мажи што ги прават тие зафати за да бидат прифатени од некој од страна.И тоа ми е жалосно малце, немање самопочит и самодоверба. Кој што сака нека прави само да е во границите на нормалата пошто е гнасно во некои ситуации. https://www.insider.com/extreme-pla...ries-in-journey-to-look-like-britney-spears-7 вакви некои и ред други..
Зошто некој треба да ми каже? Или научи. Јас гледам и не ми се допаѓа. Не е недостаток. Не ми е убаво за око. Не сум искомплексирана и не се споредувам со некоја си таму па да кажам, еј таа е таква сакам и јас да сум.
Не мислам дека големи уши се недостаток. Екстремно клемпави , а сум видела под прав агол на темпорална кпска се feature кој не ми се допаѓа. Не ме пали кај маж, не ми е елегантен. Ќе ме нервираа . Но оној што си ги сака, ич нема да му спорам. Супер. Убавина е клизна категорија. Но моделите еве порано личеа едни на други во пропорциите. Плави очи се обично повпечатливи. Скоро секој стандарс е на некој начин поврзан со сексуалниот нагон кој факт е дека го имаме. И потта е природна,ама почнува да смрди под влијание на бактериите , па се трудиме да го избегнеме тоа. Што знам. Лицемерни се стандардите. Ама како да ти објаснам дека мојата проширена вена низ цела нога ми пречеше на 14 години а ми пречеше и на 30 кога ја опееирав. Моите родители имаа неоперирани вени. Никој не ме натерал. Не знам, језива ми беше и не ставав кратки фустанчиња оти имав нешто сино потечено и извијугано на ногата. Не заговарам секој да ги вади.
Ne treba nikoj da ti kaze zatoa sto vekje ti e indoktrinirano, ti mislis deka tebe ti smeta a vsusnost nemase ni da go zabelezis ako ne znaese za nekoj si standard na ubavina koj sto se promovira a ti pasivno go prifakjas.
Дека денешно време се е извештачено и се наметнуваат некои си стандарди од ама воопшто небитни луѓе тоа е жално. Но има разлика не секоја пластична операција или корективна хирургија е заради тој нездрав стандард. Еве јас како мала сум правела операција на ушите. Тогаш немаше телефони, интернет, правам муабет пред 20 години. Со кои погрдни зборови го поминав цело основно школо не можете ни да замислите. Ете сум се родила со клемпави уши и верувајте смета. Кога од мала ќе те нарекуваат со такви зборови не е лесно. Со плачење секој ден дома. Не е лесно верувам ни за родителите. Да знаете кога ја направив операцијата со целосна поддршка од дома колку само бев среќна. Така што корективната хирургија апсолутно ја поддржувам. Ако така било кој се чувствува посигурно во себе зошто да не. Вештачење целосно на ликот искрено не го разбирам но има и такви, за нив би рекла нивно тело нивен избор.
Јас сум направила пластична операција по моја иницијатива, лично за мене. Маната што ја имав на моето тело, си ја средив и пресреќна сум, посамоуверена ..... Секој има право што сака да прави на сопственото тело и не е никој за осуда. Пластичната операција не е за вештачење на својот лик или тело, но секој си сфаќа различно.
Добро ај убеди ме дека јас не знам што сакам, мислам дека сакам ама наметнато ми е и немам поим дека е така.