Да, но повторно не ми одговори прашањето. Кој ги креира стандардите за убавина, од кого си научила дека клемпави уши не се убави ,,за око"? Односно дека се естетски непожелни? Апсолутно е наметнато.
Не сум битна јас и моето мислење, ама да тврдиш дека пластична операција не е општествено наметната во свет во кој модните стандарди се ненормално високи е некоректно водење инат.
Мислам дека не си го разбрала мислењето.Тоа како дома ќе те гледаат нема врска со очекувањата на светот со кои ќе се соочиш надвор од домот. Гледаш, најголема грешка е кога мислиме дека имаме слободна волја.Немаме.Идејата за убавина ни е многу помалку наметната од природата, а многу повеќе од општеството во кое растеме.Затоа и стандардот за убавина кој тука многу лесно се постигнува со хирургија, на друго место и во друго време не е толку посакуван, на пример.Малку проширете ги размислувањава зашто темава е покомплексна од сакам - не сакам.
Сите девојки во МК се повеќе си личат една на друга баш заради полнети усни, корекции на образи и веѓи. Особено од 20-30 год популацијата.
Мм појма немам, сигурно лобито на пластичните хирурзи не. Оти кога имав 6 години, во СФРЈ ниту знаев дека постојат пластични хирурзи, па сепак оние со клемпави уши и наочари беа зезани од соучениците. Јас бев зезана за витканата коса, па ете не ја исправив. Убава ми е мене. Грбавиот нос не ми е. Лузни на лице убави ми се. Не знам зошто . Ерос и Танатос. Има нешто во Белучи што им е привлечна на многу и нешто во Роналдо кога имаше криви заби што е непривлечност. Некоја хармонија на лицето. Подемот на пластичарите е ради побарувачка, а дали сексистичкото машко лоби е криво за тоа, можеби. Мене родителите не ми велеа дека вените ми се грди ниту ме зезаа за нив на школо, некако самата имав одбивност. Всадена? Мејби. Од кого? Не знам.
Претпоставувам не си постара од 35 години. Во времето на СФРЈ манекенството не беше распостранет бизнис, но секоја онаа која беше барана за моделинг требаше да исполнува дебело високи критериуми за убавина и изглед. Се сеќаваш? Како беа пропорциите, 90:60:90 ли? Висина над 170 cm требаа да бидат? Е-хеј уште тогаш. Инаку да, ние стремиме кон совршенство, ама факт е дека нема да го достигнеме. Никогаш. Бидејќи совршенство не постои. Ниту Светот, ниту универзумот ниту човекот не е совршен. Ма ни приближно, се е илузија.
https://www.google.com/amp/s/mundig...-of-persia-for-whom-13-men-committed-suicide/ Princess Qajar Tha beauty symbol of Pesria. Oпштеството наметнува критериуми низ многубројни медиумски и друштвени алатки, тоа што кај нас се смета за убаво во Србија е просек, во Франција нашминкана жена се смета за неморална многу ретко e да сретнете нашминкана девојка во Париз итн.итн. секое општество поставува стандарди иако и во пошироко смисла се поставени одредени стандарди во светот.
Јас не кажав дека некои од сите не се оперираат за да бидат прифатени. Ама луѓето имаат тенденција да прават промени за општеството. Не само за изгледот. Туку за карактер, професија, углед, итн. Некои дури и сексуалноста ја кријат. Или дека се транс. Ама добар дел прават операции затоа што така сакаат. Јас изгледам далеку од идеално совршено и од наметнатиот идеал за убавина денес. Не се ни стремам да го постигнам тоа. Ама сакам стомак без стрии и чело без брчки. Кроп топ не носам и кога би го измазнила стомакот тоа би било за мене. Ни брчката не ја забележуваат други, барем не од прва ама јас не сакам да ја имам за мене. Кога ке се погледнам во огледало да сум си убава. Ако некогаш ова е можно без болка и без операција ке го направам.
И ја би сменила некои работи и би отишла на пластична хирургија.Ама не се лажам себеси дека ќе го направам заради мене, зашто тоа е нереално.Поимот за убавина е во најголем процент научен, само малку е вроден во нас.Стрии и брчки се нормална работа, не ни треба да се класифицираат како убави/грди, рекламите се оние што ја имаат создадено идејата дека треба да се отстранат.Ама сите тие работи се прават полека, лукаво, да си изманипулиран а да не знаеш.
Во денешно време најчесто сакаат пластични операции за да изгледаат како Кардашијан-Џенер. Мислат дека тоа е убаво. Не сум совршена. Ама фала Богу и за ова.
За кого би ги избелила стриите на стомак ако не за себе? Кроп топ не носам. Брчките нема да ги полнам со ботокс ама да не боли би ги. За да сум задоволна од себе. Џабе ме убедуваш уште долго ама тоа е мојот став. А дали некоја таму можеби и ребра вади за да најде шеик во Дубаи.
Џабе пишувам кога одбиваш да разбереш.Ако живееше сама на планина, без контакт со луѓе, ќе ти сметаа ли стрии и брчки?Ја немам против пластични операции како што кажав горе, тоа е што е, само сакам повеќе луѓе да се свесни дека масовно сме изманипулирани.
Јас од дома работам од скоро, пред тоа не работев. Движење во народ ми е ограничено. Неколку пати месечно со другарки. Секој ден само кај мајка ми кај свекрва ми одиме со син ми. Тоа е се. Стомак не разголувам освен на одмор 10 дена. Мислиш дека за тие 10 дена ке ми е битно кој ке види стрии? Или за на кафе? Маж ми веќе ме знае со сите брчки стрии и целулит, не треба да го заведувам.
.Влијанието што го добиваме е резултат на долги години медиумска и индустриска пропаганда, не е нешто што е резултат на одење кај свекрва или другарка.
Колку не си ме разбрала... Медиумски се промовира и фит тело кое јас го немам. А не ни работам посветено на тоа. Уште помалку да одам по третмани.
Ако погледнеш низ историјата кога немало медиуми ниту пластични хирурзи ќе видиш дека и тогаш жените правеле многу работи за убавина. Како настанале корсетите, како настанале градниците??? Во 17 век Луи 14 не бил задоволен од висината, според тебе сигурно медиумите делувале на него па носел штикли. Доколку некој прави пластична операција поради некој друг а не поради себе, тој/таа не треба да ја прави таа операција. Убавината е индивидуална, она што тебе ти е убаво, може на некој друг да не му е. Нема стандардизација. Секогаш, ама баш секогаш, операцијата треба да се прави за себе. И треба да изгледаш онака како што ти сакаш. Дали ќе биде тоа со шминка, со филери, операција, изборот е твој. Твое тело, твои правила. Важно е ти да се сакаш себе си и да се чувствуваш најубаво во твојата кожа. Скратено, Да, ги поддржувам. А дали би правела, сега за сега Не, можеби во иднина.
Секако дека се наметнати. И стандардите еволуираат. Технологијата само овозможува полесно да привлекува публика. Колку и да речеме за себе го правам ова, факт е дека не е целосно вистина. За дома не се шминкам ама затоа надвор ако излезам да. Влијае на самодоверба а таа самодоверба е потребна при интеракција со други. Комплексите исто, не се прифаќаш каков си оти знаеш дека има ,,подобро". Различностите нѐ прават убави, стареењето е нормален процес, ама затоа сѐ би дале за таа една брчка да ја снема. Пред неколку години жените со големи задници беа исмејувани, сега најпосакувани. Којзнае какви стандарди нѐ чекаат нареден период. На темата, не ги поддржувам, меѓутоа ако толку психички влијае на некој и сака промена, и не може да се прифати каков е go on. Негов живот негов избор.
Дома и по долен веш шетам, надвор не.. И надвор излегувам ненашминкана. Колку што се средувам за другите, очекувам и тие да се средат за мене. Што знам, туширани, со измиени заби, дезодоранс. Не очекувам да стават филер дека јас имам филер. Секако дека за себе го правам тоа, сакам одредена појава да имам. Да го правев за другите, маж ми лесно ќе ме разубедеше, дека тој не е фан баш на "enhancments". Или пак ако ја слушав фемина, каде еве има одреден презир кон тоа од одредени членки.. Сега.... да живеев во Тибет, гарант немаше филер во уста да имам, ама што знам, веројатно будист ќе бев и ритуали некои ќе правев и се што припаѓа на тоа општество, за притисокот од Кина и за планинарска опрема ќе размислував. Од природно ништо поубаво, ама некогаш и природното не е убаво. Има природен израсток, природен варикозитет, природен хемангиом и слично.