Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги поддржувате пластичните операции?

Дискусија во 'Тело' започната од len4e, 27 декември 2009.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Едно е естетика друго е лична хигиена.
     
    На Tanjamm, Need for Speed и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Да , ама и за лична хигиена ижа стандарди наметнати од општеството. Различни во различни периоди.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Другари од муабетов добив желба да ставам филери на горната усна зошто долната ми е пополнeта. Негативно ми влијае темава, ќе правам малку пауза. :D
     
    На spacegirl92, Biljarkata, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Стави во долната ( ама звучи ова:D) поинтересно ќе изгледаш:P
     
    На Ugly Duckling, Mantub и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Јас да ставам во долната... пошто ми е мала :D
     
    На Ugly Duckling и Dentina им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Ех ,да , ќе цениш добра 17ка онда:P
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Шо е то?

    Ако прам нешто, цицкиве ќе ги напрам... да не ми гледат надолу :angel:
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Срцки дајте ми инфо за липосукција плз:l:
    Фала
     
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас па цицки ич не би чепкала, многу вештачки ме делуваат така издигнати и надуени, се приметува фејк се. Има прекрасни градници и др.начини за подигнување.
    За естетски зафати не сум против, лично можеби операции за вадење сало од мевот би правела, друго брчки немам премногу, не би пеглала, а и да станат подлабоки што знам тие мене ме дефинираат, возраста, мои си се и стриите си ги сакам. Сега со бикини ми се гледаат и му викам на маж ми ај сите ќе мислат сум родила, а детево не е со нас тука:D Во кратко би направила естетски зафат за да изгледам како што изгледав во средно со килажата, ништо др. не би чепкала, се сакам целосно таква каква сум и мислам ништо др. не ми фали.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Зависи од тоа дали ќе ставаш силикон и колку.
    Може буквално со твоето ткиво, само да ти ги подигнат.
    Ако не ти ги собира кожата, тогаш изглеаат ко од пластелин.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Да, има многу начини сега да изгледа се' поприродно и посуптилно, ама лично имам некоја фобија да ми чепкаат гради, ете за мевот ич немам мака, може и уште повеќе стрии да ми избраздат додека вадат сало ич не ми смета, не му ја мислам, ама гради, лице ау каква аверзија имам кон тоа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Абе грозни се и опасни сите операции...
    Најчесто смрт при хируршки зафат настанува од анестезијата.
    Ризикот е реално апсолутно непотребен.
     
    На Biljarkata, Amellie13, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Ти веднаш мислиш на силикон ала Цеца и Карлеуша. Колку добри силикони во гради има, памет ми се врти.
     
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас пак ќе кажам дека конверзацијава ви е ептен пред време. Точно е дека стандардите за убавина се наметнати, ама точно е и дека сѐ уште владеат. Нема некој со муабет да го разубедиш додека наоколу реалноста е друга.
    Чекајте, до пред некое време медиумски се презентираа само "совршени" бели и слаби луѓе, сега сме малку понапред, па се презентираат и совршени луѓе од повеќе категории.
     
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Има, има пишав подолу има мн.нови подобрени техники за поприроден изглед, ама ете имам јас лично некоја аверзија кон тоа да ме чепкаат на граден кош.
    Ако не од анестезијата, тромбоемболиите се огромен ризик исто така, затоа вакви зафати кај лаици и учени-недоучени, не доволно стручни во оваа област какви ги има во некои земји каде скоро секој изведува вакви зафати за многу пониски цени и се рекламираат како такви дестинации огромно не:shake:
    Во се има ризик, тоа е факт, така да јас за намалување на салово ќе морам по страинското:x
    Сепак пак ќе повтрам, не сум против естетската хирургија и зафати, само кога се рекламираат агресивно и ударно исто така треба и поинтензивно да се обзнанат можните негативни ефекти, она малото со ситни букви кога се потпишува согласност, се шалам не е со ситни, ама треба и тоа да се објасни детално.
     
    На WildMk, Biljarkata и Annath им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ги поддржувам.
    Не сум правела таков зафат досега, не ми е во план барем не за брзо, но никогаш не викам никогаш.
    Имам други модификации по телово (тетоважа, пирсови) кои сум ги направила затоа што јас лично сум мислела дека ќе ми стојат добро, и не жалам. А и да зажалам некогаш, пак не е ништо трагично.

    Дури и ако сметаме дека пластичните операции и стандардите за убавина се на некој начин наметнати, тоа за мене не ги прави негативни... Ако ве прават да се чувствувате подобро, поисполнето, go for it. Возразни сме и знаеме да ги процениме ризиците и добивките.
     
    На Anie93 и Dentina им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А мене па искрено ми е скурчено од такви кои се чукаат во гради колку се имуни на било каква "манипулација" и другите ги гледаат како гревчиња за било каква постапка.
    - Си ослабел/ставил мускул/вежбаш ецетра
    "Ама сигурно ова не го правиш ради себе, те манипулираат модната и фитнес индустријата да не се сакаш себеси. Ее, мене не може вака да ме лажат."
    - Се депилираш
    "Е како не, за себе се депилираш, те манипулираат таму рекламите"
    - Се шминкаш
    "А да беа сите слепи ќе се шминкаше? Не, знам дека не. Се шминкаш за да се допаднеш на други, греота како ве лажат"
    - Сум купила некое парче облека што дм ми рекол дека ми стои убаво.
    "Ах те жалам што дозволуваш дечко ти да одлучува што ќе носиш, ја на твое место нема да му потклекнувам вака"
    - Ставаш рандом селфи на Инстаграм
    "За другите го правиш тоа, за пусти лајкови, греота..."
    ...
    И така и овде.
    Недајбоже да кажеш си променил нешто, одма идат независните јаки светици да ти кажат колку живееш во лажен свет и те цедат со пари за да се допаднеш на други.
    Олабавете...олабавете.

    Ако не рекламира и промовира дека е океј, не ми смета. Ако сам решил да се касапи, нема да му се мешам.

    Едит - за такозваното fat positivity викате оти нивен живот, да не им се мешаме без разлика што им штети. Мене ми смета што на големо се промовира како нешто океј и сосем здраво и нормално.
    Епа ..така и овде, нели?
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
    На Anie93, Таа сум де, LuckyCharm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Дали ги поддржувате пластичните операции?
    Која сум јас да ги поддржувам или не?

    Мене не ми се свиѓа тоа што жените денес имаат ист тип на уста, пополнета и на ист начин обликувана со филери. Како и испакнати јаболчници. Но, која сум јас да кажам дека тоа ми смета? Фала му на Господ, секој си прави тоа што сака. Нити сакам да се мешам нити да ми се мешаат.
    Дали би направила операција? Лично, сега не зошто немам потреба но не велам дека не би можело тоа да се промени.
    Прашање на вкус е.
     
    На Dentina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.000
    Допаѓања:
    12.706
    Ако е од практични причини, во смисла има луѓе кои имале лузна, ја отстраниле, имале многу голем нос, или клемпави уши па ги намамиле, ми е ок. Инаку, тоа претерано експериментирање со себеси, некако води кон унаказување и ептен сите изгледаат шаблонски.
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Никој не се шминка за себе, никој не прави пластична операција за себе, никој не се депилира за себе. Можеш колку сакаш да го мислиш тоа, никој тоа не го прави за себе. Јас самата сакам да правам пластична операција, затоа што ми е огромна несигурност тоа што сакам да го сменам, а да не постоеа другите луѓе и нивните мислења немаше да бидам несигурна. Така да слободната волја за променување на изгледот е илузија, не ти требаше овој рент во кој испомеша триста работи кои немаат врска со темата.
     
    На mode-kristina, WildMk, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.