Да.Секој е господар на своето тело,па може да прави со него што сака и не секој има моќ да се сноси со она што му го дала природата која мора да признаеме дека не секогаш е дарежлива и е прилично неправедна.Зошто па некој да живее во свет со убави лица(тела),а своето да не може да го прифати?!Нема врска со храброст,а тука ниската самодоверба е оправдана и колку и да е површно,тоа лице треба да живее,заработи,основа семејство,а сепак карактерот не е доволен за да го носи сето тоа на плеќи,а нели прво нешто што забележуваме е надворешноста,а потоа карактерот и ќе излаже тој што ќе рече -мене надворешноста ништо не ми значи-,сите тежнееме кон пропорционални,убави нешта,дали предмети,дали луѓе,сосема сеедно.Пријатна надворешност секој посакува. Јас би направила доколку еден ден не бидам задоволна со нешто на себе.
Хмм ова е дискутабилно прашање и станува збор за различни мислења. Не може да се одреди дали тоа е нормално или не, зошто за некого е , за некого не е. Но мислам дека немам против, зошто со тоа се добива нешто што личноста го посакува и нешто што ја уништувало нејзината самодоверба претходно. Сепак мала корекција на некој дел од телото, без разлика дали е нос, уста, уши или било што, за некој значи подигнување на степенот на самодоверба, а со тоа и подобрување на сопствениот живот.
Јас имам правено пластична операција на уши и тоа 2 пати. Бидејки многу ми беа клемпави како на слончето Дамбо ми беа ипак не ми се како што ги сакам ама не ги дирам веќе...
poddrzuvam.zasto ako nekoj ne e zadovolen so usite, gradite, nosot i slicno, i ako ima prilika da sredi,zasto da ne go napravi toa. no sepak ne poddrzuvam 18godisna devojka da stavi silikoni na gradi
Да, ги поддржувам, зашто да не? Ако тоа ја прави една личност да се чуствува подобро и посамоуверено, тогаш зошто да не?
Секако. Ама само ако има вистинска причина за тоа. А не на пример, ако сакала дотичната да има нос ко госпожа Кејт Мос, или уста ко Анџелина Џоли.
И јас ги подржувам пластичните операции. Зошто да не се направи ако се има дел од телото кој не го сакаме, кој ни ствара проблеми и поради кој не можеме да се погледнеме во огледало? Зошто да не направиме ако поради голем нос, клемпави уши и сл. сме несреќни, затоа што пред се , таквите комплекси влијаат на самодовербата кај личноста.
Па ги поддржувам и не ги поддржувам .. Сепак какви сме такви сме,никој не е совршен,но бидејќи и јас имам еден онака мал комплекс клемпави уши е тука веќе поддржувам зошто и јас сакав да одам на операција за уфцињава.Ако стварно некој има потреба од таа операција нека оди. Имав еден комшија и направи на носот пластична операција носот му беше добар не му беше нешто посебно грд или напрчен,не знам каков и отиде човеков на операција и како по некое време не се сеќавам колку помина но му се направи како топче напред,и цел беше нос беше никаков,но тоа беше од дамна сега се е унапредено Значи ги поддржувам оние кои стварно имаат потреба
Јасно лично не ги поддржувам многу. Колку се убави , толку се и штетни. Едно што може да не ти погодат онака как што си сакал, од др страна може да добиеш разни инфекции и болести. Јас познавам едно девојче( Бог да ја прости) што праеше операција за поголеми гради кај еден мегу најдобрите хирурзи во Италија. Градите и биле супер погодени само што имала многу болки во нив и после тоа и открија дека добила рак . Многу жално
И да и не.Да тргнам од себе-ништо не би сменила бидејки ме страв да одам под нож.Меѓутоа колку поубаво изгледате со нив-толку е поштетно..Тоа е еден вид на навика.Еднаш-па двапати-па ајде и третпат.И на крај резултатот не е воопшто задоволувачки.Потоа ќе ви текне и ботокс да ставите и што ли уште не.Им се восхитувам на оние кои имаат храброст и волја за такви нешта.,меѓутоа не се ставам себеси во тој кадар.Но кој знае.Некој ден може ќе ми текне нешто
да ги подржувам но не сите.односно ги подржувам оние пластични операции кај луѓето што навистина имаат потреба од тоа. како на пример имаш лош нос, гради, уши и така натака, ако истото во животот ти претставува хендикеп зашто да не. меѓутоа за чатал за да имам поголем задник, усна, па продолжување на нозе незнам ниска сум е такви пластични операции не подржувам. али ако сум во можност и тоа како би направила една на гради
gi podrzuvam zosto da ne samo da nee preterizam so usni,gradi i neznam sto jas licno sum zaenteresirana za operacija na usite potocno ednoto use mie klapesto taka da moram da ja nosam pustena kosata noo imam strav od posledici,bolka i dali ke bide ocekuvanoto a problem se i finansiite pa ako nekoj znae kolku kosta kako sto e neka kaze pozz
ги подржувам секако но само ако стварно личноста што сака да направи ке успее тоа да и ја врати самодовербата т.е ако има потреба од тоа а не сеа некоја пуфла да дое и да каже мали ми се градите па ке идам на пластична да ми ги зголемат или сакам да имам уста како на џоли ...
и јас ги поддржувам но се во своја граница.Никогаш не се знае,можеби јас некој ден ке си ставам импланти на градите или пак би ја пополнила устата сосема малку Во секој случај,жената треба да се чуствува убаво макар и да направи пластична операција за да го постигне тоа ! Но,се во своја мера