Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги поддржувате пластичните операции?

Дискусија во 'Тело' започната од len4e, 27 декември 2009.

  1. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Па и со фитнесот (корективни вежби) затегаш,истенчуваш,пумпаш таму кај што мислиш дека треба... се корегираме....тоа го правам и јас и другите што го практикуваат.И разултатите траат се додека вежбаш ако залегнеш....се е тоа со цел да имаме поубаво тело и нормално да бидеме поздрави и позадоволни со себе...да си ја создадеме најдобрата верзија од себеси :)
     
    На MissAlena и SoniMoni им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.621
    Пол:
    Машки
    Ова ,,здравје со пумпање, затегнување, корекции, силикони" не го сфатив баш...:?:
     
  3. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    И кој дел поточно не ти е јасен
     
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Па и не баш, т.е. не размислувам на таа тема и не може да се каже дека поддржувам, затоа што немам потреба од нив. Да имав, или да имам во иднина, сигурно поинаков би ми бил ставот.
     
    На MissAlena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Пумпаш мускул бе дечко со вежбање со тежини ,го затегаш телото....Значи вежбаш за да го корегираш телото .
     
  6. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    3.268
    Во текот на животот (особено заради општествени трендови) една жена се соочува со многу прашања, дали ми се мали градиве, дали ми е мала устата, дали ми треба затегање, треба да ослабам... Или жената ќе се прифати онаква каква што е, или ќе посегне кон корекција. Јас имам многу мали гради. На почетокот мислев дека ќе ме зборат оговараат врсничките кога ќе облечам бикини, подоцна во животот сфатив дека не само што одлично и пропорционално ми стојат, дури почнав да ги "истакнувам" не носам пуш ап, носам нормално деколте некогаш и без прслук и одлично се чувствувам. Сфатив дека трендот и ставовите на другите не треба да ме засегаат. Има една изрека
    "What other people think of you is none of your business". За разлика од мене, мојата другарка не можеше да се помири со фактот дека градите и се мали и си направи корекција со селикони. Нормално дека не ја осудувам, сега се чувствува подобро, посамоуверено.

    Инаку, не компарирајте шминка, вежбање итн со "трајни" корекции. Исто така, стереотипот дека сите се шминкаат, немаат слики без шминка на социјални мрежи или натртени или не знам што, не е точно. Има различни жени и преференции. Јас преферирам природно, има жени што преферираат корекции. И не заборавајте дека најчесто, коментари и потсмев за изглед доаѓаат од други жени, а не од мажите. :!:
     
    На Ambitious, Сара Лав, Passenger555 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Ако се нашминкаш значи сакаш да се претставиш дека си поубава од тоа што си :) значи го корегираш лицето ама привремено:D ај еве со друг збор се маскираш:D
    На крајот на краиштата секој одбира како ќе се корегира дали со шминкање секој ден или ќе си пружи нешто трајно .
    Мене ми се допаѓа тоа што го направив,сопругот ме подржува во тоа што сум го направила,ќерка ми е воодушевена од промената а сепак се е природно нема силикон нигде ....
    За овие другиве дали (го) подржувале или не (го) подржувале ....:rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 30 декември 2021
    На MissAlena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    А ние што не се шминкаме, не фотошопираме слики, не се тртиме на слики?
     
    На Peanut Butter, deskarada и Ljubova им се допаѓа ова.
  9. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Тогаш нема зошто да се лутиш:D штом не си се нашла во пишаното.
    Продолжи така ,не си единствена.
    Еве и јас немам такви слики ,ниту пак се шминкам.
     
    Последна измена: 30 декември 2021
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    3.268
    Прво ни симна капа, па едитираше во друг коментар :D Нема гајле ич не се лутиме, секој со своето. Чим ти си задовочна и твоите блиски, тогаш не се лути ни ти, продолжи така.
     
    На Peanut Butter и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    16.301
    Пол:
    Женски
    Епа зошто тогаш ти треба одобрување од другите за тоа што си го направила, терај си со животот.
    Не гледам причина да се споредуваат нешта што не се за споредувања. Шминка и фитнес не може да биде исто со пластична операција, нема споредба иако целта му е иста да изгледаме убаво и да се чувствуваме убаво и ментално и физички.
     
    На Ambitious, Peanut Butter, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Нема потреба да вршите психоанализи на членовите.
    Ни сте стручни, ни некој ве праша.

    Можете сите да кажите кој ви е ставот, без да вклучите некого директно во муабетот.

    Иначе, мојот мислам сум го изнела.
    Не ми се допаѓа што е вака како што е, ама ја разбирам потребата од естетска хирургија, оти и јас сум 'жртва' на моделирањето кое ни го врши општеството и стандардите за убавина кои ни ги поставуваат.
    Не сме имуни на светот, ко што си мислиме.
    И да, секој од нас сака да биде виден во најдобро светло.
    Најубав, најпаметен, најобразован, најбогат.

    Единствено за малолетници би рекла да не биде без согласност на родителите и без мислење од стручно лице, мислам на психолог.
     
    На st-el, crimson, MissAlena и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Ниту барав амин од некој,ниту било каква помош.
    Едноставно ме изиритираа претходните коментари.
    Имам право да изнесам мое гледиште исто како и тебе.
    И не реков дека е исто,реков дека целта е иста да се биде задоволен од себеси.
     
    Последна измена од модератор: 30 декември 2021
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    12.611
    Пол:
    Женски
    Не ми е гајле, кој што сака нека прави ако му е убаво.
     
    На Таа сум де му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    16.301
    Пол:
    Женски
    Секој има право да изнесе свое мислење, но тоа не ти дава за право да ги навредуваш тие што преферираат природен изгледа без естетска корекција дека ти љубоморат затоа што немаат пари да ги направат истите. И сите пари на светот да ги имам никогаш не би направила естетска корекција затоа што не преферирам таков изглед.
    Не сакате да ве осудуваат, а први сте за да осудите.
     
    На Annath, Peanut Butter, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.974
    Допаѓања:
    179.819
    Уште да работевме малку повеќе внатрешно, да бидеме најдобрата верзија од себеси:doh:
     
    На Annath, Peanut Butter, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Ако некој има потреба да коригира некоја сериозна мана, да, инаку не сум поборник на тоа човек да се деформира од пластични операции.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    20.746
    Има луѓе што во фит тело гледаат мнооогу повеќе од само естетски убаво тело. Само не можеш секому да објасниш :D
     
    На spacegirl92 и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.935
    Допаѓања:
    31.289
    Зошто да те иритираат предходните коментари кога секој си изнесува свое мислење?

    А и компарацијата шо ја правиш нема никаква споредба со пластични операции.
    Гледам погорните коментари ти "вриштат" со некаков потсмев. Прочитај си ги уште еднаш.
    И ако си задоволна со твоите корекции и се шо си направила, нема зошто да навредуваш.

    Јас лично не преферирам таков изглед, не сакам естетски корекции.
     
    На Annath, Luminary, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Корекција на душата...:D
     
    На Snowflake97 и WildMk им се допаѓа ова.