Од иста причина по која ти си направила естетски корекции... а тоа е незадоволство од самиот изглед кој сакаме да го доведеме до совршенството кое ни го претставува општеството за жал. Според мене секој е убав на свој начин без разлика дали користи шминки, операции и сл. Немам против, секој има право што сака да прави со свое тело ако тоа ја прави среќна и и влева самодоверба.
Сега ти го видов коментарот .... Корекција на душата велиш Ех, не сум до толку совршена и не го вртам и другиот образ ....ама баш никогаш.... Ама затоа знам да ги уплатам моите последни пари (кои сум си ги предвидела за себе да ги потрошам)на нечија сметка за донација за неопходна операција на дете или возрасен ,знам на враќање од пекара и продавница да ги дадам топлите кроасани купени за моите деца онака рандом на некое дете или возрасен кој пребарува по контејнери барајќи храна,знам да пратам некое пакетче пред нова година во дневните центри за децата со посебни потреби.... На тој начин ја корегирам и разубавувам душата. Да направам нешто за некој што воопшто не го познавам за да не мисли дека нешто ми должи. Луѓето како мене што знаат да бидат и цинични и иронични и на идиотизмот да одговорат со идиотизам не се толку страшни и себични како што мислиш .... Од тие што им се лепи устата додека зборуваат како со мед намачкана и на секој збор што им излегува по еден алтан ....од нив да се пазиш..... Барем тоа во животов добро го научив.
Подржувам во граници на нормала. Пр. Крив нос, лоши заби, гради но со усул, на себе не би мењала ништо задоволна сум како изгледам па и брчки кога ќе ми се појават ќе научам да си ги сакам . Сакам natural look
Се што би направило некој да се чувствува подобро подржувам. И да се издеформира целиот ако така е задоволен со себе, тогаш подржувам. А секој од нас има нешто што би сакал да е подобро и да има можност, би сменил.
Размислувам доста на оваа тема затоа што како ја поминав 40ка, стално добивам "совети" од рандом луѓе, скоро без исклучок жени за тоа што би можела да подобрам на себе физички. Едно време ми ствараше револт тоа ничим изазвано коментирање, ама сега гледам дека тоа е всушност поттиснатото незадоволство од сопствениот живот. Не би се оперирала никогаш. Она што ме загрижува е што на пример, таму каде што јас одам на дерматолог да се негувам, на лимфна дренажа или некој пилинг или нешто слично, нема други како мене. Купишта девојчиња на 20-30 години, а богами и мажи, се пукаат со филери, ботокси, и тук таму по некоја жена/девојка што има проблеми со кожата па иде да се лечи. Што е со помладиве генерации, од каде тој ќеиф за инстант, брзо, од ќесичка супа? Па јас, а и многу жени моја генерација, на 20 години се миевме со вода и гел и шминка за некој ептен повод. Кој не научи да бидеме толку несигурни? Зошто ни станале важни толку површни работи?
Да, и јас имам другарки што ептен уживаат во шминкање, си се шминкаат и за по дома, им делува медитативно, исто како што некој се опушта со книга, кафе, вежбање и слично. Ама немаат страв да бидат ненашминкани, не се драматизира околу тој момент на ненашминканост и да, често се и ненашминкани. И вежбањето бара континуитет и одржавање иначе ич џабе. Не вежбај една година и пиши ни како ти оди. Особено што кога се менува метаболизмот со годините, односно староста, нема да ти биде доволно вежбање како кога си имала на пример 20 години. Телото е природно да се менува, да се распаѓа ко шо викаш. Ама сепак сме изградени од биофотони, па и енергијата и убавата мисла е битна. Ова е точно. Точно е и за сите криолиполизи и слични третмани кои се топачи на масти, се преагресивни ,а внатрешните органи кои треба да работат ептен напорно за тие масти да ги исфлат од телото. Евентуално емскулпт, тие што работат на принцип на оптоварување на мускулното влакно и на тој начин, другово е стварно непотребно и може да биде контрапродуктивно на долги стази.
Подржувам но поради естетски причини ( крив нос, уши, кревање на гради ) а не од збеснатост. за жал порано им се смеевме на бугаркиве какви се потоа се смеевме на србинкиве за жал тој тренд на збеснатост според мене дојде и кај нас. Најжално е што сите што претерале со естетика личат една на друга ( ист нос, устаа,веѓи ... ) значи како со ист калап да се правени. Па јас не знам која е сатисфакцијата да направиш нешто на себе а да си иста со 100 други поготово тоа устите и носот ма буквално исти . Светот се враќа кон природното, скромното. Која позната успешна жена / девојка е целата пластика како што се на Балканот ( сите вистински добри актерки, пејачки, бизнис жени имаат силикони огромни, усти огромни? - никоја) кое девојче од просечен европски колеџ е наполнета со ботокси ? Само кај нас на Балканот девојчињата од 20 год изгледаат како тетки од 35 за жал
Пошто стана тренд тоа , секоја трета има некоја корекција направено. Отвори инста , сите слики со фејстуне и пробуваат да го ископираат тоа у живо. Финансиски не знам како било порано , ама сеа е доста приступачно па можат да си го дозволат. Немам јас никаков проблем со ништо , и јас сакав порано пред филери да се измислат силикони или нешто ау што и да се прави на горната уста , пошто ми е потенка од другата , а Анџелина Џоли ни беше идол. Сега искрено ми е одмилено пошто сите ставија и сите личат една на друга до тој степен што мене ми е creepy.
Значи од аздис е, од "зошто она, а не јас", а не од внатрешна, искрена желба нешто да се смени. Леле, социјални мрежи, освен фб немам, среќа
Филери и ботокс не се пластична естетска хирургија....Тоа е нешто привремено и двете исчезнуваат за неколку месеци...
Мора од некаде да се почне. Убаво е кога е неприметно и добро изведено, но често се претерува и крајниот резултат е застрашувачки. И овде веројатно како и во многу други етапи е многу важно да се знае кога да се каже пауза или стоп. Скоро внимание ми привлече модниот дизајнер што почина - Тери.
Рака на срце ,човеков бил и онака многу грд, но пластичните операции го докусуриле.... Да.... треба да се има усул не реков дека не....Може се да се направи и да изгледа дека е природно.(зависи и од претходниот изглед на самиот маж/жена) Естетската хирургија не е само вградување импланти. Естетската хирургија е за да изгледаш поубаво и помладо. Во некои случаи како човеков Тери .....за жал и естетската хирургија не може да помогне И докторите не се магионичари Ама тоа ти е....кога нојот ќе посака да стане лебед....цената е многу повисока.
Ах, бре љуѓенца....Џеф Безос и другарчињата работат на откривање на нешто што би ги одржувало клетките на човечкиот организам се со цел да не се старее.... Ние се просераваме тука ...уште сврстуваме филери и ботокс во естетската хирургија ....Зарибавме кај импланти(нешто што се прави 30-40 години уназад) и што мисли баба Митра за градите на Сузе од карши
Женска, може ли едно прашање Ме мрзеше да читам поназад, ти ли имаше искуство со Игор Пеев од државна, ако да, да споделиш нешто повеќе?