Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги поддржувате пластичните операции?

Дискусија во 'Тело' започната од len4e, 27 декември 2009.

  1. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Да,кај Пеев.
    Правев блефаропластика на долен и горен очен капак и трансфер на сопствени масти (на образите ,брадата устата)
    Брчки немав ама ме нервираше малку вишокот кожа на очниот капак кој ми се створи од голема варијација на тежината во бременостите и отпосле.
    Презадоволна сум од резултатот.
    Ништо не се приметува од лузна на очен капак.
    Со локална анестезија, си отидов после операција,немав болки .
    Една недела изгледав како претепана :D
    Конци вадев по 7 дена.Време на целосно заздравување (значи ништо да не се приметува ) 2 месеци.
    Мислам дека трансферот на масти е далеку подобар од филерите.
    Изгледа сосем природно (бидејќи е) немаш компликации во смисла на неприфаќање бидејќи е од твоето ткиво,нема издишување па повторно пумпање на секои 3-4 месеци како што е случај кај филерите.
    Можеби ќе ја повторам постапката ама после 2-3 години.(ова е за трансферот на масти)
    Блефарото е трајно како фејс лифтингот.
     
    Последна измена: 26 јануари 2022
    На hristinan12, Snowflake97, MissAlena и 2 други им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Која е тогаш целта на естетската хирургија хирургија ако те направи погрд од претходно?
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.220
    Пол:
    Женски
    Малку ти е смешно прашањево, со оглед на тоа што е многу очигледно зашто е сега така, а кај вас не било.
     
  4. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Може претерал со желбите:?:
    Сакал да личи на Бред Пит ама излегол како Квазимодо ....Реков јас докторите не се магионичари...Кога нојот сака да стане лебед се добива ова....
    Треба да се биде реален во желбите.
    И жабата ја кренала ногата кога видела како го потковуваат расниот коњ.....па посакала да биде како него....ама платила со живот:|
     
    На Snowflake97 и MissAlena им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е смешно, прашав пошто не ми е очигледно. Дека сите ги прават?
     
  6. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Порано,порано,порано.....:doh:Аман бре луѓе....порано вашите прадедовци се возеле во запрежни возила сега се возите со коли...
    Порано носеше нокиа 3310 сега носиш самсунг или ајфон или што знам уште каков не....
    Порано луѓето живееле во глутници и пештери...
    Сега го топлите газот на парно во вашиот удобен дом:wasntme:
     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Убаво беше кажано тоа. Се потенцираше зошто се обрнува внимание повеќе на изгледот, а се запоставуваат внатрешните квалитети на кои треба да работи жената.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.220
    Пол:
    Женски
    Можеби не приметувате ама времето во ко сте растете вие, во кое растев јас и во кое растат денешните тинејџерки растат е сосема различно.

    Вие сте имале некоја по некоја манекенка, сте се воодушевувале на насловни корици, на жени од филмови и серии, ама тоа било тоа, надвор од тие неколку примери сите други изгледале нормално.

    Денес, да речеме девојче што има 15 години, уште од прв контакт со интернет(кој се случува многу рано) расте со слики од совршени фаци насекаде. Модели со пластични операции, модели со фотошоп, филтри кои автоматски ти ги менуваат цртите на лицето, совршена кожа итн итн. Тоа што во ваше време сте го сметале за исклучителна убавина и било реткост да се види, денес е просек затоа што е лице на секоја втора жена која има некакво влијание, без разлика дали е само виртуелно, и е земена за пример.

    Денес стандардите се мнооогу повисоки и сите тинејџерки и ние како помлади живееме под многу поголем притисок да се изгледа на одреден начин отколку што се живееле вие.

    И затоа гледате толку млади девојки на милион третмани, затоа што целата индустрија во последните години има креаирано многу несигурности.Тие што се опседнати со пластични зафати можеби не се во право ама самите се жртви на околностите, тоа е.

    Во ред ви се мислењата, само што осудата е насочена на погрешно место.
     
    На Srckata28, Snowflake97, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Точно.
    Ние го 'дизајниравме' општествово, па после последиците биле криви
     
    На nevermet18 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Каде виде осуда во мојот коментар? Прашањата не се за потсмев, туку се вистински, не се реторички. Не се сложувам со "стандардите" бидејќи не се тоа стандарди на одредена професија, туку шизофренија на социјалните мрежи. Што ќе се случи ако не се оперираш? Нема да те примат на работа или нема да ти стиснат лајк? Децата денешни имаат родители кои се отприлика моја возраст, нивната улога која е? Инстаграм ли ќе ги расте децата? Зошто тие не се репер за своите деца? Пред да биде во контакт со светот, детето е во контакт со својата околина, и тука мислам дека почнуваат проблемите.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Немам ништо против пластична хирургија, се додека е умерена. Гледам девојки кои од убавици се претворија во накази буквално.
    На себе би си поправила нешто што лично мене ми смета. Да си го сменам личниот опис под притисок дека само така општеството ќе ме почитува повеќе, не би.
    Повеќе би инвестирала во квалитетен живот, вежбање и исхрана и правилна квалитетна козметика отколку да легнам под нож.
    А за комплекси за изгледот си имам, ама си имам и самодоверба истите да си ги носам.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Тоа е еволуцијата. Што е еволутивно во тоа да не изгледаш старо, освен негување на егото. Не е во прашање продолжување на животниот век, не е во таа смисла подобрување на квалитетот на животот. И да, постојат многу други начини како да се подмладиш и да бидеш витален. Квантна хармонизација, квантни матрици, фитнес, исхрана, такви работи. Јас се запрашав зошто инстант решенија?
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.624
    Допаѓања:
    39.220
    Пол:
    Женски
    Во ред сѐ, ама апсолутно никој не може да биде имун на општествени влијанија и движења затоа што е такво времето.Освен ако не си мормон, не знам. :DНе викам дека не си во право туку дека денес има огромен притисок за разлика од порано, како канцер е проширен во секој сегмент.
     
    На Таа сум де и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Девојче од 20 години нема потреба од ова. Нема. Едноставно е. Ботокс ако почнеш да боцкаш, мораш да продолжиш да боцкаш. Тоа докторот може не ти го кажал. Зошто 20-30 годишна девојка, па еве и од медицински или естетски аспект би имала потреба. За какви брчки збориме.

    Не знам ја, може стварно дека немам Инстаграм и стварно не се осеќам притиснато воопшто.

    Ама признавам дека супер ја продале причата, супер, ќе те напраам да изгледаш "природно", а уствари имаш 50 години и после зафатот изгледаш како да имаш 30 години, и што е тука "природно". Не сфаќајќи дека "природниот изглед" е всушност чист оксиморон, и дека всушност во природата такво нешто не постои, односно постојат исклучоци, но не и правило.
     
    Последна измена од модератор: 26 јануари 2022
    На Snowflake97, Annath, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Јас филери немам ниту планирам да имам.
    За другите не знам и не ме интересира.
    Секој кој е возрасен има право да одлучува што ќе прави со себе.
    Ако некој има 20 г не значи по дифолт дека е убав и дека има совршени црти.
    Не се секогаш брчките во прашање.
    За фитнесот се согласувам и јас го практикувам .
    На крајот на краиштата ДА и од аздис и ако сакам да си го нахранам егото ќе си го нахранам.....Се што ќе ме направи среќна и задоволна . ..Не реков дека сите треба да се з'гнете и да направите корекции....
     
    Последна измена: 26 јануари 2022
  16. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    2.702
    Пол:
    Женски
    Јас почитувам пластична хирургија за лузни, за незнам ајде ќе речам претерано клемпавинуши, ако на личност тоа и претставува комплекс, ама од уста напумпани како кокошки гз да ви кажам ми се повраќа, да е тоа умерено ајде, ама се претерува, па јаболчници, па незнам ти што, сестро ако не си научила да се сакаш и почитуваш себе си пред пластиката нема да го промениш тоа и после пластика, ќе најдеш нешто др на себе шо ти фали.
    Некој погоре убаво пишал се сервира совршенство преку инста филтри и фотошоп и после некој друг ни е крив. Дајте ви се молам.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Филер и ботокс не помагат баш за некој да добие "совршени" црти. Мене таквите одлуки ми делуваат "изнудено", а не вистински став и ќеиф нешто да се смени. Ама ако е аздис и его ко што викаш ти, тогаш да не се убедуваме дека тоа се корекции што некого ќе направат среќен, може привремено. Тие термини се комплетно контрадикторни.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Да , еве како обичен смртник направив корекција затоа што јас сакав ...И да позадоволна сум од аспект кога ќе се видам без опуштен очен капак. ...
    Не дека претходно не се сакав себеси ..
    Полни усни ,големи очи со долги трепки и дефинирани јаболчници се нешта кои ги имам отсекогаш (се она што сега од петни жили сакаат да го постасат со филери)
    Другарка на брат ми ме викаше плавата верзија на lauryn Hill.
    И да сакам да ми потрае убавината...ете признавам ...Виновна сум:^):D:D:D
     
    На MissAlena и cutieee123 им се допаѓа ова.
  19. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    Колку те чинеше тоа задоволство,во државна,баш паметно си направила.Бев во козметички салон на депилација,и кога видов еден леѓен голем со мали игли и шприцеви се зачудив,и прашав.Немав поим дека толку жени се боцкаат со ботокси,а мене комплекси ми се појавуваат што се овие толку млади и убави.
     
    На GretaGarbo и Таа сум де им се допаѓа ова.
  20. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Околу 1500 евра