Значи не е можно некоја да биде и убава и успешна и добра мајка и сопруга.... Многу е тоа за една жена нели??? Не оди тоа заедно така??? Гледаш некоја убава и си викаш не е можно оваа и да е убава и да е ок мајка па и да оди на работа???? Ма нееее.....ако беше тоа возможно и јас ќе можев така. Ја гледаш и ја судиш само затоа што е убава . Значи успешноста и посветеноста доаѓа само од оние запуштените и грдите жениШто позапуштена тоа подобра мајка и сопруга...и со подобра душа... Ок штом ти така викаш.
Женава има може накај 70 години. BTW не била никогаш убава А и сама има изјавено дека цели 18 години била зависник од кокаин..... Како можеш да очекуваш дека некој/а ќе биде со занесна убавина на 70-80 години кога не бил/а убав/а ни на 20-30 години. И од каде знаеш дека неможе да зборува убаво баш од пластичните корекции може има некој здравствен проблем. Сепак е стара
Не сакам да прикачувам слики, ама погледни ја само Мелита од преубава жена што се направи, случајно ги гледав сликите и се чудам како некој така може да се упропасти.
Желбите наспроти реалноста....Некој/а го/ја прави поубав/а некој/а не. Еве земи ги за пример Аријана Гранде,Џенифер Лопез,Мадона...Некоја што и претходно била убава.Се што е умерено е во ред ....И храната ако ја внесуваш повеќе од што ти треба ќе те уништи не па пластична хирургија. Ако кон мене ти беше насочено тоа: ако не те прави поубава од тоа што си била....да ти кажам дека сум презадоволна од тоа што го направив ....Дали на тебе или на Петкана од трети ќе им се допадне и дали ќе мислат дека не ми било потребно воопшто не ме интересира Треба да се има усул... Се сложувам дека претерала ама сепак нејзина работа и нејзин вкус.Жената си е возрасна и нејзино е телото.Ниту ми бараа дозвола ниту пари за корекции. И мене ми е грозно кога ќе видам како некој го покрил целото тело со пирсови и тетоважи (без разлика дали е маж или жена) ама пак нема да му продавам памет дека се упропастил и да го уверувам дека не личи на човечко суштество. Тоа се вкусови ...Знаеш кога тебе нешто ти се допаѓа а мене не и обратно. Исто така ми е многу неприродно кога ќе видам дека 16 годишно девојчињата имаат по 80-90 кг(се изобличиле од килажа) а се натегнале во хеланки или шорцеви летно време а им виси сало од сите страни ....Можеме вака 100 години да се надмудруваме и спориме ама нема потреба .Ајде еве уште еднаш заедно да повториме : Луѓето имаат различни вкусови
Sekoj moze da pravi sto saka so svoeto telo, gi poddrzuvam 100% megjutoa Mnogu me plashi sto stanuva seriozen trend kaj mladi devojki 16/17 god
Мора да има смисла за да ги поддржувам и зависи кој е мотивот, ако ти е мотив да бидеш сексуално привлечна онда за мене си најглупа личност на свет. Како прво физичката убавина е комплетно индоктринирана од Холивуд се до барби куклите со кои сме играле како деца, да беа поинакви кукли и поинакви холивудски глумици ќе имавме и поинакво поимање за тоа што е физички убаво. Во Јужна Кореја за убави женски се сметаат тие со ситна конституција и ситно лице додека пак кај нас на Балканот убави женски се тие со облини и атрибути, долги нозе, големи јаболчници, полни усни, у превод поразвиени. Што значи сам можеш да креираш у едно општество што е репер за убавина преку медиум. Плус тоа што мажите се толку едноставни што можеш да ги вртиш како сакаш а ти си зела правиш операции од милионски суми (до кои стигаш како знаеш и умееш) за да им удоволиш а можеш само да се потрудиш околу исхраната и физичката активност за да изгледаш добро кога е во прашање физички изглед.
Мене лично не ми смета. Ако личноста што се одлучува на таа интервенција ја исполнува и прави среќна слободно нека си ги исполнува своите желби. На пример мене лично Лила ми изгледа многу поубава жена отколку Мелита што има направено со себе. Пријателка моја цел живот имаше мали гради откако го роди 3- то дете реши да си ги зголеми градите, си ја исполни својата желба и сега вика дека конечно се чуствува задоволна и среќна со своето тело.
Не, сакам природни луѓе. Сите личат една на друга особено на Балканот. Само турчинките ми се допаѓа како се умерено средени и не може ни да им ги познаеш корекциите. Ама сепак сум за природна убавина. И мааните и несовршеноста се тоа што не прават уникатни.
100% подржувам кога резултатот е естетски убав. А не изобличување и лице со изменети димензии на брада и образи, што личи на оние дупчалките за копање во земја. П.С да ми треба и мене корекција на носот и подочњаци ама у бољи дани тоа
Јас исто коригирав горни капаци пред 5 години..сега сакам долни и се мислам дали кај д-р Пеев или кај д-р Роберт Стојовски ..кај Роберт е поскапо за околу 400 €
Поддржувам сѐ што е поради здравствени причини. За естетики постојат режими на исхрана, вежби, итн Оние сатанистички норми како што се ботокси, импланти, чуда, никогаш нема да поддржам. Исто и оние суплементи за во теретани, хормони, стероиди, никогаш.
Ај те молам кажи повеќе за долна блефаропластика..планирам и јас кај него да правам..горна правев кај друг др..сега гледав симулација за долна и страв ме фати..