Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги поддржувате пластичните операции?

Дискусија во 'Тело' започната од len4e, 27 декември 2009.

  1. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    ДА ги подржувам ако на некој тоа му причинува задоволство и ако го прави по среќен и посамоуверен само напред,ама сепак стојам до тоа дека природно си е природно и треба да се сакаме со сите наши доблести и мани
     
  2. Jessica1

    Jessica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Имате ли информација за некој што правел липосукција кај Крсте Митановски или на клиника и какви се вашите искуства?
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Тоа е во Државна, знам една пријателка што се правеше во Државна и е презадоволна.
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Да завршам со раѓање деца (здравје има време до тогаш) одма ставам најубави гради, големи :D :D :D
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    На еден ТВ канал има серија -Body work во која се прикажувува изведувањето на пластичната операција (липосукција, намалување и зголемување на градите, лифтинг, оперирање нос и клемпави уши, отстранување подбрадок итн. итн.), пред и по оперативниот изглед на пациентите..Иако изгледа многу болно целиот процес на заздравување сепак ги подржувам пластичните операции, ако некој не се чувствува убаво во сопствената кожа, ако некоја операција би придонела личноста да биде посреќна, позадоволна од сопствениот изглед и посамоуверена, тогаш зошто да не... :)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    ДА на мене лично немам никаква пластична операциа но не сум против да имам доволно финансии сакам поголеми гради...
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Се што е во граници на нормала, без претерување може
     
  8. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    нормално дека ги поддржувам пластичните операции. човек треба да се стреми да изгледа најдобро што може и да направи најмногу што може. операциите се скапи, ама кој може да си дозволи зошто да не?
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Сум за ! Иако не сум размислувала сериозно на таа тема.Подобро да се сакам себеси пластична него да бидам грда и природна а себеси безуспешно да се убедувам во споротивното до крајот на животот.Веќе кажано - ако некого тоа го прави среќен и задоволен со себеси, со еден збор да се чувствува пријатно во своја кожа зошто да не.
    По мој вкус се во преголема доза е токсично едно е потреба , друго комплекс , трето трајна промена.И претеризам не бидува, да наликуваме на пластична кукла нели !
    ова е гнасно
    [​IMG]
    а за вакво нешто немам против да имам од позади :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Точно дека природно си е природно, и супер би било кога сите би биле задоволни од својот изглед и без комплекси ама за жал не е така. Јас подржувам корекции во границите на нормалата. Ако нешто те прави несреќен, а можеш да го смениш...зашто да не.
    Јас лично имав комплекс за ушиве, и направив естетска корекција и ептен сум среќна. Не се покајав во ниту еден момент и кој што и да каже сметам дека одлуката ми е правилна. Само некој што има таков комплекс може да сфати колку е лошо тоа. Сега нема драстична промена во мојот изглед, ретко кој забележа, значи јас сум иста физички, со поголема самодоверба :)

    Е сега од друга страна има некои што ставрно претеруваат. Мада кај нас уште толку не се застапени, ама епте пример бугаркиве кога ги видам целите пластични, ми се лошо. Гради ко лубеница, задник огромен, уста ала Анџелина Џоли, цртани веѓи, вештачки трепки.....мислам претеризам. Или пак оние што одат во крајности со слики од познати и да изгледале така. Е овие не ги сакам. Повеќе ми се од глупост, а не од проблем или комплекс. Ама нивно е, ако сакаат да шетаат го барбики, слободно
     
  11. Jessica1

    Jessica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Ke te molam ako moze za podetalni informacii :clap: probuvam dolgo vreme da najdam nekoj koj imal takvo iskustvo ama ne mi ide lesno :worried: moze i vo private message, fala odnapred!! :)
    [mod-kirilica:yca0vvxn][/mod-kirilica:yca0vvxn]
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ДА зошто да не кога има таква можност :) Ако тоа ми ја подигнува самодовербата и ме прави посреќна се разбира :) :up:
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Природно си е природно, нели? Ама и природното си има свој недостаток кој пречи. А кога живееме во една нова ера, и кога ја имаа оваа естетска хирургија, па зошто да не.
    Е сега не да се правеме пластични од глава до пети (додуша, и да сакаме не можеме, не ни тежи толку џебот :D ), ама по некоја корекција (колку што е потребно, и таму каде што е потребно) оправдувам.
     
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јок не...природно си е природно
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сум ЗА пластични операции, оти понекогаш природните недостатоци подобро е да се корегираат отколку да се носат цел живот :!:
     
    На Naked Gun му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Абе стави се во ситуација да си грда (колку лошо и да звучи тоа), замисли немаш убави црти, еден куп недостатоци, немаш дечко, не излегуваш, не се шминкаш од причина што нема што да истакнеш.....едноставно немаш никаква самодоверба и поради тоа ни нормален живот

    Е после дојди и речи: природно си е природно

    И не ми кажувај дека ќе се прифатиш кава што си и дека ќе најдеш нешто убаво и ќе го истакуваш. Зашто стварно има случаеви кај што е невозможно тоа. Жално ќе биде да ставам слики да докажувам, ама еве погледни барем еднаш Extrime Makeover и ќе видиш (и тие претеруваат со операциите, ама зборувам за потребата овде, за изгледот)
     
    На Naked Gun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jessica1

    Jessica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Vo pravo si, koga covek ima nekoj nedostatok koj mu preci, on ne moze da se opusti i da funkcionira normalno, a duri i vo slucaj toa da ne go priznava pred okolinata, koga sedi sam doma si vika "eh da nemav volku golem nos" (pr.) ;) okolinata e surova i znae da doprinese tie nedostatoci uste poveke da mu precat na nekoj so toa sto ke gi istaknuvaat vo negativen kontekst, i zasto da bideme suetni i staromodni i da se borime prvenstveno sebesi da si dokazeme deka sme si super takvi, a potoa i na drugite, koga sme 21 vek, seto toa moze da se sredi i site da bidat zadovolni sami so sebe...so bojata na kosa koja sto ja sakaat (a ne e nivnata prirodna ;) ), sminka, mideri, i mnogu drugi "pomagala" koi ni ovozmozuvaat da izgledame podobro od toa sto sme
    [mod-kirilica:2tt9tmg3][/mod-kirilica:2tt9tmg3]
     
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Ако е со мера зашто да не? Секој имаправо на свој избор и ако со пластична операција се чувствува поубаво зошто да не?
    Ги подржувам пластичните операции, но јас никогаш не би се подложила на нив. Пред се зашто немам потреба, но никогаш не се знае.
    Ме ежат оние девојки кои почнуваат од една операција, а на крај завршуваат со пластично тело почнувајќи од брчки, нос, образи, усни, брада, до гради, стомак, задник, нозе и не им се знае крај.
    Ако најдам ќе постирам слика од девојката со најмногу пластични операции, повеќе личи на лошо направена кукла отколку на човек
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ги поддржувам.

    Прво, од здравствени причини. На некого носот му е деформиран од некаков си удар и поради истото има проблеми со дишењето. Ке кажам за ова - само напред и гледај си го здравјето.
    Моја другарка, едвај чека да собере пари за да направи операција на градите, зашто едноставно и се преголеми и почнува да се криви во половината. И тежат.

    Второ, од естетски причини. Најчесто на ваков чекор се нафаќаат тинејџерите на кои им се набиени комплекси, дали порани големи уши па девојката не може да ја носи косата собрана, а притоа да не биде исмејувана, и друго, а не ретко и поради самостојна убеденост дека нешто во изгледот недостасува или е од повеќе, односно незадоволство од својот надворешен изглед.
    Па зошто да не, подобро нека одат на таков чекор, отколку цел живот да чувствуваат дека не го живеат како што треба. И после операцијата ако нешто излезе дека не е како што сакале, барем ке се убедам дека пробале, но ете, така требало да биде.

    За крај, да го поткрепам горенаведеново, со правото на секого да прави што сака. Па ако сака и устата нека си ја направи колку градите, и обратно. Дури и сама би го средила носов да имам доволно пари и да најдам проверена и докажана клиника за вакви зафати.
     
  20. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    ДА ГИ ПОДРЖУВАМ ЛИЧНОСТИТЕ КОИ НАВИСТИНА ИМААТ ПОТРЕБА ДА НАПРАВАТ ТАКВА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СЕБЕ ЗОШТО СЕКОГАШ ПРИРОДАТА СО НАС ЛУЃЕТО НЕ Е ДАРЕЖЛИВА . ПА И САМИТЕ МОРАМЕ ДА ПРИЗНАЕМЕ ДЕКА КОГА КЕ ВИДИМЕ НЕКОЈ ЧОВЕК АКО НЕ ЈАВНО БАРЕМ ВО СЕБЕ СИ ПОМИСЛУВАМЕ ЛЕЛЕ ОВОЈ КОЛКУ Е ГРОЗЕН ЗНАЧИ ЗА ТАКВИ СЛУЧАЕВИ И ОНИЕ ОД ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ СУМ ЗА НО НЕ ЗА ОНИ ОД МОДА МОДЕРНО БИЛО ГОЛЕМА УСТА ПА ЈА ЗГОЛЕМУВААТ ТРОЈНО И СЕ СМЕШНИ ;) ЛИЧНО НЕ БИ СИ СМЕНИЛА НИШТО НА СЕБЕ ИАКО СИ ГИ ЗНАМ МАНИИТЕ НО СМЕТАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН , ЗА ДА СЕ ИЗЛОЖУВАМ НА ОПЕРАЦИИ ЗА КОРЕКЦИИ НА МАНИ КОЈ РЕАЛНО ГЛЕДАНО МОЖЕ САМО ЈАС СИ ГИ ПРИМЕТУВАМ И СМЕТАМ ЗА НЕДОСТАТОЦИ А НЕ И ДРУГИТЕ :) КАКО И ДА Е БИДЕТЕ СИГУРНО ВО ОНА ШТО СТЕ ЗОШТО СИГУРНОСТА САМОДОВЕРБАТА И ДРЖЕЊЕТО СЕ СЕКОГАШ ПОЛОВИНА ОД УБАВИНАТА :!: :D ПОЗДРАВЧЕ
     
    На Naked Gun му/ѝ се допаѓа ова.