Да. Koга постои таа можност зошто да не се ослободиме од комплексите и живееме посамоуверено. Точно дека природно си е природно ,но неретко и природата прави грешка и сега што. Ај ќе живееме со мислата дека секој кој ќе го запознаеме не гледа во носот или ушите и слично. А ако природното е најубаво зошто тогаш е нормално да носиш протези за забите, а ова со пластичните операции е сеуште табу тема во Македонија. Јас лично си имам онака грдички уши ама не ми се комплекс до толку да се осудам да одам под нож. Можеби дека имам фобија од болници и инекции па од вакво нешто ме фаќа страв.Значи јас сум научила да си живеам со моите Дамбо ушички и не ми се проблем за самодовербата, си се сакам и вака.Сите останати кои се одлучуваат на овој чекор целосно ги оправдувам, нивни живот, нивна психа и нивни одлуки.
Го подржувам мотото на ординација д-р Анчевски: „Никој не е совршен“! Лично мислам дека не би направила пластична операција, бидејќи барем сега за сега немам потреба. Имам неколку мани на телото, ама не ми пречат, си живеам со нив и си се прифаќам себеси таква каква што сум. Си ги засакав широките колокови (па и Мерлин Монро имала такви ), на моменти сериозно посакувам да си ги намалам градиве, ама се навикнав да живеам и со нив. Единствено би ги продолжила нозеве, ама ете тоа барем сега за сега е невозможно Апсолутно ја подржувам пластичната хирургија! Имам другарка која уште во основно направи операција на ушите бидејќи и беа клемпави и сега многу поубаво изгледа, а и многу посамоуверена е. Големината на градите исто така знае често да биде комплекс на девојките, па зошто да не си вградат силикони ако така поубаво би се чувствувале? Природно си е природно, ама ако е за тоа ај сега да не користиме шминка! Сите сакаме да си ги прекриеме недостатоците, да измениме нешто на нас за да се чувствуваме поубаво. Меѓутоа, се во свои граници. Се што е претерано - не е убаво. Па така тоа што го направи Хајди Монтаг од нејзиното тело апсолутно не го подржувам.
Онаму каде што физичкиот недостаток ни претставува веќе комплекс, може да помогне хирургијата. Но прашање е каде и кај кого тука ќе запре желбата да се биде совршен и дали воопшто комплексот ќе се изгуби или ќе премине на друго место Јас лично ги поддржувам чисто од еден основен принцип - дека секој човек има право да си располага и да си го менува телото онака како што сака. Сакала гради до брада? Молам, нека си ги стави. Е сега тоа што ќе ја боли грбот е друга работа, ама битно она сакала. Си ги напумпала усните за да изгледа секси? Нека си ги пумпа брате, се додека има што да излезе од нив не ми пречи. А тоа дека не може сега да се смее и да ги изразува слободно сите емоции, нејзина работа, ако е задоволна со тоа Јас самата направив операција на ушите и навистина еден голем комплекс решив. Не дека беше комплексов огромен, но веќе Е комплекс кога секое утро се замислував со фатена коса, како излегувам од базен со мокра коса а не си ја местам автоматски да ми ги прекрие ушињата и слично. Така да после операцијата конечно можев слободно да функционирам и можам да речам дека ми падна од душа огромно каменче. Лично јас други операции не би правела, затоа што си се сакам ваква несовршена, уникатна. А секој еден од нас е уникатен, онаков каков што е. Носов не ми е најидеален, т.е. не ми е прчест, ама ми е гајле. Мене ми е сосема ок. Јас се плашам од тие кршења и глупости, коркач сум најсериозно Градиве ми се помали, ама фала богу не се најмали, па сега - битно дека ми се убави, си стојат на место, сите дечковци досега ми ги испофалиле на доброволна база, не дека сум ги прашувала - а ти се свиѓаат а? Тапши тапши его мое Но најбитно ми е што ми се здрави и пред се не ме боли грбот. Во глобала, си викам, се додека сум јас задоволна самата со себеси, во ред е. И онака најубави се оние девојки кои знаат да си се носат себеси во јавност. И да сме живи и здрави и да не не мачат други здравствени проблеми. А ова другово е небитно. Но ако некој сака - нека повели, јас немам ништо против
da gi podrzuvam.ali kako sto kazaja pogore zadovolna sum odsebe [mod-kirilica:uxk0e5ad][/mod-kirilica:uxk0e5ad]
Секој има избор што сака да си прави со себе. До мене што е ако сакаат и фасада нека си стават-нивен проблем. Ама природното е поубаво.Каков си-таков си, јас лично никогаш не би си направила пластична операција.Глупаво е чуството кога знаеш дека во себе имаш пластика. Е сега, они операции од зорт што се прават, мораш-тоа е друга работа.
Напредокот на технологијата и те како влијаат на нас, сакам големи гради одиш закажуваш плаќаш и имаш големи гради. Значи не сум ништо против и потполно ги поддржувам пластичните операции. Има луѓе кои заради некои свои несовршености насебе имаат многу комплеси набиено кои некои дури се повлекуваат во себе. Никој не е совршен, но сепак со пластичните операции може да си создаде во себе близу до совршена убавина -така барем ќе биде повеќе сигурен во себе. Најмногу ги поддржувам операциите за нос и за уши познавам многу девојки кои направиле операција на нос и сега изгледаат прекрасно. Доколку би имала многу пари би направила и јас зошто па да не
Потполно ги подрзувам зосто да не, да не заборавиме само дека луге сто дозивеале сообракајна несрека и се демолирале на цело имаат потреба од таква операција,сто би правеле кога не би постоела ке зивеат во сок и депресија,па и естетска пластицна хирургија зосто да не би направиле несто ако тоа знаци срека и задоволство баска сакам тоа да специјализирам после студиите па затоа сум ЗА
Со ова се сложувам потполно. Би додала само да изгледа што е можно по природно, односно сосем мали корекции, каде што се вади само непотребниот дел, а не се променува целата форма на органот. На пример ако некој/а има грбав нос, да се отстрани само грпката, да не се претерува да се менува цела форма на носот затоа што не изгледа природно како прво. Исто не ја одобрувам моменталната мода, да внесиш импланти во близина на слепоочниците, ала Гага стил . Во ред е да промениш нешто, но да се правиш изрод со сила е тоа веќе не оправдувам. Или Мерлин Менсон како што си извади ребро. Тоа веќе ја поминува линијата.
Прв пат слушам за вакво нешто....Леле (ј)езиво Што, како....и најбитно зашто? Мислам, која е функцијата ако извадиш ребро....единствено што ми текнува да бидеш поеластичен, инаку што друго менува Инаку незнам колку сте запознаени, јас појма немав, летово гледав емисија, операција за издолжување на нозете, односно височина. Ги прават повисоки за неколку сантиметри, според желба. Им ги сечат нозете кај колената, фактичи како да ги одделуваат и таму им ставаат нешто како плочки и после ги зашиваат. Ептен лаички објаснив ама на германски го бев гледала, а германски разбирам минимално па онака од слики што успеав да разбрам и по некој збор
^ има се, има и операции за намалување на стапалото. Свашта! Не велам дека секој нема право на избор а со тоа и како да изгледа. Ако има некој комплекс, зашто да не го реши ако веќе има можност. Се зголемува самодовербата. Ама еве знам сестри едната има големи гради, другата мали. Е зашто сестра и да ја зјапаат мажи а неа не, стави и она. Улалала сега рогови и пораснаа од среќа а? Детска работа да не речам. И имам пријателка која е лепотица. Луѓе неееевидена лепотица. Јас ја ставам во една од најубавите македонки. И и текна има средна усна ќе ја пумпа со силикони. И сега и е грда усната! Пола напумпана, пола дека поминале некои месеци истечен е силиконот, и е нерамна. НЕУБАВА! Има случаи кога со помош на пластична операција се разубавуваат, ама и од бели лебеди, во црни грди пајчиња се претвараат. Некои едноставно немаат граница. Се оди од крајност во крајност.
Конкретно за Мерлин Менсон сам си кажувал по интервјуа демек го направил тоа за да може да биде поеластичен и сам да си го п*ши ,е сега дали е вистина или се правеше интересен тоа незнам.
Ај уште малку помисли За да може да се наведне подобро... т.е да се задоволи самиот кога девојка му не е тука
И кај Опра пред некоја година имаше една жена што сакала да има струк како Барби и вадела ребра-тоа се веќе глупости и аздис. Ова со висинава го оправдувам, има навистина ниски луѓе што им влијае на самодовербата, оправдувам и силикони на гради(со усул ), корекција на нос, уши, липосукција, а во последно време и затегнување на брчките ми е интересно Се додека изгледаат нормално и човечки, поддржувам.Ама кога веќе претеруваат како да немаат огледало дома, не можам ни да ги гледам.
Мене креативноста не ми иде до тој степен. Озбилно ни на крај памет не ми текнуваше причина А тоа со висинатаа не го осудувам, го споделив онака, дека јас пред некое време не ни знаев дека постои како можност. Јас не би се нафатила на ова зашто ептен ми е некако страшно, а и кај нас уште долго време ќе треба за такви работи....ти ја вадат ногата ко на робот и со шрафови после Инаку роси и јас иам една колешка (ако е другаркати економски, може е таа ), преубава девојка, има многу пари и баш така и текна дека устата требало да и биде поголема (а немаше веза) и сега и е ко издишан балон, заникаде
Не е таа Иначе мене ми е претеризам тоа со висината, абе ај нозете ќе ми ги сечам за некои плочки. Па има штикли, нека носат повисоки. Па и сигурно ти ја кршат цела коска на двете нозе, па составување, па заздавување со месеци за 5 см, што со чевла ќе го направиш за 1 секунда. И тоа со ребрата ми е грдо. Некако луѓево почнаа пластичниве операции секојдневие да им се. За мене операција си е операција. Страшничко нешто. Ај за ушиња е лесно. Носот пак е тешка операција. Па и силиконите. Липопострукцијата може многу несакани дејства да предизвика. А не сакам да спомнам за намалување стапало, кршење на таа коска, па кршење на колената за висина, па вадење ребро. Одвратно.
па нормално дека да ако некој има потреба и средства зашто да не го направи тоа. Сеа нормално да не се претерува и да изгледа онака пластично
ДА!!! Дефинитивно секој има право на избор,дали сака или не,само да не претерува да биде приметно дека има операција направено.Јас лично не сум задоволна со мојот нос,голем ми е и имам грпка и би била најсреќна доколку го корегирам.Но неможам да се решам на таков чекор бидејќи не сум спремна психички Не би сакала бебешки нос туку сосема мала корекција да не биде ептен приметно,само грпката да ја снема и така би ми се израмнил малку носот. Незнам дали е тешка ваквата операција али прочитав на форумов тие што правеле не се жалат дека поминале низ болен процес и секако не се каат за таквиот чекор.Напротив со таа корекција им се вратила самодовербата и се чуствуваат многу посреќни.Ги поздравувам за храброста зошто не е лесно да се решиш :/ Дали некој има правено или има другар/ка што има направено операција на нос? да сподели искуство ? Фала...
Да ,ако е потребно и не е претерано еве јас би сакала некогаш да си ги затегнам градите,носам 80ц,или 85б,зависи од модел,значи поголемки ми се,и нормално малку виснати,не сакам да ги смалам само малку да ги затегнам