Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги поддржувате пластичните операции?

Дискусија во 'Тело' започната од len4e, 27 декември 2009.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Точно дека природно си е природно ама ако со некоја пластична операција ти се зголеми самодоворбета и те прави посреќен тогаш да. Само да не се претера.
     
    На ViKtOrIjA21 и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ако некој не е задоволен со својот изглед, и ако тоа му ја намалува самодовербата, а има можност да го поправи тоа, тогаш зошто да не? Секако, не треба да се поминува границата, но нема зошто да бидам против. Секој сам одлучува за своето тело. :)
     
    На A-j-a и white.kitten им се допаѓа ова.
  3. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Ако на некого толку многу му пречи нешто на своето тело или лице и тоа му ја намалува самодовербата до таа мера што го кочи во многу работи, тогаш немам ништо против. Лично јас не би направила.
     
  4. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Доколку тоа би ја зголемило самодовербата на личноста зошто да не, само корекциите да не бидат нешто екстремно. Мене лично не ми се допаѓаат некои делови од телото, но никогаш не би подлегнала на некој таков зафат. Сепак, природно си е природно, секој човек е убав на свој начин
     
  5. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Јас мислам дека сите треба да си бидеме како што Господ не создал, а пластична операција само од здравствени причини како изгореници и слични работи, а пумпање на усни и силикони бљак :puke:
     
  6. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    да, ги подржувам.зошто некој да има комлекси и да пати на пример од голем нос или клемпави уши, или мали гради кога има решение за тоа.немам ништо против пластичните операции , нормално ако тоа не ги надмине сите граници на пример лифтинзи на 2 месеци, корекции на 3 месеци, силикони еднас годишно тоа мислам дека е претеризам, инаку ако мислам дека имам потреба би направила да .
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.550
    Пол:
    Женски
    Ги поддржувам пластичните операции се додека е во границите на нормала. Ако некој има голем нос или клемпави уши или што и да е друго што го мачи зашто да не го корегира. Е сега одење под нож од аздис не подржувам ама за тоа си има посебна гранка во медицината - психијатрија ;)

    Јас бидејки имам големи гради, доколку со текот на животот од доење и слично ми се изобличат до таа мера да не можам да се гледам би отишла на операција. Инаку сега за сега си се допаѓам вака :angel:
     
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ако некој сака од здрав болен да се прави, нека се прави. Јас сум си за природно. Каква ме родила мама таква :)
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Нема што јас да ги подржувам или не...
    Али кога сум веќе на темава, моето мислење е - ко воли, нек изволи...како и за се друго...
    Кој како сака, и што сака, ако му е убаво и ако го прави среќен, јас сум во првиот ред на подржувачи... ;)
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ОК тоа си е твое мислење, можеби затоа што си се допаѓаш таква каква што си. :)
    Не разбирам зошто од здрав болен да се прави ако станува збор за корекција на пр. на крив нос, клемпави уши или пак смалување на многу големи гради кои факт е дека тежат.
    Ако со ваквата корекција некој си ја зголемува самодовербата и поубаво се чувствува зошто да не. :)
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Да, со двете раце да, за секој незадоволен од себе си, велам слободно :), иако гледам дека многумина наместо да си го подобрат изгледот го влошуваат и од убавото прават ефтино, но секој со својот избор. Јас лично дури би си направила. Макар, што околината ме гледа попреку кога си го кажувам тоа, но, сепак стареам и би, јас да изгледам убаво и кога ќе имам 50 години да речеме, доколку дишам и движам по планетава. Не би зголемувала ништо, не би намалувала, за сега немам ништо што да се намали, ниту да се зголеми, но би корегирала работи кои ми сметаат, но не е некаков приоритет, се уште, не. Никогаш не би си дозволила да речеме да ми ја одлепат кожичкава од лицево и да ми ја затегнат, зад уши, под коса и да изгледам како вечно насмеана. Дури и не ги разбирам оние кои тоа го направиле. Дали воопшто се гледаат помлади така. Што дека им е затегната кожата, кога им е дотолку оптегната што изгледаат ко walking and talking Џокер. Ботокс наместо кафица за време на пауза, па и не можам да кажам дека не ми изгледа привлечно, тој брчко пеглач од киселина. Тоа.... можно е некогаш во животот да го употребам, но не и злоупотребам. Издувување на усниве, не би, полни ми се, пак доколку плус се наполнат ме страши помислата дека ќе изгледам како да ме каснала пчелка, односно пчелишта. Што знам. Да имам пари, да почнат да ми се појавуваат првите знаци на стареење, па ќе му ја мислам посериозно.. доколку ми изгледа проклето потребно да се чувствувам убаво кога си се гледам :).
     
  12. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Да, доколку е потребно. Зборувам за естетска хирургија доколку некој има еве да речеме клемпави уши.. и зошто да не го поправи тоа ако не му се допаѓа. А не оправдувам целосна модификација на изгледот, до степен да се препознае човекот. Како и да е, тоа најмногу го ооравдувам ако е со цел некој да се чуствува пријатно во своја кожа, бидејќи тоа нели треба да ни биде овозможено на сите :)
     
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Пластични операции поддржувам секако ако стварно има потреба од нив, некој навистина има пример голем нос или некој грд белег и ли незнам што конкретно, но не поддржувам кога ќе стават 5кг силикони во гради и тоа ми стварно неубаво или пак огромна силиконска уста е тоа ми е :puke: :puke:
     
  14. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Јас лично не би направила пластична операција, али тоа го зборувам сега, незнам како би размислувала пр по десетина години. Лично сум задоволна од својот изглед.Но, доколку некој има стварно проблем како претерано клемпави уши или крив нос, или оние од претерано дебели кога ослабуваат нели имаат вишок кожа, или некоја маана што навистина му смета во секојдневниот живот зошто да не. Но се во степен на нормалата, не да изгледа како Памела Андерсон. Редовно гледам една емисија каде што се прават пластични операции и ме запрепасти една млада жена со ситно телце а сакаше да има огромни гради, па си направи многу проблеми иако докторот ја убедуваше дека тоа нема да биде добро за неа. Али секој со својот избор, ем ќе потрошат цело богатство плус болката :|
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Искрено, не.Па сите станаа симболи на убавина веќе.Знам Калифорнија е најпозната по такви операции особено околу устата т.е. насмевката скоро кај секој е корегирана хируршки. И после, сите лепотани и лепотици во Америка биле.. Многу сум против, токму поради тоа. А што се однесува на здравствени проблеми или ете проблеми со самото раѓање да, всушност затоа и постојат хируршките операции, а не за збесови и злоупотреба! :devil:
     
  16. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Лично, немам ништо против пластични операции, но лично колку и да ми е длабок џебот не би направила една поради х причини.Прво, она што Бог ми го дал, тоа сакам и да го задржам :) , второ, страв ми е :D , трето може да е ризично и да има последици :|
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Ги поддржувам само во одредени ситуации, но не ги поддржувам оние кои ставаат силикони во гради и усни и ги прават огромни, или пак си вадат ребра за да имаат струк барби ама тоа е се има на светов :^) Природно си е природно :up:
     
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас сум против пластичните операции, но оние кои се од бес..Сакам и јас поголеми гради, но непланирам непотребно да се ставам под нож, сепак секој хирушки зафат е ризичен, но сепак постојат и луѓе кои заради здравствени причино мораат да го направат тој чекор, само во тој случај оправдувам.
     
  19. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Против овие операции сум, си го сакам своето тело и никогаш не би направила пластична операција, ги практикуваат овие операции можеби оние луѓе кои имаат недостаток на самодоверба, но тоа не е во ред...според мене
     
  20. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Да, од причина што на некои луѓе им е стварно потребна. А оние што со сила се прават да изгледаат фалично и не природно, како на пример силикон на усните |( кој често изгледа FAKE - пофејк здравје :D
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.