Зошто да не? Ете да речеме имаш клемпаво увце, и само заради тоа не носиш реп, а многу сакаш. Зошто да не си го корегираш и да бидеш посамоуверена? Ги оправдувам кога се за естетска корекција, но не и хиперболизација. Поддржувам и силикони, ако се природна големина, а не како да си голтнала балони. Кога веќе има некоја можност за да бидам посреќна со надворешниот изглед, не знам што е погрешно да ја искористам.
па незнам знаеме дека ние девојките секогаш сакаме да го достигнме совршенството ако се работи за некоја мала корекција за да и даде самодоверба на личноста која се одлучила за тој чекор ДА ја подржувам,меѓутоа ако се работи за некоја ептен голема корекција што би предизвикала гадење во очите на останатите ДА против сум
^ Многу јасно, ама форум не е форум ако не си ги поткрепиме мислењата со аргументи, нели. Не дека не го почитувам или го напаѓам твојот начин на размислување, само ме интересираше зошто.
Да да, ок тоа се сложувам Зошто? Епа зошто нејќам да си го уништувам телото, какво ми е такво ми е, а иначе немам никаква корекција да си направам на себе
Од здравствени причини - и те како. Корекции на носови, уши, мини зафати и не-толку-трагични промени, да. Аздис и препич и на Марија од Паинер лук а лајкови, не.
јас лично не би направила ама и и случаеви кога корекцијата е неопходна и за таквите случаеви нормално дека ја подржувам
Поддржувам естетска хирургија доколку се работи за конгенитален или стекнат дефект ,кој и не мора да е на забележливо место ,но значително го намалува квалитетот на живеење на индивидуата ,конкретно на психолошки план. Зошто тогаш суштеството Х би се оптоварувало со тој негов "недостаток" (од аспект на Х суштеството) ,кога би можело сето тоа да се среди со корекција по хирушки пат. Тоа сосема го оправдувам и поддржувам . А од друга страна ,индиферентна сум кон оние здрави и прави суштества кои од некои нивни причини се одлучуваат на тој чекор. Од една страна - бес ги фатил да речам - можеби ќе згрешам ,од друга страна ,пак ,некои стварно збеснуваат и се унакажуваат себеси со силокони и други чудесии. Заклучокот најверојатно би бил дека клучот лежи во умереноста.
Ги поддржувам само кога се најмногу потребни ! Но сега ги злоупотребуваат за се и свашта, се прават животни од себе, чиста пластика боље кажано! за увце,нос, лево десно.. да одобрувам Но, за се останато кое што е од бес, не
Само ако е неопходно,тогаш да.У последно време незнаат луѓево изгледа кај да ги трошат париве па ги расфрлаат и прават глупост од себе и изгледаат погрозно од што биле.Но ако не е некој задоволен од себеси во ред е,ама до некоја граница на нормалата
Ако некоја жена не се чувстува сигурно со тоа како изгледа или има некој набиен комплекс решена е да оди на пластична операција за да има поголема самодоверба, добро некако тоа се трпи ама оние познатите што го прават тоа за да ги зборуваат уште повеќе е тоа не го поддржувам
Поддржувам ако со тоа се реши некој здравствен проблем или ако одредени недостатоци предизвикуваат комплекси кај личноста, па со операција тој комплекс би исчезнал (како на пример клемпави уши или крив нос). Ги поддржувам и оние кои го прават тоа од бес, пумпаат гради, усни, задници и што ли уште не, затоа што што друго и би можела да правам. Нив не можеш да ги убедиш дека она што е природно е веќе убаво, не мора да додаваат нешто за да бидат убави. Еве, јас на пример имам мнооооогу тенки усни, но не би трошела пари за операции. Поарно на некој одмор ќе ги лупнам.
Не сакам пластични операции повеќе сум за мајка природа ама ако некој ги сака не ми смета..лично јас никогаш...
Jaс ги подржувам ако стварно има потреба...како на пример кај мене....да си ги намалам клемпавите ушлаци... . а не од бес....
Подржувам! Твое тело - твоја ствар. Дали е реална потребата или умислена не ме тангира, на крај краева не ми брцаш во џеб па да се бунам!
Можда дипломатски одговор, али навистина доколку човек го прави посреќен, посамоуверен секако дека сум за. Има нормално и друга црта на се ова, да имаш подобар спонзор, да поминеш подобро пред Македонска и слично. Тоа е океј да се гледа, но не се дел од мојот карактер. И јас би на себе да применам естеска хирургија, и знам како е кога човек губи самодоверба кога некој дел од телото не се вклопува со твоите желби, кога го прикриваш тоа ( ако е можно ) за никој да не го види, и често додека си насамо си викаш: Како не беше поинаку ? Може навлегов длабоко во темава, но факт е дека лично влијае темава на мене. Дај Боже, што побрзо и јас да направам, и да завршам со ова мое комплексирање
ги подржувам пластичните операции, зошто да не! секој има нешто на себе што не му се допага, па зошто цел живот да си набива комплекси? ама сепак, да е во границата на нормала, а не претерано.
Ако ти користи и не ти штети на здравје и после неа имаш и повеќе самодоверба и повеќе пари зашто да не, секој треба сам да си процени што е за него корисно и добро. Едино ми сметаат силикони затоа што се штетни по женското тело а инаку како естетика ништо не ми смета ако е добро сработено. Но некои девојки претеруваат со силикомските усни и ги пумпаат без мерка што е дури и невкусно да се гледа.
Ги поддржувам оние операции кои се со цел корегирање на навистина забележливи или здравствени недостатоци. Ја оправдувам операцијата на премногу крив или деформиран нос, лузните на лице и на тело кои се огромни и изгледаат лошо. Не го оправдувам издолжувањето на нозе, полнењето г*з и ц*цки и слични играчки. Немаш цицки- помири се! Немаш газ- исто....