Ги подджувам, не дека сум некој кој знае како нивен фан. Ама јас не би се осудила на такво нешто, сис е сакам таква каква што сум си.
Ги поддржувам доколку има проблем медицински или естетски-девијација на нос,полипи,па грбав искривен нос,клемпави уши.....и нешто што навистина смета или стварно го груби изгледот! А липосукции,зголемување гради,филери.....
Ги поддржувам за тие што стварно имаат потреба. А тоа да си вадат ребро и слични нешта ми е чиста глупост. Имам слушнато дека бугарската пејачка Малина си извадила ребро за да може нели, повеќе да се кржи. Ете на пример, јас би сакала да си ги смалам ушите и градите. Не дека имам некои комплекси, ама самата кога ќе се погледнам себе со врзана коса или со маица со мало деколте не си се аресувам и неможам таква да одам. Што не ми личи - не ми личи.
е добро и тоа е операција нека се прави,али искрено такви болки како издржуваат браво за нив..јас никогас не би правела таква операција и да поднесувам такви болку само за некои делови од мене да изгледат како другине...
Секој има свое право,ако не му се допаѓа нешто на неговото тело/лице да смени со пластична операција.Ина4е јас не би направила.
Да, ако треба да се направи корекција на нос или слично. Моја другарка направи корекција на нос, и сега лепотица е.
Јас мислам природно си е природно, но доколку некој стварно не е задоволен со своето тело односно со некој дел од телото нека си направи подобро пластична операција одколку цел живот тоа да му е комплекс. Прифатливо е за мене тоа и немам ништо против. Јас на мене не би правела пластична операција бидејки сметам дека се ми е во ред, но доколку не би било би направила
Ги подржувам само доколку се работи за исправка на нешто што на самата личност не му се допаѓа, му пречи подолго време или пак ја намалува самодовербата. А сум против оние кои прават, а немаат потреба од тоа . Воопшто не ми се допаѓа пример: девојка со преубави и големи усни или гради да прави дополнително пумпање, па да изгледа вештачки и невкусно. Значи се додека во рамките на нормалата се исправува нешто на телото сум за.
Да. Проста причина, секој има право што сака да прави со себе. И не е важна мојата поддршка кога некој сака да поправи (или уништи или пак доуништи, зошто не секогаш операциите завршуваат сјајно и како што е посакувано ) нешто на своето тело, секој сам донесува одлуки за сопственото тело. Но, исто така има и операции кои одредени луѓе се на некој начин приморани да ги направат, бидејќи им „нудат“ здравствени пречки, а секако тешко е да се живее со истите, па ете се оди „под нож“. Така да, пластичните операции некогаш се и неизбежен дел, некогаш и се прават од чалам (крајно не оправдувам да се прави мајмун од нормална особа, али личен избор, нели ) така да тоа е тоа. Нема некоја филозофија. А, природното не е за секој најубаво. Индивидуално е, ствар укуса.
Да, ако некој не е задоволен со некој дел од телото зошто да не го смени со пластична операција. Јас лично не би направила, ама ги поддржувам тие што сакаат.