Во учебниците се трудам колку толку да не подвлекувам работи најчесто најважното го запишувам на лист,книги лично воопшто не сакам да ги шкртам ,често кога земам од бибилиотека се наоѓа некоја убава реченица подвлечена или нешто важно ама сметам дека не треба така и кога позајмувам некому книга навистина ми е тешко бидејќи знам дека никогаш нема да ја вратат така како што сум им ја дала затоа го избегнувам тоа
Не шкртам книги, за мене тоа е најголем грев. Откако ќе ја прочитам не се ни познава дека била отворена. Само на факултет почнав да подвлекувам по учебниците, инаку роман никако.
Учебници во школо немав, учевме од скрипти или пак од тетратка претходно издиктирано на час. Скриптите ми беа подвлекувани. Книги никогаш
Никогаш книга не сум шкртала, а и нема. Кога одев на училиште само тетратките ги шкртав пишував глупости по кориците и последните страници.
Јас не ги отварам, не па да ги шкртам. Ама затоа тетратките цели ми се со моите "сликарски" дела со исклучок на предната страна од кориците.
Во учебниците и скриптите подвлекувам со маркери во разни бои при учење, и тоа не го ни сметам за шкртање и неуредност, туку напротив за поубава организација. И особено сега на факултет, уствари цели страници испаѓаат обоени, баш вака А во книги од било кој друг тип -
Во книгите што јас лично си ги имам купено знам последните страници да ги нашарам, со нешто креативно и да се потпшам, оти кога ги давам на некои другарки ем забораваат да ми ги вратат ем не ги читаат целосно ем се фалат со книгите Исто така си подвлекувам со жолт маркер некои непознати зборчиња што нема долу објаснување, за подоцна да си проверам
Никогаш не пишувам ни пак конзумирам нешто додека читам, едноставно сакам да изгледаат онака како што се купени
Додека учев скриптите и книгите ми беа целосно шарени. Подвлекувано, допишувано. А книги обични не, не сакам иако повеќето книги што ги имам ми се подароци од татко ми, а он обавезно им пишува посвета.
Буквално јас. Единствено ако морам нешто па со молив за да избришам. Или па некогаш мал дел дополнувам како објаснување, па само тогаш го оставам. Ме боли кога ќе видам шкртана книга, особено со пенкало.
Многу ретко, али во глобала не сакам да шкртам книги ги ценам многу и подобро ако сакам да издвојам нешто го запишувам.