Книгите позајмени од библиотека, од брат ми или од некоја другарка, никогаш не ги шкртам. Порано имав навика да си подвлекувам убави мисли со моливче, но сега си го запишувам бројот на страната на мобилен и кога ќе имам време, го пишувам извадокот на компјутер. Какви што сум ги зела, такви сакам и да ги вратам. За разлика од другите работи, за тоа сум многу педантна. Во моите книги (овај, на тато де) си подвлекувам реченици, но не пишувам друго ништо. Во учебниците освен име, презиме и клас друго нема. Т.е. има по некој знак од која лекција треба да почнам да учам. Пополнувам внатре само кога ме мрзи да пишувам во тетратка. Сакам тие да ми бидат чисти, па дури и белите делови на корицата на учебникот по Англиски редовно ги бришам со гума. А тетратките се приказна сама за себе. Таму има се‘. Од некои геометриски форми, па очи, разговори со другарката со која делам клупа, до многу стихови од песни. Секоја тетратка ми е обележана барем со 2-3 стиха на задните страници, пишувани на различни часови, во бура од различни чувства и расположенија и многу различни видови на досада. :geek:
Не ги шкртам .. сакам се да ми е чистичко .. Понекогаш знам да си нацртам нешто ..со молив ! за после да можам да го избришам
НЕ, никогаш не ги шкртам книгите, било тоа да се мои, позајмени од другари или од библиотека или пак учебници. Секогаш внимавам да не изгужвам некоја страна или пак да не оштетам нешто.
Никогаш. Книгите ги чувам како очите. Многу внимавам и ан тоа да не ја превиткам А не шкртам ни во книгите од кои учам, сите подвлекуваат но јас неможам.
На секоја моја книга мора да оставам мал печат. Можеби маглив потпис или неправилно срценце, но мора да ја запечатам книгата со нешто мое. Тоа ми е, уметничка душа! А книгите кои ми се позајмени воопшто не ги уништувам, го сметам тоа за непочитување кон личноста која ми ги дала.
Јас немам душа да ставам пенкало или молив на книга. Жал ми е. Не сакам кога ќе видам пишувана книга, подвлекувана или па поправани некои печатни грешки. Глупости. Сега брзо читав една книга позајмена од библиотека и внатре некој каде што имало грешка го прецртувал половина збор па пишувал од горе како треба правилно. Една глава прочитав едвај од книгата и ја вратив. Во учебници исто така не сакам да шкртам ако се нови, ако не се тогаш си подвлекувам со маркери, а скриптите се веќе друга приказна. Инаку ми се има случено да сакам да оставам нешто мое во некоја книга земена од библиотека и тогаш земам лист од тетратка цртам и го ставам внатре. Се сеќавам како мала во книгата „Пајажината на Климентина“ оставив мал цртеж прасенце и пајаче.
НЕ! НЕ ! и НЕ! Па како да ги шкртам тие ми се најголеми пријателки,просто ако не беа книгите ќе си бев неписмена! Aма затоа нема тетратка и корица што не ми е шкртната или пак нацртана. Шала на страна. Не ги шкртам книгите,мислам дека не културно,било да е земна од библиотека или да е учебник сепак не.Сметам дека на еден ученик тоа не го доликува.Арно ама другарката што седи до мене в клупа годинава ми ги направи партали сите учебници,сите ама баш сите ми ги исшкрта.И си се договоривме на крај година ко ќе треба да ги враќаме,да си се замениме јас да и ги дадам моите,она нејзните.Иначе ишкратани ми се со моето име и името на тој што го сакам и тука уште милиони срциња,100 кореткори да купам неможам да ги избришам,претерано многу е.
За мене најголема навреда е да ти позајмам книга, и да ми ја вратиш шкртана или подвлекувана. Или ако е притисната кај што е залепена, па на некое место се отвора полесно, и плус корицата и е извиткана.
Не. Не сакам нит да ми шкртаат, нит да им шкртам. Единствено во учебниците по англиски и француски, со молив. Затоа што, во нив има вежби, коишто можеби јас дома не би знаела да ги решам. Џабе ми е да имам учебник, со вежби, кога ќе вежбам дома, од каде да проверам дали ми е точно, ако не видам како сме решавале на час? Можам да вежбам до миле воље, ама џабе, кога го нема Цацко да ми каже дали ми е точно. А по другите предмети, за да не се случи тоа подвлекување, секогаш си ги прераскажувам на лист, и од таму учам. Затоа што сметам дека има некои не потребни работи, и за џабе си го губам времето со читање. Така да, си ги прераскажувам на мој начин, со мои зборови, за да можам да си разберам. Додека пак, во основно кога ни даваа гланц нови книги, мене ми беше страв да ги отворам. Не ги отварав скроз до крај, учев од полу-отворени книги. И многу се нервирам, кога на учебниците не сакајќи, ќе потпрам со лактот, и краевите ќе ми се свиткаат.
Имав навика да шкрткам по туѓите книги и скрипти, тоа ми беше како пасија на предавања додека бев во средно или на факултет. На моите не ми беше интересно, некако моите "авторски дела" заслужуваа да бидат видени и споделени, а не зачувани само кај мене, па затоа шарав по сите останати Најинтересна ми беше реакцијата и уживав кога им ги гледав фаците кога ќе го видеа напишаното Моите книги биле и сеуште се зачувани без ниту една цртка или подвлечено. Инаку да се разбереме, не сум расипник, туку уживав да ги "уништувам" книгите кои служеа за учење.
Па шкртав порано поише и по моите по туѓи. Секако ја таа навика денеска ја немам, дека на факултет нема потреба да носиме книги така да немам на што да шкртам Како и да е не е убаво да се шкрта, ниту на моја ниту пак на туѓа. Па сме давале пари за нејзе па уште и да ја уништуваме посебно корицата некој да ја шкрта.
Никако! Јас внимавав да не извиткам некоја страница додека ги листам, а камоли пак да ги чкртам! Бог да чува!
Кажувам за исклучиво МОИ книги. (не туѓи). Додека се школував, шкртав и книги и тетратки и ми беше срам ако ми побараше некој професор нешто, од тие шкртаници. Ама шкртав од досада! Зошто професорите не` заспиваа на часовите, па морав да се одржам будна, а шкрапањето со пенкало беше еден од методите.
Не ги шкртам книгите. Единствено ако во некоја книга која ја читам (а книгата е моја) најдам некој добар цитат го подвлекувам со флуоросцентен маркер.
Шкртам, бојам, подвлекувам, допишувам од страна, цртам со стрелки буквално се праам.Мислам дека ако не го подвлечам потешко ке го научам пошо поише сум некако сконцентрирана на читањето додека подвлекувам