Да ги шкртам. Од досада И не само книги и тетратки шкртам Една интересна случка да споделам со ова шкртањево Во осмо одделение јас и една другарка седевме заедно. Имавме математика и последните часови од школската година, оценките речиси напишани и досадно е и што да правам ќе си ја шкртам книгата Шкртам, шкртам,цртав пеперутки, фаци, фустани, 158235521233 пати си го напишав името и презимето, си цртав пејзажи ти се чини се наоѓам на некој натпревар кој повеќе глупости ќе исшкрта И имаше уште 5 минути до крајот на часот и сега наставничкава вели оваа ни е последната лекција за годинава ( паметам беше некоја работа со податоци оти графиците место во тетратка ги цртав во учебникот по математика )и другарккава почна да ги прибира работиве во чанта. И наеднаш ми го тргна учебникот. И викам- Зошто ти е учебников? И таа ми вели- Па да го приберам. И јас и велам-Прибери го твојот овај учебник мој е. Не,не ова е мојот учебник ми вика. Ти твојот досега си го шкрташе. А јас и велам-Јас на овај учебник си цртав Ама братучетка ми ми го даде ми вика. И јас леле извини ќе ти го дадам мојот( тој беше бетер) И двете прснавме да се смееме. Среќа што беше крај на школската година инаку ќе требаше учебник и за неа да купувам.
Книгите од библиотека никогаш не ги шкртам ,ги шкртам оние другите што ми се за учење само кога предметот што треба да го учам ми е многу 'интересен ' па кога ќе се изнервирам , кога ќе почнам па не се тоа шкртаници уметнички дела создавам ,што да се прави кога при учење и предавање имам креативност во себе
Kнига која што сум ја земала од библиотека никогаш не сум ја шкртала,е истото неможам да го кажам за останатите книги,учебници и сл. Од срциња,облаци,пеперутки,обични линии, па се до пишување на некое омилено делче од некоја песна на нив,тоа ми доаѓа како слободна уметност
Порано многу ги шкртав, сега не затоа што учебниците ни ги даваат бесплатно од школо и мораме на крајот од учебната година да ги враќаме здрави, не шкртани, скинати и сл. затоа што ќе треба да ги плаќаме. Ама затоа немам тетратка која не ми е ишкртана со најразлични глупости. Книгите од библиотека исто така не ги шкртам затоа што треба и нив да ги враќам.
Не, многу сум уредна со нив. Си ги пазам да не ги оштетам, не превиткувам страници, а ако има пасуси што многу ми се допаѓаат, ги подвлекувам, ама со моливче. Не сум баш волку уредна кога се работи за мојата соба
Не шкртам книги, а паметам од библиотека еднаш кога зедов на првата страница пишување отвори на33 стр. отвориштаму пак ти вели на друга и се така и на крај вели ај сега отвори 56 . Отворив и на крај со ситни букви напишале Лаѓа, лаѓа во дупе те гаѓа пукнав
Не шкртам, а сум имала многу книги земени од библиотека исшкртани или со имиња или нешто цртани срценца или некои други чкљ цртежи. Ама ми ја огрдува книгата шкртањето, само подвлекувам некогаш со моливче ама тоа во учебниците.
Доколку книгата не е моја и на било каков начин позајмена, не - зашто лично јас, не би сакала моите книги некој друг да ги шкрта. Што се однесува до моите, за жал, ги шкртам. Не ми се допаѓа тоа и во поголем број од случаевите не го оправдувам, но на пример кога учам, читам и буквално скоро се' што сметам дека е потребно да знам, го подвлекувам со пенкало. Не дека тоа којзнае колку многу ми значи или помага при учењето, туку едноставно навидум ми служи за поголема концентрација. За во иднина, ќе се потрудам барам маркер во боја да си купам , зашто со пенкало ми е многу грдо. Уште поубаво би било, доколку успеам да ја искоренам оваа навика.
Порано да, сега не. Грев ми е некако да уништувам совршенство - книга. Подвлекувам интересни цитати во книгите што јас ги поседувам, но не во позајмени или од библиотека книги. Мислам дека е глупаво да подвлечеш нешто во туѓа книга што тебе лично ти се допаднало (со исклучок на учебници, каде што обично најважното за учење е подвлечено и ни е од голема корист ) бидејќи така автоматски го насочуваш наредниот што ќе го чита делото да обрати повеќе внимание на тоа. Секој треба да си одлучи за себе што му се допаѓа, а што не. Со повлекување на реченици само му го наметнуваме нашето мислење на некој друг, што според мене не е коректно.
Учебниците да, но книгите за читање, било земени од библиотека било од дома, нема шанси. Сакам кога ќе ја земам книгата да се нурнам во неа, а не да обрнувам внимание на шкртаниците. Книгите треба да се почитуваат. Ако ми се допаѓа некоја реченица или имам некоја мисла ќе си ја запишам, но во моја тетратка.
Книгите ми се свето нешто и мрзам шктрање по книги. Дома сите ми се уредно складирани и не смее да се фаќаат со нечисти раце,а не да се шкрта по нив. Исто е и со учебниците. Кога учам/читам сакам тоа да ми е потполно уживање,а никогаш не може да биде ако книгите ми се лом. За прибелешки,интересни цитати и сл. си користам шарени post it notes и така избегнувам потцртување по нив.
Не. Мразам кога ќе земам книга од библиотека и на секоја страна среќавам нечии имиња, потписи.. Моите не ги шкртам, а не пак некои позајмени. Е порано учебниците си ги шкртав, ама тоа дека ми беше досадно .
Учебниците ги маркирав со пенкала во боја или маркери ,колку беа пошарени толку ми беа попривлечни. Книгите (за читање) ми се нешто скапоцено и сметам дека е срамно и жално да бидат нагрдени со чкртаници и подвлекувања.
Не. Кога ќе позајмам книга, сакам да ја вратам таква каква што ми ја дале, како што не сакам да дадам книга и да ми ја вратат ишкртана. Никако. Ако е моја, друга приказна, но ниту во тој случај.
Не шкртам по книгите земени од библиотека или пак од другарка. Многу ми е глупаво кога ќе земам книга од библиотека и таа цела испошкртана. Јас ни моите книги не ги шкртам, а не па туѓите. Но, учебниците се друго. Нив сите ги шкртаме. Досадата си го прави своето.