Дааа ги шкртам некогаш и несвесно, а се тоа е од пуста досада. Ако збориме за книгите во школо да, но бидејки сега не смеат да се шкртаат и кинат се воздржувам некако. Исто и за книгите од библиотека, но работните и тетратките лом ми се.
Не никако али на тетратки да кога ми е досадно на некој час...а да шкртањето по книги за мене е крајо ен педантно се потценува нечиј труд...и мислам дека не е убаво за некој што ке го виде од страна тоа невкусно изгледа.....
Само ги потпишувам, да се знае чии се. Инаку друг вид на украсување, не. Крајно детско ми е, ако толку сакаш да црташ, купи една тетратка и цртај до безкрај, немора такво дело да упропастиш. Ниту учебници, ниту книги. За учебниците ми е навистина глупаво, што ли ќе си рече тој што ќе го земе по мене идната година. Сум се изнагледала секакви декорации. Од полови органи, до цели куќи и соби. Девојки разголени и облечени. Свашта.
Никогаш!! Ако нешто знае да ме изнервира во рок од 0.00342 секунди тоа е безвезно шкрткање по (првенствено) МОИ книги. Побеснувам. Избегнувам да ги шкртам книгите. Едно време планирав да си ги потпишам сите мои книги зашто сестра ми има навика да позејмува книги на секого и ретко кој ги враќа без "случајна" потсета. Ама се одвратив од идејата затоа што имам имам страшно лош ракопис or let's call it ногопис. Никако не шкртам ниту по туѓи книги, ниту во позејмени од библиотека. Дури и во себе помалце го подпцујувам за простоќата тој што претходно ја земал или користел истата книга. Дури и пазам кога ги читам да не ги притиснам премногу на средина па да ми зјае после дупка на сред книга и стално таму да ми се одвара. Недај боже па да ја превиткам Факултетските книги обавезно ги потпишувам. Тие што си ги имам купено ги подвлекувам со моливче и ставам тенки забелешки ако треба. Избегнувам маркери. Е сега скриптите се друга прича. На нив има многу уметнички дела Цел месец не и кажав ни една проширена реченица на другарка затоа што ми нашкрапа забелешка во учебник во средно. И тоа со пенкало!!! А јас си го пазев цела година... Па и ракописот и беше бетер од мојот. Кога веќе го унакази барем асалаен да и беше ракописот а не хероглифи
Не! Ако сака некој да си шкрта и да ги претставува своите „уметнички“ способности насекаде, не знам што има интересно во шкртањето по книги! Побогу, земи си листови и шкртај колку сакаш, а не ја упропастувај литературата којашто некој сака да ја чита.
Во скрипта за на факултет знам да си подвлекувам, па и некое графитче знам да си нацртам во некој ќош Но во книги на пример позајмени од библиотека, или учебници, не шкртам
Па да,моите книги,скрипти,тетратки си ги шкртам.Ќе почнам да цртам нешто и во себе си викам "Ај уште да го доцртам и ќе почнам да учам"...И така тоа нема крај
Не! Ниту книги од библиотека, ниту мои книги, скрипти, учебници и сл. Исто и кога учам, не подвлекувам пасуси, цитати, реченици, немам таква навика. Мислам дека со шкртањето освен што ја нагрдуваме книгата, воедно навредуваме и потценуваме нечиј труд.
На сите тетратки имам по некоја чкртка,во учебници го подвлекувам или заокружувам она што ми треба,а книги од библиотека никако.
моите книги немаат корици и целите се лист по лист,ме иритира уредна книга кога учам,неможам да ја поднесам ,а туѓите-не,никако Затоа ако треба од некого да позајмам книга за да учам ја фотокопирам и потоа ја уништувам
Книгите од факултет кои ми се фотокопирани ги подвлекувам кога учам со маркери (во различни бои-сакам да ми е украсено ), а ти што ми се купени исклучиво со молив подвлекувам (кога ќе ми текне дека имам книги кои чинат и над 2000ден. срце ме боли да ги шкртам) А, книги како белетристика, за читање, досега не ми се случило да ги шкртам, без разлика дали се мои, или позајмени од библиотека или другари. Секогаш кога читам книга до мене си имам еден лист и пенкало и на листот запишувам стр.на кои се наоѓа некоја мисла која ми се допаднала и откако ќе ја прочитам книгата си ги препишувам мислите