за жал сеа не смеам да ги шкртам книгите , ама јас со моливче го правам тоа ради навика ..... Коа имам нешто исфотокопирано се во разни бои по тетратки може да се сретнат и цветчиња , срциња , ликови , потписи покрај подвлеченото ..... А за од позади *корицата и последниот лист на тетратката , да не праиме муабет
Не.Од книгите се чита и се учи,тие не служат за цртање и шкртање,за тоа земи си лист.Ја сакам уредноста и убавината на книгата кога нема подвлекувани пасуси и срценца во ќошовите.
Еееееее како да не ! Си има тетратки за шкртање што барам по книгите... некогаш само една минијатурна цртичка за да обележам некој цитат па после да го препишам, а пејзажи на друго место не во книги !
Порано учебниците ги чкртав, сега не смеам. А книга никогаш! Книгите за мене се како нешто свето, нешто што несмеам да го повредам и така, дури и кога читам внимавам да не превиткам некоја страница!
Учебници понекогаш да, а книги не. Особено ме нервираше кога порано ќе позајмев книга од библиотека и цела беше ишкртана.
Во никој случај. Толку ги чувам што не сакам ниту да ги потпишувам. И никако не сакам да позајмувам, со оглед на тоа што до сега сите книги кои не беа ниту целосно отворени и ги читав толку внимателно, ми се вратени како да стоеле еден месец на дожд и потоа да ги потпекле во фурна!
Немам шкртнато книга,ниту пак ќе шкртнам!Тоа е како непочитување кон авторот. Памтам како мала знаев некој учебник да шкртнам,ама со молив се разбира и нормално после ќе избришев.
Книги од библиотека,мои или позајмени никогаш не чкртам.Ама за учебници,тоа е друго.Подвлекувам,запишувам,означувам,ама со молив,кој на крај го бришам.
И јас имам лоша навика да шкртам но само на мои книги. Многу подцртувам, запишувам и слично па така да доаѓа до хаос во книгите.
Па кога учам не можам а да не ги шкртам учебниците.Аа ако е некое литературно дело не го шкртам и нема ни да почнам
Не, многу ги чувам книгите и оние што се мои и тие што ги позајмувам.Понекогаш на тие што се мои само поцртувам со молив некој дел што ми оставил впечаток.Многу мразам кога позајмам на некого книга и кога ми ја враќаат ишкртана и целата свиена па затоа не ги ни давам на секого моите книги.
Глупости! Порано кога немаше бесплатни учебници понекогаш ги шкртав но сега не ги шкртам. Не дека се пазам, туку ете така не сакам да ми бидат распарталени. А книги, онакви нели... не ги шкртам ни на сон. Глупо е кога ќе земам некоја книга од библиотека и гледам по страните Маги, Ваф4е, 12.05.2012 и останатите тракатанци.
Никогаш не ги шкртам книгите.На еден лист хартија си ги запишувам/издвојувам поважните работи и од таму си учам Дури и другите ќе ги прекорам доколку на нивната книга шкртнат нешто А и на крајот на учебната година, жал ми е да си ги вратам учебниците