Скриптите од факс не ги штедам, навистина. Како што се грди такви никакви црно-бели, баш сакам да си ги прорашам, да ми личат. Е сега ако сум купила книга од некој професор, тогаш не ја шкртам. Кај толку пари ги плаќаме уште да си ја уништам. Книгите што не ми се за учење, туку за занимација и забава, се нешто свето за мене. Не сакам ни свиткам страница, камо ли да шкртам во нив, без разлика дали е моја или позајмена.
И на книгите од училиште што ни ги даваaт и оние од библитека било каква да е мора да си нацртам нешто, навика ми е што да правам.
На книгите кои ги добивам од училиште, обично секогаш пишувам белешки во врска со темата. Нешто што наставникот рекол, а го немало, и кога некој друг ќе учи, ќе го има тоа и ако сака може да го избрише. Корисно ми е и мене при учење бидејќи најчесто учам само од книга, а тетратките ги прелистувам. Не ми е жал за тие книги бидејќи ми ги даваат во уништена состојба, на пример од книгата по историја едвај 10 цели страни беа залепени. Другите летаа измешани. Кој сака да си учи ќе го користи она што го имам пишувано. Како нешто оставено за идните поколенија Инаку, некои безвезе шкртаници, фигурчиња никако! Само нешто поврзано со материјата. Ако некој почне да ми шкрта веднаш со гума бришам. На другите книги од белетристика и други жанрови, не смее еден лист да биде извиткан а не пак ишкртан.
Книгите во никој случај не ги шкртам не ми изгледа уредно..само од задната страна на корицата е напишано моето има ..за да си ја познавам.
Не само што не ги шкртам туку и ги чувам и нема шанси да ги виткам или да ги обележувам до кај сум стигнала со превиткување на страната.Сакам кога ќе позајмам од некого книга да му ја вратам исто како што ми ја дал но истото го очекувам и јас кога ќе дадам на некого.Срце ме боли кога на плажа несакајќи ќе ја измрсам од млеко или па ќе ја наполнам со песок.
Да. Не сум жива ако не си го напишам името сто пати на една страна.Тоа дека многу ми е "забавно",затоа. Додатна естетска убавина на страните им овозможуваат маркерите кои обавезно ми се придружен материјал при учење.
Книгите од како ќе ги добијам си ги ставам у фиока и тек на крај на школска година ги вадам и ги враќам. Така да како што ми ги дале такви и ги враќам. Ништо плус или минус. А за други книги од библиотека или слично не ги шкртам, а тетратките кога како зависи по кој предмет е