Книги вообичаено зимам од библиотека и во никој случај не ги шкртам, а многу ме нервира кога ке видам ишкртана книга. Во учебниците може нешто да забележам со молив, а после кога веќе не ми треба забелешката, ја бришам, а тетратките до пред некое време имав навика да ги шкртам, но престанав, бидејќи видов дека ич не е убаво.
Учебниците од школо ги шкртам од досадата на час. Инаку книгите кои ги читам со своја желба ги чувам како нови. Навистина ми е жал да ја ишкртам. Ако некој дел ми се допадне го препишувам во моето "тефтерче на мудрста" Толку ми се убави и драги книгите што дури и внимавам да не ги извиткам додека ги читам
јас имам навика глупа е ама од мала така ме учеле и уште ми е тоа останато.. од позади на клигата ако има содржина ги заогружувам бројките..демек некој редослед да имам...а ако нема содржина тогаш таму кај што застанувам заокружувам...
Не, сега имам заокружувано нешто во лектирата што ни треба, ама се разбира планирам да го избришам Некогаш дури и бришам нешто што го немам јас чкртано, навика ми стана А учебниците само за пред тестови ги чкртам (подвлекувам, заокружувам) и тоа го бришам ако ми текни Инаку на книгите што си ги купувам нема шанса да чкртнам, јас ги пазам да не ми се свиткаат а камоли да ги чкртам
На книгите по англиски на сите ликови им цртам мустаќи.. аххахахаха многу ми е смешно после коа ја отварам книгата и коа ги гледам xD
Некои учебници ги шкрткам. Освен Музичко.. Тетратките обавезно. Или одвнатре на кориците ќе има решавани задачи или ќе има некои поговорки. На надворешната страна, пак, ликовите мора да имаат долга коса и шминка. Инаку не ги примам во ташна. А моите книги и оние од библиотека никако.. Тоа е забрането за нив.
По учебниците си шкрткам зашо неможам да научам ако не шкртнам, а по книги за чудо не. Сакам кога ми се неоштетени книгите.
Учебниците си ги шкрткам со молив оти нема шанси да научам..А книгите мои само МАЛКУ со моливче подвлекувам оти знам дека на школо ќе ме прашаат за тоа...Ама после одма бришам
Учебниците порано си ги потпишував или цртав по нив разни хиероглифи додека ми беше досадно на часови.
Исто така и јас ќе шкртнам за да си обележам до каде сум стасана со читањето.. А и во другите книги што ги земам од библиотека имам видено каде што има шкртнато
Книгите што ги земам од библиотека не,ама па затоа учебниците лом ги правам.Цртам во нив,ги бојам,се потпишувам.А,и оставам пораки на идните генерации.Еднаш во учебникот по географија некое девојче имаше напишано за некој дечко.Пишуваше нешто отприлика вака(не можам да напишам баш од збор до збор дека не се сеќавам баш):Јас сум Валерија(така мислам дека се вика) и симпатија ми е Ванче.Имаше нешто напишано дека била дебела и дека и тој што и се допаѓал бил дебел и дека заедно двајцата правеле сферно огледало :? .Дека во некои учебници нели има слики од научници,писатели им цртам коси,мустаќи.
не , а и не разбирам зошто би шкртала и ме нервира многу кога ќе земам книга и целата е исшкртана и искината да неможеш да прочиташ ништо и да ти е гнас да ја фатиш во раце ..
Јас се нервирам кога ќе ја отворам малку повеќе книгата и на средината ќе ми се направи линија, а да не зборам пак за чкртање.
Никогаш не шкртам книги, без разлика дали се мои или позајмени. Секогаш сакам книгите да останат како нови, неизвиткани и неишкртани. Ако наидам на некоја убава мисла, ја запишувам во едно тефтерче, не ја подвлекувам.