Шкртам и тоаа многууу, лом ми се книгите, тетратките, тефтерите, скриптите, се. За учење обавезно подвлекувам, без разлика дали од школо ни ги дале или е лично моја книгата, смајлиња, потписи, стихови од песни, знакчиња, фаци некои, колнења до проф ако не ми оди да учам Све што ми дојде на памет, така од страните околу текстот си цртам, на кориците, за тие белите страни секаде. Од библиотека не ги шкртам. не ми се примамливи некако
Не.Греота ми е така да ги шкртам,еднинствено памтам книгата по германски пошто не испрашуваа постојано за превод на текст а јас имав 5ка а немав три чисти од германски и кога наставничката го преведуваше текстот си го пишував во книгата
Мразам шкртање на книги. А секогаш тоа ми го правеа. Ќе ја оставев книгата на кулпа на училиште и кога ќе ја видев натписи до моето име или на тој што ја шкртал. Ми доаѓаше да ги убијам. Но ајде тоа е и тоа помина. Инаку сега сум студентка и сите книги ми се скоро копирани така да од нервоза си дозволувам по еден сомствен автограм на неколку страници.
Книга, ако збориме за учебник, книга, скрипта од која треба да учам, шкртам, ако за шкртање се смета подвлекувањето на тоа што сметам дека е потрбно да го учам, а онака слободна „уметност“ не. Книга како лектира или слободна литература никако не шкртам, освен што во овие со моливче бледо подвлекувам она што го сметам за особено интересно и што ме погодило на било кој начин.
во книгите подвлекувам само тоа што треба да го научам..а тетратките ми се лом..на секој лист има по нешто нацртано
Кај мене не баш,ама еднаш од една другарка кога позејмив скрипта,туристичка географија...стриптата и беше со..дека учевме за региони..и напишала кај грција-педери бугарија-цигани итн................ о.О
Во основно и средно бев чистунац за тоа, книгите ми беа совршено чисти, и не можев да учам од стар исшкртан учебник.на факс веќе почнав да подвлекувам,а сега за јазикот што го учам партал ги праам книгите,нема слободна маргина,белешки со пенкало ,молив,фломастер,цртежи кога ми е досадно на курс,ко некој надреалист да повратил врз нив..
Имам книги купено и тие си ги чувам како очиве Сега кога земав една за на плажа ми се потскинала ептен малце и ми се плачеше бе А учебниците понекогаш од досада на час ги шкртам..
Книгите како романи, приказни и слично, не. А учебниците, како книгата по Италијански, преполни се со подвлекувања, преводи, по некоја шарка од досада.
Додека бев основно училиште често ги шкртав. Но, во средно повеќе немав ни услови бидејќи нели почнаа бесплатно да се доделуваат па беше забрането да ги оштетуваме.
Книги не, а учебници да. Дури и тие од средно што беа за враќање. Малку несовесно, ама тоа е кога немаше кој да не доведе во ред. Плус морам да го подвлечам тоа што е за учење за полесно да научам. Сега на факултет дека сите учебници си се мои, било копии или оргинали, си подвлекувам со маркери, пенкала, лепам стикери, фаќам кратки белешки и сл.
Ако се подразбира подвлекување со маркер на тоа што мислам дека е потребно за да се научи и си цртам по некое срценце тогаш ги шкртам хахахаха
Книги, земени од библиотека или купени никогаш не ги шкртам, ама учебници, на досадни часови шкртам, но не претерано.