оние што ми биле за училиште, подоцна за факултет ги подвлекував, потцртував, заокружував- едноставно таков ми е стилот на учење. Ама затоа братучед ми од прва се положи, ми ги обожаваше книгите. Е сега оние што си ги купувам за душа, не ги шкртам. Тие откако ќе ги прочитам ми се за на полица . И многу ме нервира кога на некој ќе му дадам книга и кога ќе ми ја врати нашкртана или па не дај боже со траги од јадење на неа. Автоматски му ја подарувам. Вниманието и времето што им го посветувам за да го направам вистинскиот избор тие го добиваат и дома.
ДА, од досада на досадните часови.. наставниците дури и ме караa.. па ако несакаат да им чкртам нека ги направат часевите поинтересни или воопшто да ги нема и книгите и часевите..
Учебници и скрипти знам да шкртам и подвлекувам за учење, а книга како книга што сум ја земала да ја прочитам од задоволство не ја шкртам. Не гледам зошто би ја шкртала
Обожувам да читам книги и горда сум на колекцијата што ја имам дома, па затоа ги чувам како очите во глава. Шкртање или превиткување не доаѓа во предвид.
Книгите ги чувам, без разлика дали се мои или позајмени. Ама многу ми беше интересно да читам книги од библиотека, кои поминале низ којзнае колку раце. Често беа потпишувани, некогаш на задната корица беа оставани импресии од книгата, а беа и подвлекувани убавите цитати. Некако сите тие работи правеа да се почувствувам поврзана со оние кои ја прочитале истата книга пред мене Освен во еден случај, кога бев бесна и лута на оној што напишал спојлер на сред книга Не се сеќавам за која книга се работеше, ама на една од страниците пишуваше нешто во стил: Не се мачи да ја дочиташ книгава, тој и тој ќе умре на крај.
Само во учебниците со молив, а книги кои ќе земам од библиотека, од другарка или што ќе ги купам не ги шкртам.
По учебници не, освен со моливче тенко си ги подцртувам лекциите за да знам до каде сум стигнала. Мразам кога ми е шкртан учебникот од некој претходно што го имал со некои симболи, срценца итн. Исто и тетратките, обично некои знаат на последната страница да шкртаат ама јас сакам да ми биде потполно чиста.
Јас сите книги ги чкртам хаха. Оставам по некој белег на секоја книга или учебник. Особено во учебниците бидејќи кога учам ги подвлекувам главните работи а и се потпишувам на повеќе места.
Не,книги нема шанси,а ни учебници сум чкртала,не сум тој тип.А не сум ни подвлекувала,со мисла дека се' е битно и можи баш од тоа неподвлеченото да ме праша.