Не видов ваква тема. Дали и колку гледате вести? На која ТВ ги преферирате и колку мислите дека се квалитетни? Омилен спикер / спикерка? Темава ми се наметна од дечињата на едни пријатели како ги молат родителите да сменат вести на тв и ми текна како и ние молевме како мали да не гледаат нашите толку вести. Сега гледам барем еднаш во денот, обично тие на Канал 5 или на Алфа. Баба ми и дедо ми си ги гледаат сите, по ред, откако ќе станат , се до легнување. Дури и ми кажуваат кој од кого краде вести. Имам другарки што воопшто не погледнуваат, никогаш значи, и некоја голема, бомбастична вест, прв пат ја слушаат во животот Некогаш имам чувство дека вестите се исти по неколку дена, кризата, името, Косово, Премиерот, исто па исто. Омилена спикерка Ана Здравковска. Спикер - Александар Деловски, од времето на МТВ.
јас отсекогаш сум гледала интересни ми се,посебно оние на а1 а дома татко ми од едни вести на други одеше јас само на а1 гледам,така во тек со настаниве сум а омилен спикер:една црна мислам на онај благоја груевски бивша му е и билјана дебарлиева(мислам и неа некош ја има на вестите кажува нешо)
Обично ги гледам утринските емисии како Рано Ден и Журнал, бидејќи рано станувам секое утро, па во склоп на емисиите даваат и вести и метео и се што треба да знам. Значи најчесто - А1 и Сител. Некогаш знаат да бидат ептен контрадикторни овие две телевизии, ама мене тоа ми е смешно, секој си ја врти веста на своја страна како што му одговара И скеој ден читам Вест задолжително
гледам вести ако е пуштен телевизорот па ме мрзи да сменам или ако треба некоја вест да чујам, ама ретко и гледам кај ќе фатам таму.....најчесто А1 и Сител спикер.... па штознам како се вика една девојка на А1 така убаво презентира, а најлошо е Латас ама корисно е понекогаш да гледам вести иако знам и страшно да се изнервирам и револтирам после некои слушнати информации
Вести не гледам од таа причина што се преоптеретени со политика, а истата не можам да ја сварам. Се случило некогаш да се загледам, ама ретко тоа. Омилена спикерка - Татјана од А1 (повеќе за да ја гледам отколку да ја слушам - типката ми е ТОП!!.
ете сега ми текна и мене Татијана се викаше т.е. на Хипи и текна...зини да ти кажам работава....ама за таа спикерка и јас пишав во мојот пост дека ми е една од омилените
Еднаш во денот обавезно си гледам вести за да видам што како се случува Најчесто на А1 и Сител.Омилена спикерка Татјана а спикер Един Хајдарпашиќ
гледам вести обавезно во денот барем по еднаш да знам шо се случува али коа се збори нешто околу името(ќе го менуваме, не го менуваме , вакво име, онакво име, грција ова она, овој не подржувал тој не )менувам канал оти више преку глава ми е од тие вести се тоа па тоа. Вести гледам на А1 а омилени спикерки Татјана и Билјана а спикер Един и овој другиот горан мислам или така неш
Сакам да гледам вести и штом затечам на тв ги гледам. Најчесто оние на А1 телевизија. Омилена спикерка Татјана.
Да,гледам бар 1-2 во денот.Ги гледам на сител и а1.Омилени спикерки Татјана Стојановска и Ивона Талеска
Онака гледам, ако ме интересира нешто посебно, колку да знам што се случува во државава, а богами и во светот. Ама главно на интернет ги читам. Не гледам секој ден, само кога ќе ми текне. Па не ни гледам нешто многу телевизија за да седнам и да ги изгледам вестите. Кога бев на факултет, додека седев со брат ми, тој ги гледаше сите вести од 17:00 па натаму, и си создадов некоја навика барем најавата да ја слушнам (ако ми текне, се разбира). Најчесто на А1 гледам, понекогаш и на Телма, евентуално Канал 5. Останатите ако се пуштени во моментот, па некој друг ги гледа. Омилени спикери - Александар Деловски и Борче Николовски од старата гарда. Денешниве слабо ги задоволуваат критериумите за спикер, затоа што никој не зборува литературен македонски јазик (со некои исклучоци). Треба да сфатат дека не е само изгледот важен, важно е и како зборуваш, сепак на телевизија си. Се чувствува недостигот од спикерската школа под водство на старите и искусни спикери од Македонската Телевизија, кое мораа да го поминат сите спикери на времето. А денес кој стаса, станал спикер, исто како со пејачите. Од денешниве спикери би ги издвоила Билјана Дебарлиева, Татјана Стојановска екс Грујовска и Борислав Тноковски (последниве двајца да поработат малку на изговорот - не мора скопски да зборуваат).
многу ретко,ептен кога ми е досадно или ако чујам случајно нешто што ме интересира.а инаку един и татјана од а1,и една црна,мн убава од канал5 ама не знам како се вика.а црната од сител што водеше и "бојата на парите" не можам да ја смислам
Случајно кога немам што да правам , или чекам нешто да ми почне . И можам да кажам дека ми се интересни
Гледам вести речиси редовно. Мислам еднаш дневно ќе ми се згоди да изгледам едни од почеток до крај. Најчесто во 19 на А1 или на канал 5. Понекогаш ме интересира, некогаш со моите кога гледаат, ама мислам дека сепак и тоа е добро, ќе слушнеш нешто ново. АКо воопшто го има. И веќе досадни се вестите од типот-името, Груевски, опозицијата, Брисел, и тн .. Ама тоа е најчеста „вест“ Омилени спикери...немам... или не знаат да изговараат како што треба, или се тотални утки беез искуство и слично. Никој не ги заменил досега старите кадри од МТВ. Уште гласовите кога ќе им ги слушнеш знаеш дека вести ќе гледаш со задоволство.
Онака.Понекад.И не ми е важно каде.А1,Сител,МТВ,Канал 5,Телма...Обично мајка ми слуша вести па и јас со неа
Gledam redovno ,na site TV ne deka tolku me interesiraa ama morav zaradi rabotata pa sega nekako se navlekovMenjam samo koga Latas trese zeleni