Се информирам од интернет сајтовите, најчесто од агрегаторите на вести Тајм Мк ... Кога ќе ја слушнам најавната шпица на Сител вестите, ако не можам да го најдам далечинското, го гасам ТВто од струја...
Mene me interesiraat vestite od svetot i gledam da sum redovno vo tek na toa pole. Domashnite aktuelnosti gi sledam radi reda, ama neretko i se napnuvam na toa amatersko perenje mozok, pa vo plan sum da gi batalam, kako shto gi imav bataleno pred izvesen period.
Најдобро е кога ич не гледам, инаку обично гледам еднаш во денот, без поголемо внимание. Секој ден повторуваат едно-исто, а да прочиташ вести на нет, ќе се изненадиш колку нешта телевизииве прикриваат и заташкуваат.
Не. Порано гледав и само се вознемирував. Многу подобро се чувствував откако престанав. Кога ќе размислам сега, јас воопшто и не гледам телевизија и не можам да ги сфатам оние што се по цели денови залепени пред телевизорот.
Тие луѓе се како хипнотизирани. Мене ме иритира нешто да ми дрдори во позадина. ТВ уклучувам само наменски.
Не ми е поради звукот, и јас на пример имам постојано музика во позадина или на слушалки. Ме иритира селективното известување, создавањето на паника и изобилството од (многу често непотребни) информации.
ОК, се надоврзав дека се изјасни општо за гледање ТЕЛЕВИЗИЈА. Мене би ми било предосадно да гледам ТВ цел ден и мислам дека кога некој тоа го прави, сака само да слуша гласови.
Можеби еднаш во денот, и тоа ќе дрдори во позадина. Воглавно избегнувам, се информирам преку интернет.