Сопругот ги гледа сите од 18:00 натака, па и јас ги гледам додека правам нешто, или барем ги слушам. Ги гледам на речиси сите телевизии. На А1 се крај... во сред дневник кога ќе вметнат некоја репотажа од туристичо место или слична глупост... А Латас не знам кој го пушта на телевизија. Всушност, мене вестите многу ме нервираат, ама сепак имам потреба да ги гледам. Презентираат глупости, а пропуштаат важни информации. И новинарите генерално ме нервираат...
Обавезно, еднаш дневно гледам вести, од почеток до крај. Најчесто гледам на канал 5 во 17ч. или на А1. На Сител не гледам, зошто кога ќе го видам и слушнам Латас ми се ежи кожава Од овие новиве спикери единствено ми се допаѓаат Горан Петрески и Татјана и Борислав и едно друго девојче на Канал 5, не знам како се вика. Сепак не се толку добри како оние од постарите генерации кои говореа чист македонски јазик, без никакви примеси на дијалекти.
Гледам, секој ден. Само што претеруваат веќе за промената на името. Секој ден тоа па тоа се блада. Нема ден на вести да не чуеш за името, за Груевски и тој на Грција премиерот. Се се состануваат и ништо пак. Мене уопште не ме тангира промената на името, ниту пак проблемите со Грција, се додека тоа директно не влијае на мене, а цели вести се со тоа тупат.
Ако досадуваат дома со вестите (а често е тоа) ѕиркам по малце иначе да земам да седнам и да речам “е сега ќе гледам вести“ не баш
Гледам вести. Не да седнам како баба ми и дедо ми и да ги изгледам сите по ред на сите програми ама гледам колку да бидам информирана што се случува во светот. Најинтересни ми се економските вести, а и нив морам да ги следам затоа што ми е поврзано со тоа што го учам. Младите на наша возраст ќе речат дека не поднесуваат вести и дека тоа е за стари луѓе, ама мислам дека нема полошо нешто од тоа да не бидеш информиран и да не знаеш да направаш два-три реда муабет на било која тема. Омилени спикерки Татјана и Билјана од вестите на а1.
Во принцип сакам да слушнам вести ,чисто колку да знам што ново се случува и тоа најчесто е на А1 или Канал 5. А економските вести ги следам со поголемо внимание Инаку омилени спикерки Татјана Стојановска,дефинитивно и ана Здравковска
Неможам да гледам вести Се нешто трагедии кажуваат .. Син убил таткоо, мајкаа Покољ по дома Одма менувам канал , алергична сум на вести
Речиси секогаш гледам вести, интересни ми се, па нели треба да знаеме што се случува во земјава и во светот На било која телевизија, зависи од времето.