И јас не можам многу вести да гледам,но сепак сакам да знам што се случува во земјата и светот. Си ги гледам тие на А1
Обавезно гледам еднаш во денот,најчесто на А1,понекогаш и оние на канал 5.Ама ептен ја претераа со тоа Нато и со името.И секако со партиските препукувања.Од спикери како омилени би ги издвоила Татјана Стојановска(А1),Билјана Дебарлиева(А1),а како најодвратни Латас(сител),Ивона Талевска(сител) и Билјана Секуловска (А1)-за презимето од последнава не сум сигурна.Сигурно ја знаете оваа Билјана.Таа е онаа што ја криви главата ко чукната и носи наочари.Фала богу ја тргнаа,не води вести повеќе сега само интервјуата со политичари ги работи
Секако дека гледам вести, барем еднаш во денот, најчесто оние во 19 часот на А1. Омилена спикерка ми е Татјана стојановска од А1, а дефинитивно најодвратни ми ес Латас, Ивона Талевска и онаа Тања од Бумбар
Вести гледам ептеен многу ретко,кога ми треба за нешто информации,а Тања на сител што води Бумбар ми е ок водителка ама ми се смешни некогаш тие што се јавуваат што се караат за глупости
Вести гледам понекогаш те.принудена сум бидејќи сите од семејствово сакаат да бидат распознаени со случувањата. Најмногу ги гледам оние на А1.
Гледам вести и накратко ќе кажам што мислам за нив : 90% од програмата се партиски препукувања , црна хроника , криминал и дупки во законот , Грција 10% убедувања да се запишеме на факултет
Не гледам често вести, ама овие на А1 стварно ја претеруваат. Врв беше кога кажаа за таа бабата сега скоро, што живеела сама, а беше многу болна жената. Стварно е жално такво нешто, ама да даваат на ТВ како вреска од болки и да ја покажуваат Аман! Тој Велија Мајка Тереза да не се замислува?
Да хипица во право си... меѓутоа бабата беше ств греота солзи ми потекоа кога ја слушав а ако не дадеа на а1 немаше никој да и помогне....
Хахаааааааа И јас го мислам истово А, посебно не можам во последно време црна хроника да гледам на вести, зашто притисокот 200 ми се крева(само болести,убиства,педофилија,сообраќајќи )...Не гледам..Иначе привремено сум тука во Македонија(во Австрија живем) и за жал и таму на вестите е 60% црна хроника, ама нема партиски препукувања како тука и таму сите медиуми се независни, а овде како што гледам се поделени(пр.на Сител ТВ, на вестите, цело време ја бранат владата), на А1 обратно е...И тоа е една причина плус, да избегнувам да гледам вести
Вести гледам најчесто на А1, Алфа или Канал 5. На Сител не можам да ги поднесам, па веднаш менувам канал кога ќе ги начекам, дури и не личат на вести, дневникот треба да се вика “ Латас мисли вака...“
Порано не гледав и ми беше чудно што им е толку ''интересно'' на моите да гледаат . Сега гледам ,не често, ама ако сум дома кога ќе се или на некое место ако се пуштени кај што сум гледам. Едно време ме нервираа што таа веста со енциклопедијата ја пуштаа една цела недела, досадни станаа. Гледам на А1 најчесто, ама и на Сител и Канал5 на прва никогаш немам гледано нити па мислам да гледам. Немам омилени спикери/ки ама убави ми се за гледање Татјана од А1 и така внимателно ја следам и на баба ми и викам -Бабо, а да не и е устана малку искривена кон наша лева , а нејзина десна страна(се приметувам , е не знам колку е точно ова можеби ми се причинува ама важен беше моментот , ние загледани, баба ми задлабочена, јас внимателно ја пратам што кажува и вниманието ми го отргна устата, кога зборуваше во уста ја гледав и само одговор -Бабичкее , не знам, чекај остајме ме да ги догледам вестиве (дали слушна ја што кажав) -Нема врска, бе бабо само ми се пристори нешто и пак настанува тишината и тој Борислав на Канал5 ми е симпатичен и Ивона Талеска од Сител
Па не многу.. Ама некогаш ми доаѓа преку глава од вести. Особено кога седам со таткоми, и мења канали и на еден канал завршиле вести,на друг пушта.
Да,гледам вести,ги гледам на А1 и онака на сите телевизии се исполитизирани па мислам дека овде се најобјективни,со одредена доза на исполитизираност,но подобро нема Ме интересира се што се случува,од политика и економија до временска прогноза никако не ги гледам вестите на Сител,ме нервира Латас и неговата политика.
Ако можам, избегнувам да гледам, не можам веќе да поднесам како ни ги полнат главите све со едно па исто СДСМ вс ВМРО, препукувања, името, ЕУ....ама кога веќе гледам ги гледам тие на А1. Нема веќе никаква практична вредност нит фајде од вести, само да те изнервираат и да ти го дигнат притисокот, ама животот поубав нема да ти биде
Гледам најмногу на Телма, незнам зошто! Воопшто не сакам да слушам вести, затоа што се исполитизирани! Се едно исто, за името, Нимиц рекол вака, Фуере онака......бла бла бла......досадни се! Гвујо, Бланко.....