НЕ!!!!! .... се само нешто тажно и трагично кажуваат и не можам да гледам цел ден ке ми биде жал после ... плус мразам политика не знам ни претседател кој ни е и не ме ни интересира .... вестите за мене се строго забранети
Одбегнувам да гледам од причина што секогаш има партиско препукување! Но често кога мајка ми гледа, јас и се потпикувам и порбувам а бидам во тек. Има некои настани за кои сакам да сум во тек, и кои се личен мој интерес. Иако ретко, знам да погледам вести.
Дали и колку гледате вести? На која ТВ ги преферирате и колку мислите дека се квалитетни? Омилен спикер / спикерка? Гледам вести обично тие накај 11 навечер тогаш сум најслободна, ама ако претераат политичарите знам и да сменам и не се опседнувам нешто ако ги пропуштам зошто на нет скоро секогаш читам нешто. Ги гледам единствено на А1 телевизија. Омилена спикерка Тања Стојановска.
Кога бев помала си викав дека никогаш нема да ги гледам тие досадни глупости,ама ете дојде денот кога си се побив сама себе) И да биде поинтересно живеам сама (со дечкото) значи не мора да гледам оти случајно сум се нашла во истата просторија со моите кои обавезно ако не повеќе ама два пати си изгледуваат Сакам да гледам вести еднаш во денот,некогаш со обврските не можам ни еднаш ама затоа тука ми се весниците.Што знам не дека кој знае колку ама ме интересираат информации за нас ,за светот,за економијата...Апсолутно се сложувам со некои коментари што ги прочитав дека повеќето се партиски препукувања,ама тоа ни е нашата ни Македонија-држ не дај е работава нели) Омилен спикер Валентин Николовски (Сител),порано беше наратор на Храна и вино,човекот има уникатен глас нема муабет,а од девојките ... па можеби Спикерката од Канал 5,навистина не ми текнува на името ама одлична е
Единствен дел од вестите што го гледам е временската прогноза.За другото ми е рано да гледам , а и не ме интересира многу кого го уапсиле- кој како си ја наредил . омилена спикерка немам , кога ќе ги видам пренашминкани го менувам каналот.
Да да .. нормално секојдневие а и кога седам со моите во дневна се гледаат вести и се коментира за актуелните теми од Земјава и Странство .. хихихихиихихихих ...
Сакам да сум информирана за се, што се десава во светот. Си го читам најмногу сајтот vesti.bg и time.mk Таму са најактуелни вести! Само спортските вести не ги читам, некако не са ми интересни...ако е за светско, олимпијско или балканско парвенство, тогава читам, инаку не :geek:
Ниту гледам вести, ниту читам весник. Се случува додека сум во дневна или во кола на радио да е пуштено, па да слушам, но по моја волја не.
Ја ко алергична да сум на вести Како порано, така и денес кога ке видам вести на тв одма мењам, доколку некој од моите гледаат, тато бе сменииии Значи незнам, неможам да ги поднесам... апла досадни и се едно те исто. Убиство, силување, тепачка, сообраќајка... ако не е тоа, тогаш сигурно е нешто околу политиката неможам, ме полнат со негативна енергија.. иако понекогаш моите знаат да ми речат треба да подгледнувам малку за да знам што се случува по светот. Но јас верувам, се што треба да знам, дознавам преку интернетот.. а да се црнам со оние гадости на тв, не фала
Нее, не гледам, понекогаш ми се интерсни, ама не гледам, ниту помислувам некогаш да гледам вести. Како и да е, не гледам многу телевизија, не наоѓам време за тоа.
гледам кога ми е досадно,најубав водител ми е еден на Калан 5 како да нема Мк име презиме ама нема веза преубав ми е...
Баба ми и дедо ми не пропуштаат вести постојано, на една програма ке завршат на друга ќе почнат и така цел ден, а јас воопшто.. само на А1 на страната ке видам понекогаш што има ново