Гледан зашто да не .. добивам некакви информации во врска со светот државава.. од седење само на фб човек ке отупи .. хаха .. не гледам редовно ама 3-4 пати неделно да ..
И читам и гледам чат пат. Традиција ми е во текот на денот да го отворам тиме.мк и да видам се што е ново, си читам и дневен весник, а и често ми е пуштен телевизорот на А1 па ги фаќам нивните вести или оние на канал 5. Сител забранети се кај мене, поради одвратните спикери. Али ете пример за време на изборите не гледав зашто тоа е замарање, али убаво е да си запознаен со светски новости дал убави дал неубави сеедно. Ете има луѓе кои после една седмица дознале од статус на ФБ дека имало силен земјотрес и илјадници жртви во Јапонија Отупуваме, фб, скајп, чет, мсн, игрици... Ах да и сеедно што имам временска прогноза на декстоп обавезно си го гледам глигор, сеедно што секој втор ден ме лажат А и спортски вести си гледам Чат пат и ББС и СНН знам да си пуштам, посебно кога имаат добра репортажа или светска несреќа они за 5 минути се на местото на настанот
Да знам да пуштам по еднаш во текот на денот..глеам на овие понеутралниве телевизии,мислам непартиски обоени нели ме интересира да видам што се дешава кај нас по светов,временцето какво ќе биде и спортот обавезно не се пропушта!
Еднаш дневно се случува да гледам, но и доколку не стасам да видам што се случило, на крајот од денот ги прегледувам интернет страниците на телевизиите и весниците и колку толку знам што се случило
паа гледам барем еднаш во денот колку толку барем да бидам во тек со настаните или пак си читам на инт на сајтот од а1 или сител
Не гледам секој ден, но гледам често. Највеќе ги затекнувам тие во 16часот или во 19часот. Ниедни други неможам да смислам освен оние на А1. Сител никако. Одвратен ми е тој Латас и онаа што го води бумбарот. Незнам како се вика. Спикери меѓу подобрите на сите македонски телевизии ми се Татијана Стојановска од А1 и Горан Петрески исто од А1. И двајцата се многу харизматични, посебно Горан . Инаку најинтересни ми се оние вести од светот.
Хуманитарци, терористи, живи мртовци ГЛЕДАМ ВЕСТИИ.. ухуу .. да гледам вести, секогаш е добро да бидеме во тек со сите новости
Задолжително еднаш во денот ,ме интересира да знам што се случува во земјава и надвор од неа . Омилена спикерка ми е Билјана Дебарлиева ,а омилен спикер Александар Деловски .