Воопшто не гледам Вести, нити пак ме интересира, а впрочем се што даваат, се трагично, само зрачат со негативна енергија, кој војувал, трет нешто лошо направил, па политика итн., затоа не ни гледам.А знам што даваат, зошто кај мене во фамилија се следат Вести, не се пропушта тоа те на една телевизија, те на друга, па и време се знае кога се даваат и колку време траат
Да,гледам.Барем еднаш во денот мора да гледам.Не сум оној зависник од вести сега да седнам и да чекам вести,но ако се емитуваат во моментот кога гледам телевизија,обавезно гледам А,еднаш во денот обавезно ќе ги фатам.
Гледам обавезно вести најчесто на сител, канал 5 и 24 Вести.Сакам да бидам во тек со новостите што се случуваат.
Многу ретко, а ако гледа само метео или само на крајот ќе ги зачекам кога ми почнува некој филм после нив
Гледам секој ден. Понекогаш сите ги фаќам и во 4 и во 6 и во 11 Сепак, сметам дека е добро да се гледаат вести, ако не друго барем во Македонија да знаеш што се случува. Се чудам на школските мои, врска немаат со вести и не ми е јасно како може да не ги интересира за тоа што се случува во светот, што е актуелно, а сите трачеви од жолтиот печат ги знаат. Гледајте вести, барем еднаш во денот
Секој ден, и вообичаено ги гледам на Сител од 4 попладне. Тоа време ручам, па седнувам пред телевизор да изгледам вести, да бидам во тек со настаните. Викаат: има три приказни - А1, Сител и вистината. Па така, после тоа изгледувам уште некои вести, дали на Телма или на Алфа, и си правам споредба на кажаното.
Вести гледам само кога сум со дечко ми бидејќи он редовно си ги прати А инаку вака да гледам вести кога сум сама нема шанси
Исклучително само кога даваат некои битни информации, како што се: Кои денови се неработни (да се израчуна одма, што часови се губат) дали е одложено тестирањето и слично. А вака нема шанси, или пак може, само за нова година, кога ги кажуваат киксовите што ги лупале, па да се изнасмеам.