Гледам секој ден и не ги пропуштам, а редовно ги читам и статиите од нашите дневни весници на интернет. Си се чудам самата на себе, почнав да наликувам на дедо ми сите ги замолчувам кога ќе почнат, бидејќи сакам да ги слушам во тишина и единствено вниманието да ми е насочено кон вестите хаха
Па се трудам да фатам барем еднаш на ден, чисто онака да видам што има. Инаку на Канал 5 си гледам, она на Сител не се вести, туку монолозите на Латас уф колку ми е одвратен само како и Ивончето... Кога не гледам ниеднаш, обично ги замарам сестра ми и мајка ми да ми ги "прераскажат" вестите. Уствари еве што се вести:
Гледам гледам,кога ќе ми нема нешто на тв коа ќе си фатам од канал на канал смао вести барам. Најчесто гледам на 24 вести,на канал 5 или на сител
Многу ретко гледам, ако ми е досадно многу. Се вртат околу политичките настани, вамте-тамте, здодевни се!
Ги гледав порано на А1, пред да забегаат. Сега најчесто гледам на Сител или Канал5 од причина што сакам да верувам дека се‘ ни е розово во државата. Телма не ги сакам, монотони ми се. Им фали некоја свежа крв во Дневникот. А вечерниот термин на Алфа вестите најчесто е резервиран за некое добро филмче. Од спикерите или презентерите ја сакам многу Билјана Дебарлиева, одмерена и пријатна за око и за уво. А во последно време и Цаци Сарма си ја гледам, мила ми е. (Ко да немала од кого да учи, Розета беше no.1 на МТВ). Од спортските коментатори: Златко Андоновски-Канал5 (Кој го видел, знае) А најодбивен тв спикер ми е Ивона Талевска. Без конкуренција.
Ги гледам вестите на Канал5 оти мислам дека пообјективно ги пренесуваат информациите,порано на времето ги гледав прво на сител па на а1 и си ги споредував и се смеев колку само различно не информираа едните кажуваа бело е а другите не бе не црно е .
Не гледам, ептен ретко. Едино ако е пуштено на таа програма па да слушнам нешто. Сител и Канал5 најчесто, барем кај мене таму гледаат најмногу вести. Сител само за вестите би ја пуштала искрено, особено ако води Латас .