Тоа е прашањето... Едноставно, дали го читате сајтот и зошто ДА/НЕ? Јас не го читам, оти нема апсолутно ништо што ме интересира.
Обавезно! Боже не дај да пропуштам некоја нова модна комбинација од познат креатор, па да се брукам со фустан од ланска сезона. Или да заборавам колку посебна сум оти сум мајка. Или најново, да земам да пржам месо без да додадам Фант. Вицовите ми го прават денот, цел ден се смеам кога ќе прочитам. И така цел месец за ист виц се смеам пошто многу смешни се, греота е да се менуваат почесто.
Да не е форумов тешко дека ќе отворам било што друго на странава. А со оглед на тоа што огромен дел од сообраќајот се прави преку форумот, преглупо е уствари колку игнорантно се однесува менаџерскиот тим и колку често форумов изгледа како село без кучиња. Што да отвори човек да го заинтересира кога од плитка содржина, промоција на небитни ликови, безброј ПР текстови и преочигледно симпатизирање на модата која се тера кај претставниците од моменталната Влада, ретко нешто саглам да те натера да кликнеш. Последно што видов со потенцијал да се развива во квалитетна рубрика ми се текстовите на @danichap затоа што стварно има и што да се прочита и што да се научи. Јас не сум родител, ништо не ми значи таа категорија во моментот, ама ми се допаѓа концептот. И за други работи да се така, значително ќе се зголеми нивото на квалитет. Стварно има тука членки што имаат што да кажат и за водење бизниси, иновативни идеи, дизајн и уредување, фитнес, козметика, доење и што се не...да се паметни ќе го искористат форумот за идентификување соработници и правење саглам медиум. Но...
Зошто никој или ретко кој го чита сајтот Baby shark го надмина рекордот на Despacito и стана најгледано видео на Youtube На кого ова би го интересирало...
Фемина никој не ја чита. Кликовите се од форумот, а администрацијата кон членовите се однесува ко да ги мрази и едвај чека исчезнат. Толкава незаинтересираност кон членството нема ни во политичка партија по победа Последно биле сајт на годината пред цели 9 години. Од тогаш никаде ги нема. Посетеноста е толку лоша што и податоците за посети се од 2014 и 2015. Статиите им ги коментираме у друга група, ништо не променија или барем да поместеа. Денар не даваат за лектор. Наместо да пишуваат за битни теми во кои ќе се издигне жената, они само мода лепат, ко ние да сме само украси. Попонижувачки сајт кон жена, а се вика Фемина, нема. Видете ги фемина.рс, како пишуваат... Фемина мк дише само од форумот, а форумот е очаен без квалитетни модератори и непостоечка администрација. Веројатно ќе вложат кога ќе паднат рекламите.
Површни текстови, површни статии, површни моди или како и да е, статиите им се за тинејџерки од 13 години . Мислам дека е единствен сајт и форум што не се променил, не се поместил, толку е досаден и веќе виден со години наназад. А жално е, оти би можеле да напредуваат впрочем како сите што прават. Да одат напред со времето... Досаден искрено. Нема едно нешто ново, дали на форум дали на сајт. Сајтот ме потсеќа на ТАА ли беше едно списание пред 15 години, за тинејџери, ништо друго, или мали деца да не речам.
Најчесто сум на форумов. Ако има некоја статија што ми го привлекува вниманието, отворам. Но, се согласувам со другите во врска со содржините на сајтот, најчесто ми се непривлечни и/или површни. А хороскоп и онака не читам...
На времето од сајтот читав најмногу колумни, Трендафилка имаше објавено неколку убави колумни на времето. Исто и новости читав. Сега ништо, нема нешто посебно за читање. Ама и јас се префрлив повеќе на странски сајтови да читам работи. Така да може и до мене е повеќе.
Никогаш не сум го ни читала. Едино како помала го читав често хороскопот, и се сеќавам имаше некои колумни членките што ги пишуваа, тие ми беа интересни. Стварно не знам кој го интересира како се облекла Кајли или дали Ким и маж и се скарале. First world problems. Искрено и форумот ми е здосаден, не е веќе тоа што беше. Јас кога се зачленив пред долги 10 години владееше скроз друга атмосфера. Имаше доста квалитетни членки што веќе не пишуваат, и тогаш како дете се чувствував баш прифатена, немаше толку исмевање, препуцавање, сите возрасти супер си се сложуваа. Се развиваа квалитетни дискусии, помладите членови имаа што да научат од постарите, си помагавме, си дававме совети. Сега е се некако свртено кон непотребни караници и напаѓање... Ама што знам, и форумов ја отсликува надворешната состојба во светов, и луѓето се многу променети.
Најмногу форумов користам. Таму пуштам соновник. Најубав е. Едно време читав диети и фитнес. Сеа го запоставив.