Пред многу години објавуваа цели модни колекции од модните ревии. Тогаш редовно ги следев и разгледував што има. Стрит стајл, ревии, модни креатори ми беа омилено. После толку станаа за никаде што нема поента да ги отворам. Не се ни сеќавам кога последен пат ги имам отворено за било што.
Леле, порано ептен читав. Уствари, не ни читав, разгледував само кога ќе постираа облека од црвен тепих, некои такви работи што ме делумно интересираа. Сега ич, ич. Воопшто не ме интересира содржината.
Не,многу ретко, ептен ако отворам некоја статија на фб кога ќе ми излезе. Или пак да прочитам хороскоп еднаш два пати во годината. Мислам дека да не е форумов ,никој не би ни дознал за сајтот. А тоа говори многу за него и севкупниот квалитет.