1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали го чувствувате осиромашувањето во државата?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 17 мај 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.651
    Допаѓања:
    12.094
    Јас чувствувам во мојот сектор, дека работам повеќе од порано, а заработувам помалку. Се е поскапо и како поминува времето се помалку можам да си приуштам. Како е кај вас?
     
    На Slatkarka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    47.957
    Пол:
    Женски
    Исто е скоро секаде.
    Работа има се помалку,цените скокаат,платите исти,луѓето исплашени од неизвесната иднина.

    Купи ден-помини.Од денес за утре.Потрошувачката кошничка на едно семејство се попразна станува. Европски цени со македонски плати.Таква е ситуацијата кај повеќето.А за жал,ништо розево не гледам во догледна иднина.

    Треба многу промени од корен.

    За тоа колку ни е сиромашна државата,се гледа кога ќе прошеташ низ град и кога ќе видиш тажни,замислени или нервозни лица,квалитетот на живот е сведен на гол опстанок.
     
    На PaLaVa, galapce, Quuen и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.651
    Допаѓања:
    12.094
    Плус сиромаштијата ги направи луѓето злобни и лоши. Кога ќе чујам плати 8000, 10.000 денари. Сите прашуваат колку ти е плата, а што и да кажеш одговорот е лош, или не ти веруваат и ти љубоморат или викаат малку ти е.
     
    На PaLaVa, Quuen, anakonda88 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Така е Тање, се сложувам оти од истиот агол и јас гледам на таа работа. Но една работа ме буни, кога гледам по градов секој ден полни кафичи, кафани, речиси секој во нова гардероба дотерани скоцкани, искрено не дава слика баш за сиромаштија. Дали до таму е отидено да на кредити се дотеруваат/јадат луѓето или негде сум грешка, ете само тој дел не ми е јасен. Да не ме сфатиш погрешно, скроз сум со тебе во мислењето. Или можеби живееме во такво време кога е срамота да не си дотеран или едноставно немаш за во ресторан секој ден да седиш, ама ќе скратиш од лебот да видат луѓето демек можеш, има и такви кои живеат за другите буквално... еве не знам.
     
    На PaLaVa, eutixismena, sofijanoka и 14 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Го чувствувам...
    На мој грб:|
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    47.957
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека @LivingGlam нема да ми замери што ја цитирам,но со ова нејзино мислење најреално ја доловува сликата за државата.
     
    На PaLaVa, MayDiamonds, okcenzi и 39 други им се допаѓа ова.
  7. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Факт е дека денес сметките што ги плаќаме се луксуз, луксуз е да пуштиш струја, луксуз е да запалиш кола да тркнеш до некаде без да ти падне јазикот до земја и останеш без душа (некои градови се многу ридести па пешачење е скоро мачење бат нвм) и воздухот е луксуз и парно е луксуз небитно дали го користиш ама ќе го плаќаш оти народоттакаодлучил и точка. Некој ќе рече епа и ти одиш, да, точно е, понекогаш и јас одам, но за некој тоа Е луксуз, додека за друг е начин на живот, тоа е разликата. Убаво кажала Ливинг за ситуацијата во Кам, додека едниот пазари таму и стиска што да земе што нема потреба, и да има ќе ја снема, жена му крши кичми во конфекцијата по 12 саати за на крај да се чудат како и покрај тоа што се вработени едвај им стигаат сметките да ги покријат. А тек па ако се со деца дома, да не почнувам а? :)
    Тоа по кафичи/кафани цел ден шо дремат ко бескуќници ќе да се газдите нивни, друго објаснување неам. Или оние шо начекале од тате, а на тате од кај му е? Абе не е еден мме.
    Да кажам за исмејувачите или..? Ај ќе кажам ко веќе почнав. Добив и такво прашање еднаш, зошто, како уствари е можно да ми е празен пасошот, дури со чудење го гледаше па мораше да го покаже неговиот и со уште поголемо чудење во гласот да се пожали како веќе немало место внатре.. Вие ќе го плукнете или јас? :)
     
    Последна измена: 18 мај 2016
    На PaLaVa, sofijanoka, Victorian и 15 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.230
    Пол:
    Женски
    I jas ja cuvstvuvam siromastijata , duri pred pomalku od polovina godina , trojca lugje ziveevme so 200 denari , zaraboteni od mm makotrpno , so vozenje taksi na crno , kup kazni mu pisaa , zatoa sto sakase da si go nahrani semejstvoto . Da ne bea vrskite , uste kje bevme vo taa sostojba , iako pak ne sme nesto podobri . Od negovata plata momentalno ziveeme cetvorica , gi plakja kaznite sto mu se pisani dodeka vozel taksi , sreduvame wc i kujna doma , i se toa so negovata plata . Gi presmetuvame parite za hrana i za decata do denar , blagodarna sum na Boga sto svekor mi i svekrva mi ni pomagaat i zbor ne ni velat . Kolku pati ne sme imale da jademe jas i mm , samo za da mu kupime na deteto sve sto mu e potrebno ( pampers , mleko ) .. I ne gi svakjam onie koi velat deka nema siromastija vo drzavava . A najcesto tie cekaat uste od mama i tate , se im e dadeno na tacna , i pak ne se blagodarni . Ima lugje , koi sekoja vecer se mislat kako ke go preziveat utresniot den , kako da gi platat natrupanite smetki za struja , voda itn . Tocno , deka imame kola , sme bile nekolku pati i vo Ohrid lani letoto , ama nekoj po cela nokj i cel den ne spiel za da izvadi 1000 denari , za da smenime okolina , barem na nekolku casa . A kolata ne e luksuz , potreba e . Sto ako se razbole dete ili nekoj vo semejstvoto ? Ke ja cekame brzata pomos , kade najcesto velat deka site koli se zafateni ? Dodeka se oslobodi kola , bolniot moze da umre ..
     
    На PaLaVa, mssuniquee, sagittarius57 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Женски
    Се повеке и повеке се разочарувам од државата во која сум се родила....

    Гледам секаде сиромаштија , луге заглавени до вгуша , вокомшии им ја исклучија струјата поради неплатени сметки , извршители на врата тропаат за сметки неплатени 1година , луксуз е да го уклучиш болерот , луксуз е да пуштиш вода , луксуз е да ја запалиш колата да се излезе некаде , луксуз е да пазариш во маркет , луксуз е да му дадеш на внучето поклон за роденден .....

    Јас сум тотално разочарана од оваа држава , фала богу што наскоро ке се иселам ,иако ке ми биде тешко за моите родители и роднини ,пријатели , но повеке тука не се издржува ....
     
    На PaLaVa, sofijanoka, Wahnsinn и 8 други им се допаѓа ова.
  10. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со сите навистина е така како што пишувате.Најпрво гледаме за децата да има потоа за нас.И во маркет ко влегуваме прво гледаме колку пари имаме и што можеме да си дозволиме.Секој ден покачувае на се,само на платите нема,даноци на све живо има.И ние сме од една плата,добро е што цвекор ми зема пензија и плаќа сметките,но пак не се сврзува крај со крај.Премногу е тежок животот во оваа наша земјичка.Тажно,но вистинито.
     
    На sofijanoka, blueberry93, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Па платите се проблем, кога минималната би ја средиле да е доволна и соодветна да те покрие и да ти остане за живот не само за преживување ќе биде многу подобро. Скини тие непотребни давачки, греота е бре. Ова, се спремаш за свадба и се крстиш да не те викне уште некој месецов. Па и понатаму. Тибам убавината. Во странство се осамостојуваат од млади години, ама некој се погрижил за тоа. Не мора да вади кредит да преживее или да се стега да јаде насабајле. Тука не знам дали се грижат за друго освен дали ќе ги гласаш па ако те извлечат добитник си на минимална плата (вмровска соросписка небитно), под услов да буаш како крт од јутра до сутра. Па и ако имаш среќа да си припрост ќе веруваш и дека стварно те наградиле а не дека сам си ги заработил. Значи чувствувам, буквално на чело ми пише.
     
    На PaLaVa, sofijanoka, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    7.163
    Еден другар денес ми вика поефтино е денес да седнеш да испиеш едно кафе в град и да утепаш 3-4 саати и да каснеш еден геврек после отколку да седиш дома и да трошиш струја вода храна... Човек кој нема работа мора нешто да прави инаку ќе забега. И навистина е во право. Луѓето прво избегаа од градовиве а после и од државава некому сите пријатели му се надвор мора нешто да прави. Кафе е 70-80 денари пресметајте дома за 3-4 саати колку ќе потроши. Живееме во време кога е луксуз гости да ти дојдат на кафе.
     
    На PaLaVa, galapce, Anon и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Леле значи не било само во моето семејство тешка ситуацијата... Ми олесна, страшно е ова од ден за ден не живееме преживуваме. Како млада особа психички мислам попуштам од ситацијава. Ама се тешам дека ќе најдам работа... хах две години по ред истата песна. Па со плата од 8000/10000 само сметки може да се платат... Страшно е колку во државава не е ценет трудот, паметни се одие кои си отидоа.
     
    На PaLaVa, sofijanoka, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Женски
    нема леб во оваа држава!
     
    На Antebellum, Wahnsinn, Quuen и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Епа кога дојдов до степен цената на едно макијато од 60 денари, да ја споредам со тоа колку леба ќе купиме утре дента за да јадеме цел ден ќе нема... Се разочарувам што гледам кај сите е тешко... Пропаст... никаков просперитет не гледам овде.
     
    На sofijanoka, Fitteen, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  16. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Женски
    жалосно .... Ако имате прилика и можност бегајте од оваа држава!
     
    На sofijanoka, Fitteen, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.950
    Допаѓања:
    158.665
    Пол:
    Женски
    Моите речиси десет години градеа и средуваа куќа, со кредити и куќа под кирија и тогаш повеќе работи можевме да си дозволиме него сега со истата плата, во свое место, исти трошоци само поголеми цени.
     
    На Antebellum, sofijanoka, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  18. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.476
    Кога ќе помине човек покрај ЕВН и ќе види колку луѓе секој ден чекаат да платат заостанати долгови, тогаш ќе му стане јасно. Дете да е мало, ќе разбере.
    Исти или малку помали трошоци за храна отколку во европски држави кои котираат највисоко со плати. И оставете тоа кафиња секој ден. Едно макијато е 60 денари, и секој втор ден да пиеш тоа се 900 денари месечно. Луксуз? Не би рекла.
    Е сега има луѓе што порано за живо џабе си земале станови, па децата нивни денес не плаќаат станбени кредити/кирии и слично.
    По која математика и плата денес човек може да си дозволи 250-300 евра за станбен кредит, и да изгледа просечно четиричлено семејство? Баш ги гледав просечните плати, заедно со Албанија, Косово, Србија, Босна котираме најниско. Битно национализмот и чукање во гради ни е најизразен, а со 200 евра плата живееме, мизерии.
    И тоа со пресметан просек како 350 евра, во превод едниов јаде компир, другиов месо, заедно јадеме мусака. Гадната реалност е што за да работиш без да си физички исцрпен треба или длабоко да си навлезен партиски, или во канцеларија со скрстени нозе да работиш и ноќна смена. :)
    И кога ќе се собере се на куп, од егзистенцијални проблеми, до тоа што немаш правен систем и некој лигуш со неколку илјади евра од тато фрлени во суд ќе помине неказнето, до тоа дека за магнетна резонанца, колоноскопија мораш да правиш приватно и за двете да дадеш 300 евра, ако не сакаш да поцркаш додека дојдеш на ред на радиологија, тогаш си викаш дека стварно е доста, си средуваш документи и забораваш дека некогаш си го имал ова државјанство.
     
    На Antebellum, PaLaVa, sofijanoka и 14 други им се допаѓа ова.
  19. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Исто се пронаоѓам.. И со тоа што живеам во друг град, дополнителни трошоци за сместување, факултет, последните 4 години не сум била на никаков одмор, а ќе ми речат млада си шетај, сега ти е време.. Е ајде шетај де ако можеш, оди шетај. ( не дека порано бев се по одмори, али пак со моите на некој ден ќе сменевме ) Работам за мизерни плата, ниту имам осигурање, не дај боже ќе ми затреба лекар, неможам да одам или па ќе одам и така ќе ја оставам цела плата која не крпи ништо живо.. А пак кога ќе ми кажат овој викенд ќе одам во Барселона, потоа во Париз, а ќе тркнам и до Солун еее и на таквите неможам да им се изначудам, од каде бре, од каде ги збирате а ?? Многу биле уморни од работа, не биле наспани, па да се одмореле, која работа ?? Цел ден се прчите, на работа одите кога ви текне, си одите кога ви текне.. Што да кажам повеќе, сите сме сведоци..
     
    На Antebellum, PaLaVa, sofijanoka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Боровинка спомна нешто многу битно: становите што се давале на времето. Голема поволност се и токму поради тоа постои дел од нас кој не е до гуша во кредити како странциве. Голем дел од тие станови се наоѓаат во стари и јаки градби и може и во прадедовина што се вели да се живее и денес и тоа е тоа. Како и да е, главниот проблем ни е единството и иницијативноста. Слабо имаме и едно и друго.

    Меѓуетничкиот момент е исто така проблем плус кон тоа единство. Што ни фалело кога заедно сме се бореле сите против непријателите? Не сме од вчера земја со повеќе различни националности. Во повиците за одбрана против фашизмот пример, ако добро паметам (одамна сум учела за тоа) се повикуваа сите кои живеат тука, да се избориме за нешто наше, подобро, пофункционално и слободно парче земја. Исто така, ако не грешам, во тие повици сите сме биле „другар(к)и“ и „браќа/сестри“. Сме се избориле заедно за да го одбраниме ова, мислам дека треба и да уживаме заедно. Знам, не е толку едноставно, “големиве братучеди„ ќе си буцкаат и едната и другата страна и ќе имаме ситуации резултирани од шака-две, еве и неколку илјади луѓе на кои успеале да им ги вжештат главите, а они па, интересна работа, дури и по неколку терористички напади не прават драстични чекори, туку паметно си продолжуваат понатаму и не дозволуваат нешто што одело убаво да се разниша, па дури и на мир повикуваат. Не е тоа од наивност или од што не виделе војна. Големциве секогаш не советувале да го праиме спротивното од она што тие би реагирале. Нормално, овие сугестии се суптилни и се завиени во друго марамче да не ги осетиме.

    Малку сме, мала земја сме, разумот треба да ни е главното оружје и да не издигне против секаква провокација, пошто со материјални адути, територија и бројност малку слабо стоиме.
     
    На sofijanoka и theowndemon им се допаѓа ова.