Дали го чувствувате осиромашувањето во државата?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 17 мај 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    12.591
    И како се спавувате со ситуацијава?Јас порано купував почесто облека и не внимавав на цена. Сега одам 4 пати месечно на кафе, а порано одев почесто. Ми летаат парите, бидејќи платата ми е мала. И јас како погоре феминката сега сум непријавена и не дај боже лекар да ми треба.
     
    На sofijanoka и anakonda88 им се допаѓа ова.
  2. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Јас лично барам излез од државата, сеуште немам поголеми обврски во однос на брак, деца и слично, па дур дојде тој период да заработам нешто за да можам да бидам поспокојна понатаму и се надевам дека до тогаш, барем нешто ќе дојде до нормала и избегнувам да гледам, слушам, читам било какви теми од политички аспект за да немам дополнителни стресови и камења во животов од ситуацијава, инаку порано се интересирав за работите во државата и секојдневно се информирав, но сега бегам како од цигари .. Не благодарам !
     
    На PaLaVa, sofijanoka, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Од дамна се чуствува тоа. Не е од сега и не е само кај нас.
     
    На MiloMalo и Naked Gun им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Осиромашување??! Дајте бе луѓе, свртете на дневник на Сител! |(
    Шала на страна, ама одамна го почувствував на своја кожа. Уште пред три- четири години во фирмата во која работев, во рок од пет години платите од малтене 1000 евра достигнаа пад на 200 евра во мојот сектор. Почнаа редуцирање на цели одделенија, отпуштање на вработени. На големо беше актуелно ова пред две години. И јас во таа чистка останав без работа. Во периодот кога бевме двајца невработени со две мали деца - две годишно и девет месечно, без приходи и без здравствено осигурување:x:x:x
    Сега сме петчлено семејство, со еден вработен и плус приход за трето дете и пак едвај се врзува крај со крај. Има за оановните потреби, има и за по некој луксуз како кафе во кафич еднаш двапати месечно, ама кога кола е луксуз доволно е кажано.
     
    На Anon, sofijanoka, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Струјата - од скапа поскапа, дури и најскапа спрема стандардот во регионов
    Парно и греење - нема потреба да збориме
    Телефонија - не сме ни свесни колку плаќаме
    Кредити - никакви, со скриени камати и трошоци
    Храната - таа што вреди е скапа, останатата 100 пати смрзната и размрзната ефтина (нека се труе народ)
    Платата не расте.
    Останатите трошоци да.

    Греота е да се жалам дека сиромаштија ме нападнала, но морам да признаам дека мојата плата се помалку вреди.
     
    На Antebellum, PaLaVa, sofijanoka и 11 други им се допаѓа ова.
  6. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Vo nasata drzava ne postoi veke poimot sredna klasa, dodeka ednite se tresat na sekoj denar, sto pati razmisluvaat pred da kupat nesto, ne znaat sto e da se odi na vikend ili na odmor, drugi sekoj vikend se nadvor od drzavata, ne se pribrani od setanje, sekoja sezona ja menuvaat garderobata od koren, se hranat po restorani i ednostavno ne se optreretuvaat so raboti kako dali ke ima da se platat smetkite, da kupat od poeftiniot kaskaval na primer ili prasok za perenje i imaat nacin na zivot sto e donekade luksuz za pogolemiot del od naselenieto vo mk. Zatoa i go zabelezuvame toa, kafanite polni i guzvi na granicni a premini a od druga strana vikame siromastija bilo i ne ni se veruva.
    Vo nasata drzava najosnovnite raboti kako struja, hrana, sredstva za higiena i obleka se ili ista cena kako vo evropa ili duri i poskapi, a drugi raboti kako pienje kafe na carsija ni e sekojdnevie i voopsto ne go gledame kako luksuz zatoa sto i realno ne e skapo. Stvarno sme za greota koga vo 21 vek se mislime koga da uklucime boljer i koga perime isklucivo na evtina posle 22.
    Jas kako mlada i uste nemazena, a vrabotena i pak se ogranicuvam, se mislam nesto pred da kupam dali stvarmo mi treba, a i voopsto koga sum izlezena nikogas ne se opustam, si mislam kako li ke bide koga ke imam familija. I voopsto kako mladi vo mk sme mnogu optereteni so problemi, so nemastija, ne sme tolku bezgrizni kako sto mozebi bile nasite roditeli na nasa vozrast.
     
    На Antebellum, PaLaVa, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Не очекував дека ќе дочекам да одам во Стокомак,зошто Ленорот бил 10 тина денари поефтин од другите маркети,ке рече некој ете економична е, не туку сум станала како оние постарине,од ова 10 од она 5 ден ке заштедиш 50 ден..жално но вистинито
    Порано имав пониска плата,со дипломирањето се покачи а пак тапкаме во место,да имам и две деца,пелени,млеко,мора да се има овошје зеленчук,се си влече,ама факт е дека неможам да се опуштам,секој динар ми е испланиран за ова или за она,+ во месецот што искрснуваат неочекувани давачки ко родендени,имендени и сл.
    Си викам работиме ,зимаме плата и одма брзо брзо дај ги парите пак на државата,за сметките зборам,а за нас што останало
    За себе купувам ама прво мислам да подмирам дома,за децата што треба па на крај за мене, ретко се одлучувам за некое парче да си купам,само ако има ппотреба:^)
    на оваа тема еднаш еден комшија вика- ех времето е исто, порано си купувал посебна салама, и сега таа ти е ефтина,ама сакаш шунка деликатес,или печеница, порано си купувал кристал маргарин сеа путер,шо знам може па е и во право:)
     
    На sofijanoka, Victorian, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Ја четири кафе-идења месечно ги сматрам за супер и сум практикувала у боље дане.
    Не сакам да кажам и да се жалам колку сеа немам, туку колку баш се поголемото немање не има, еве мене барем, фрлено во некоја параноја каде 4 кафиња месечно, едно неделно се премија.
     
    На Antebellum и Lotus-14 им се допаѓа ова.
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Дали го чувствувам осиромашувањето?
    Се лажете или од други побуди велите дека сега осиромашуваат граганите, осиромашувањето кај нас трае повеќе од 30 години.

    Ако земете да разгедате некои економски показатели уште од времето на стара Југославија ќе сфатите дека осиромашувањето на државата почнало уште во периодот на почетокот на распагањето на СФРЈ само што лугето се склони да ги памтат убавите работи па така ги забораваат свесно или несвесно годините кога инфлацијата била енормно голема, кога парите преку ноќ ја губеле својата вредност.

    Деновиве баш истражувам некои стари написи колумни, некои економски параметри.... Она до што дојдов е всушност дека како ќе се смени една власт нејзините приврзаници почнуваат да кукаат како никогаш не било вака дека од ова полошо нема..... Па така и денешниве опозиционери зборуваат за осиромашување на народот а забораваат кој го испокраде истиот тој народ 90те, кој го остави на улица, кој ги продаде фабриките.....Јас мислам дека обичниот народ живее сиромашно и денес исто како и пред 25 год, само елитата е таа која што кука ако не е до медот, а обичниот народ е задоволен и среќен ако му се фрли и по некоја трошка.

    Затоа глупаво е да зборуваме дека народот е денес посиромашен отколку пред 10-15 години кога едноставно тоа не е така. Дури ќе се дрзнам да кажам дека оној најнискиот слој на луге живеат малку подобро отколку пред 15 години и покрај моето не толку добро мислење за сегашните владетели.

    Освен криминалот кој треба да се докаже на суд дали постои или не, она што им го замерам е не промисленото трошење пари на разни тркала, мостови со милион скулптури, споменици на секој чекор, 100 фонтани........... мислам дека е малку перверзно да се даваат пари за глупости во ситуација кога ни умираат родилки, луге чекаат со месеци за преглед, немање на опрема во помалите градови...... значи не е само да се рече еве ние градиме, туку потребно е да се направат приоритети. Џабе ви е дома ако купите вазна вредна 100000 долари ако масата на која ја ставите се клати.

    Не битно што ќе кажат, па ние инвестираме, работата е во тоа што, зошто да фрламе пари за мостови со милион скулптри или вртелешки во Вардар, наместо со тие пари да купиме опрема и да вработиме лекари на пр. Зошто некој од Струмица, Штип, Кратово.... Да доага во Скопје за снимање тироидна жлезда, или ехо на срце или некоја помала хирушка интервенција? Разгледајте малку на мој термин колку малку специјалисти и опрема од типот на ЕХО апарти има во помалите градови и ќе бидете фрапирани.

    Знчи јас не тргнувам од тоа што некој направил, туку гедам што можел да направи.
    Оти се прави грешка кога се вели, оние пред 20 год ништо не направиле ние барем толку. Да, но погледнете колку изнесувал тогаш буџетот колу сега.
    Не ги оправдувам претходните, зато рејтингот им е толкав колкав што им е, но секогш од оние што се на власт ќе очекувам срдствата кои ги земаат од нас, максимално да ги искористат во наша корист.
    Неможам и не сакам да прифатам дека се нема пари да се вработат лекари и дека тоа многу коштало а од друга страна да се даваат пари за разни глупости.
     
    На Antebellum, PaLaVa, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mia.MGK

    Mia.MGK Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Државава сиромашна а кафичите полни ,хмм :?: затоа оригинали парфеми само купуваат и глеам пола ск со ајфон и насекаде одат со кола,без кола никако ни до продавница ...
     
    На Antebellum, bonnita, Avokado и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.768
    Пол:
    Женски
    Сиромаштијава во нашава држава е одамна и за жал сите ја осекаме на своја кожа.
    Исто и јас и моето семејство.
    Јас сум студент живеам во друг град трошоци големи сметки,кирија,пари за да јадеш итн.
    Излегување ? Вејке не знам што е тоа ...
    Кафе да понекогаш можам да одвојам 50-60 денари.
    Одмор во никој случај не можам да си го дозволам тоа е луксуз.
    Моите се невработени и двајцата баба и дедо се единствените луге во куката со приход од кој се плаќаат сметки се купува јадење итн. Моите долго време се занимават со земјоделие ама и таму нема пари одвај се крпи крај со крај.

    Единствено излез од ова ситуација е да заминам оттука после завршување на факултетот бидејки иднина тука нема.
     
    На Antebellum, Mr. Right, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Темата е дали го чувствувате осиромашувањето, а не дали или од кога има. И досадни сте веќе со верглање едни те исти муабети, кафичите, та кафичите. Колку луѓе може да седнат во еден кафич? 1,000? 10,000? 50,000? Кафичот ли е сликата за тоа колку сме богати?
     
    На Antebellum, SuperGirl24, mssuniquee и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    За жал и тоа како се чувствува. Цело време се стегам за нешто, значи цело време! Искачаш со друштво, седнуваш да јадеш нешто бараташ да го најдеш најевтиното во ценовникот макар што тоа и не ти фаќа око, ама ова зборувам кога си решил да купиш нешто да каснеш а има и денови кога ни тоа не можеш да си го дозволиш.:fubar: Исто и одиш во продавница да пазариш колку работи душата ти сака да си каснеш ама нема, едноставно си предвидил колку ќе потрошиш и мора се тоа те исто да го купиш, неможеш да смениш или да пробаш нешто ново, тоа па никако. За облека исто. Одмори се научна фантастика, барем за мене. Ама еднаш се живее! Зошто целиот живот да го поминам во стегање и никогаш да не си пуштам душа!? Се осеќам по некогаш ко затворениците со ланци што се. Не барам палата со базени или 120 квадратен стан, барам само живот без стегање и да можам барем за храна да си купам што ми душа сака и да си ги купам тие кондури што ќе си ги бендисам. Па секој човек заслужува пристоен живот. Затоа не сакам да останам овде зошто млада сум и ми се живее! 8)
     
    На Antebellum, PaLaVa, anichka94 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    остај тие ајфони и кафики во скопје , појди во другите градови каде што све е пусто.....
     
    На Antebellum, Naked Gun, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Знаеш, еве јас тргнувам од тоа дека секоја година најнормално ни беше да идеме на одмор, секое лето, сега не. Остануваа пари секој месец и покрај давачките, сега стигаат едвај само за тие давачки кои се 3х поголеми од тогаш. Но од друга страна па не трошевме толку, немаше мобилни, немаше интернет, за алишта не беше како сега туку кој што има си носи и не се замара дали било по најнова мода или не, по маркетите немаше 300 врсти на салами и кашкавали за разлика од сега. Се беше минимално, така да сигурно и тоа си допринесува што вака го чувствуваме "цицањето" на домашниот буџет...
     
    На Antebellum и Naked Gun им се допаѓа ова.
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Одговорот си го даде сам, тогаш од режиски трошоци имало струја, вода, и евентуално ако си толку поштен да плаќаш претплата за тв. Сега пресметај само колку пари фрламе на мобилни, секој член дома има мобилен, кабелска, интернет, .... Инаку дали било подобро или не е ствар на лична перцепција, многумина сега знаат да кажат во времето на Љубчо беше подобро, иако и тогаш пиштеве дека се нема а плус имавме и војна. Знаете, неможам јас да убедувам и да кажувам некому дали му било тогаш полошо или сега, сам ме нервираат одредени личности кои од политички причини велат дали чувствувате како осиромашуваме. Искрено јас црвенеам кога некој од СДСМ ке се дрзне да каже дека народот е сиромашен, тој ист народ кој они му ги земаа фабриките и избркаа на улица. Да сиромашни сме сега исто како и пред 15 год но имај доблест барем молчи, затоа што и ти си учествувал во осиромашувањето на овој народ. Нека имаат доблест сите тие кои као го жалат народот, нека ја дадат пола своја плата, нека се откажат од тоа ние да им плаќаме службен телефон, нека се откажат од надоместоци за превоз, оти на народот му го укинаа тоа па сега во тие 10000 што ги земаат им е и храа и превоз.... Знаете ли колку се тоа пари? Доволни барем 1000 души денеска да имаат пристоен оброк. Се додека е тоа вербално и само со цел да се дојде на власт за за мене е идиотштина. Фа ги болеше к... за народот ке направеа нешто а не го држат народот во беда и сиромаштија за да можат да го уценуваат и влечат по митинзи са сендвич или некој денар како дневница.
    Кој го јаде стапот т.е пендрекот по улиците? Демек ќе сме ја врателе демократијата, во чии раце, во раце на оние кои сево ова го започнаа(мислам на партизирањето на институциите) ? Не драги мои, како и да се свртиме газот ни е од позади, барем се додека ја даваме власта во рацете на едните или другите. Зошто се плашат големиве партии од 1 изборна единица и отворени листи? Затоа што тогаш ќе може и некој друг да им се меша во медот. Зошто на пример СДСМ сега не инсистира на ова? Затоа што не им одговара. И после некој ќе каже ние мислиме на неродт. Да мислите само на својот џеб.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    12.591
    Еве јас ја отворив темата, ама не е тоа од политички побуди. Порано никогаш не беше проблем да се отиде на слава, свадба, не беше некој трошок кој што не може да се поднесе. Сега на многу свадби кај подалени роднини не сме отишле. Се што планираме да купиме по дома, се се одложува. Еве пола година помина јас никаде не прошетав подалеку низ Македонија, освен Скопје и едно соедно гратче. Кафе еднаш неделно, колку да разбијам монотонија, да не се досадувам. Парите немаат вредност.
     
    На SuperGirl24, Antebellum, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Да ми е жива и здрава снаа ми што ми праќа пари инаку јас уште ќе купував прашок за перење на рефус. Не се водам според тоа како другите си го живеат животот пресметувам јас како да издржам до први.
     
    На Nausicaa, anakonda88 и Gerbera им се допаѓа ова.
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до самото чуствување на осиромаштувањето....јас го гледам во самите погледи на луѓето околу мене. :wasntme:

    Секојдневно ако малку проталкате со погледот низ луѓето ќе ја забележите онаа раслоеност, од крајност во крајност. Наконтени и нафурани девојки и дечки или оскудно, посиромашно облечени луѓе. Кафињата да, исто.

    Но, дали ги забележувате погледите? Тажни погледи, муабети за тоа каква е здравствената состојба на некој, па муабети од типот се нема за операција. Секој ден се повеќе и повеќе луѓе ги губат животите поради скапите третмани.

    Јас осиромаштувањето го гледам во тагата. Се повеќе несреќни луѓе на улиците. Ретко сум видела некој насмеан, заљубен, да пркоси на животот, да се радува на ситници.
    Од секојдневната трка по време и пари забораваме и да се радуваме.

    Ама да не ја тупам.
    Сакав да кажам и дека кафето и автомобилите не се луксуз, туку нормална работа. Општеството е во постојан прогрес, постојано се појавуваат нови технолошки пронајдоци, посовремени и помодерни модели од сите сфери на животот што е многу нормално. Доколку светот тапка во место и има само една врста кашкавал во маркет, се би било залудно.
     
    На PaLaVa, eloves, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Не ја гледајте ситуацијата во поголемите градови и кафичите.Таму седат млади луѓе кои е сосема нормално да седнат и едно кафе да се напијат,да се дружат.Колкав е тој процент?Многу мал.Не ги гледајте тие што имаат,има такви и нормално дека ,,бодат"очи и секако се издвојуваат во морето на просечните луѓе.

    Треба пошироко да се гледа на темава.По помалите места и селата,таму мислам дека осиромашувањето најмногу го чувствуваат.Државата старее.Сите млади и работоспособни луѓе се повеќе бегаат,дали од селата во поголем град или пак во други земји.Посиромашни сме со квалитетни кадри. Миграцијата го осиромашува и животот и духот на луѓето.Стануваат посиромашни со цели генерации.Училиштата се посиромашни со ученици од година во година.
    Има ли полошо од тоа кога државата старее?
     
    На Antebellum, PaLaVa, eloves и 8 други им се допаѓа ова.